пастел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 May 2019 13:02:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пастел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 “Bring Your Own Bottle” винска забава на 10-ти мај https://arhiva.vistina.com.mk/bring-your-own-bottle-vinska-zabava-na-10-ti-maj/ Wed, 08 May 2019 12:58:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86761

Мајската “Bring Your Own Bottle” винска забава ќе се одржи на 10-ти мај (петок) од 20 часот на терасата во “Pastel - Wine & Dine”. Форматот на забавата е на принципот "Bring Your Own Bottle". Секој од гостите споделува флаша вино. Сите вина се отвараат и дегустираат за време на забавата. Партиципацијата е 300 ден. по лице + шише вино. Во цената е вклучено храна и Corkage Fee (надомест за вински сервис). Винската забава ќе биде зачинето со селекција на одбрани деликатеси (сирења, сувомеснати производи, маслинки, производи од вргањ, маслинови масла, пекарски производи…). Забавата е од отворен тип, сите се добредојдени. Терасата од ресторанот ќе биде исполнета со високи маси (коњопои). Храната и вината ќе бидат изложени на посебна маса и секој од гостите ќе може сам да се послужи. Понесете шише вино и дојдете на Wine Therapy. Мотото на оваа забава е „Подобро винотека одошто аптека“. Место: Pastel - Wine & Dine (бул. Св. Климент Охридски 66, Скопје) Датум: Петок, 10-ти Мај, 2019 Време: 20:00 часот Повеќе информации на: 070 223 887]]>

Шеф Елена Сотирова ве кани во ресторан „Пастел“ на еногастрономско доживување за сите сетила https://arhiva.vistina.com.mk/shef-elena-sotirova-ve-kani-vo-restoran-pastel-na-enogastronomsko-dozivuvanje-za-site-setila/ Thu, 18 Oct 2018 10:37:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53545

Името „Пастел“ важи за веќе етаблиран бренд, кој покрај извонрено квалитените печива и слатки,  како и разновидни избрани појадоци, кој однеодамна стартуваше и со попладневно-вечерно мени, со што станува еден вид „фајн дајнинг“ ресторан. Што тоа ќе го издвојува од конкуренцијата и какво мени ќе  им понуди на своите гости, објаснува Елена Сотирова - еден шефовите на кујната која заедно со познатиот готвач, шеф Влатко Огненовски го сочинуваат тимот кој му вдахна нов гастрономски дух и шмек нма веќе познатиот бренд.
„Менито на ресторан Пастел е кратко со цел да секоја чинија биде со еднаков квалитет. Се одлучивме така бидејќи секое преголемо мени носи дополнителни побарувања во кујната и потоа следува не еднаквост во квалитетот на секоја чинија“ - вели Елена и додава:. „Менито  во себе содржи јадења кои се направени од внимателно избрани локални производи и рецепти подготвени со различни пристапи. Во нашето мени можете да најдете салати, чиј вкус, структура и начин на обработка се истражувани подолго време. Пасти (тестенини) како њоки се приготвуваат во самиот ресторан и се домашно подготвени со свежи намирници, споени со сосови кои се приготвуваат и до 8 часа. Во менито ќе најдете свинско, пилешко, јунешко па дури и зајачко месо, сите приготвени со многу љубов и разновидност. А вкусот на месото и сосот се обогатени со о-теник (крцкав топол леб) на шеф Игор Стојановски“ - објаснува Сотирова.
Гастрономска тајна која шеф Влатко Огненовски и шеф Елена Сотирова ја знаат и ја применуваат во понудата на Пастел, е  уникатна и  го разликува од останите ресторани во кои веќе тие ги имплементирале своите гастрономски вештини. „Како што веќе кажав, основата на нашето готвење се темели на последните модни трендови во светот, а генерално готвиме во база со маслиново масло од врвен квалитет, кој се разгранува во сите сгменти со користење на свежи локални ароматични тревки како што се: жалфија, рузмарин, лук, власец, кромид, целер, мајчина душичка, пеперминт, свеж босилок и друго“ - открива дел од тајната на мајсторите на кујната на пастел, шеф Елена, при тоа појаснувајќи ја и винската карта на ресторанот, која е нераскинлив дел од гастрономската понуда на едно ваков угостителски локал.
„Генерално изборот на вино е од најпрестижните винарии од Македонија и од странство. Тие апсолутно внимателно се селектирани и спарувани со нашата храна“ - тврди шеф Сотирова.
Разбирливо, секој ресторан, особено новотворен има и свој специјалитет на куќата, а тој во Пастел е спој на традиционалното и модерното кога е новонајавената кујна на овој „фајн дајнинг“ ресторан  во прашање. Шеф Сотирова вака ја објаснува тајната на мени понудата: „Стартувајќи со предјадењата па преку зајачкиот пастел на ,,Пастел,, кое е функиционална храна пред се,  е спојување на традиционалниот медитерански стил на подготовка на зајачко месо кој го фузионираме и препорачуваме да се спои со модерниот ориз ,,Мохто,, а сето ова да заврши со модерните десерти на нашиот пејстери шеф Игор Стојановски“.
Покрај храната и виното, ресторанот Пастел има и поинаков пристап кога е подготовката на храната во прашање, еден вид готвечки персформанс, но и најава за гостување на  шефови и готвачи од други земји кои ќе ги донесат и вметнат во понудата своите специјалитети. Пристап со кој ресторанот ќе ги задржи постоечките гости, но и ќе привлече нови, кои ќе посакаат да го посетат. Еве како тоа го објаснува шеф Елена: „Како што веќе некои од вас слушнале Cryo Cooking  метод на готвење со течен азот. Каде храната се готви на -196 C. Во тек се нови истражувања за нови јадења зготвени со течен азот кои ќе бидат имплементирани во ресторан ,, Пастел,,. Доколку сакате да ги пробате и да го видите перформансот ќе мора да не посетите. А секако тука се и гости шефови од други држави кои ќе настапуваат во ,,Пастел,, со цел за размена на културите и обичаите“. Така гостите ќе можат да пробаат дел од италијанската, француската, турската или пак српската кујна.
Клуб картiчките за лојалност со попусти за постојаната клиентела се веќе во оптек, но освен изборот на храната, пијалоците и услугата шеф Елена открива уште некои мали финеси кои го надополнуваат амбиентот на пријатно и опуштено чувство при посетата на Пастел: „Клуб картички за лојалност веќе постојат бидејќи за секој лојален гостин сакаме да следува еден вид благодарница, па тоа е начинот кој го одбравме. Покрај храната и вината како и мирисот на свежо печен леб, е многу внимателно одбран и ентериерот кој е класичен за европските таверни, остерии, буланжерии и патисерии, со што на овој начин покрај  добриот сервис проследен со убава класична музика, целиот амбиент придонесува да ве одведеме на едно прекрасно кулинарско доживување“. Пастел е веќе познат по своите слатки, а гастрономското мени е збогатено и со избор на нови слатки специјалитети во вид на десерти како колачот со кикиритки и карамел, на пример.
На прашањето: Што е тоа што шефовското дуо Огненовски – Сотирова го знаат и ги разликува од останатите, а е специфика за нивниот стил на готвење, како и избор и комбинирање на намирниците, шеф Елена со широка насмевка вели дека тоа со зборови не може да се објасни. „Ве покануваме да ни бидете гости и да ни ја дадете можноста барем еднаш за да ви покажеме тоа што кај нас е најспецифично и најдобро, бидејќи и покрај се', за вкусовите не се дискутира и тоа нешто не можам да ви го објаснам со зборови“  - завршува шеф Сотирова.  ]]>

„Pastel – Wine and Dine“ и шеф Огненовски со нов концепт https://arhiva.vistina.com.mk/pastel-wine-and-dine-i-shef-ognenovski-so-nov-koncept/ Wed, 10 Oct 2018 18:14:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52432

Добро познатиот бренд „Pastel”, кој веќе 10 години беше познат како одлично место за вкусен појадок, заедно со реномираниот шеф Влатко Огненовски, го надополнуваат концептот со ново одбрано мени за ручек и вечера, збогатено со голем избор на вина и слатки десерти по пристојни и прифатливи цени. „Pastel – Wine and Dine“ е нов современ и модерен ресторан во центарот на Скопје, веднаш спроти театар Комедија, на булеварот Св. Климент Охридски, кој ви нуди и промовира современ пристап во подготовката на храна.
За целокупното доживување во ресторанот се грижи шеф Огненовски, кој што своето искуство и образование го има стекнато со 8 годишна работа заедно со шеф Лоренцини Дучо (Duccio Lorenzini) и Лука Черетани (Luca Cerretani) од Тоскана. Влатко заедно со Елена Сотирова, дипломиран готвач со посебен фокус на т.н. крио кујна, каде што јадењата се подготвуваат на температура од -200⁰C и Игор Стојановски, готвач за пецива и слатки, со голема дисциплина и совршени техники се грижат секој оброк да биде подготвен со многу љубов.
Во овој ресторан преовладува фузија на искуство од традиционални и стари рецепти од Франција и Италија споени со нови и модерни техники на готвење. Според квалитетот на храната и специфичните вкусови, во „Pastel – Wine and Dine“ во моментов може да доживеете кулинарско искуство како во еден модерен бутик ресторан во најсовремените светски гастрономски метрополи. Понудата на „Pastel – Wine and Dine“ започнува со вкусни домашни печива и неколку видови на леб за појадок и продолжува со добро одбрано мени за ручек и вечера и секако голем избор на десерти кои се базирани на француската кујна во нејзина изворна форма, како што е користењето на белгиско чоколадо, австриски путер и вистински ванила стапчиња.
Во „Pastel – Wine and Dine“ ќе најдете и неколку вида на превкусните и уникатни салати во кои преовладуваат традиционални вкусови осовремени со новите трендови. Главната карактеристика е врвната понуда на главни јадења базирани на традиционалната италијанска и француската кујна со примеси на американскиот бистро стил на готвење. Гастрономијата на овој ресторан е надополнета и со одличен избор на вина, при што е водено посебна внимание истите да се надополнуваат и комбинираат со јадењата кои што се дел од менито.
Главниот пристап во готвењето на шеф Огненовски е базиран на т.н. примитивна кујна каде е дозволено користење само на основни продукти кои можат да се најдат во природата. Поради тоа јадењата подготвени на овој начин се исклучително здрави, со богати вкусови, но и тешки за подготвување. Од сега, кој сака да ужива во вкусна храна, убава атмосфера и вкусни десерти нека го посети ресторанот „Pastel – Wine and Dine“.
Следете ги на: Facebook: facebook.com/pastelmk Instagram: instagram.com/pastel.mk Web: pastel.mk]]>