паста – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Sep 2023 10:04:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png паста – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Секоја боја во пастата за заби има своја улога https://arhiva.vistina.com.mk/sekoja-boja-vo-pastata-za-zabi-ima-svoja-uloga/ Fri, 22 Sep 2023 12:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319278

Многу луѓе ја опишуваат пастата за заби како тробојна смеса што се става на четка за заби. Изборот на бои не е случаен, т.е. производителите со причина ги полнат тубите со бел, бело-сино-црвен производ или сосем друга комбинација. Секоја боја има различни состојки со одделни ефекти врз забите. Се чини, поради некоја причина, велат познавачи, производителите на пасти за заби не се потрудиле доволно да им објаснат на потрошувачите зошто нивните пасти имаат одредена боја. Белите пасти, на пр. содржат супстанции кои го отстрануваат плакот и спречуваат појава на кариес. Црвената лента во смесата главно има активни состојки неопходни за нега на непцата, а пак, сината лента служи за освежување на здивот. Покрај тоа, сините пасти содржат и состојки со антимикробно дејство. Има и пасти со зелена, наместо сина линија. Некои истражувања, сепак, посочуваат дека во некои случаи боите немаат никаква врска со ефектите, туку тоа е рекламно-маркетиншки потег бидејќи е откриено дека луѓето купуваат повеќе пасти со три бои.]]>

Фантастични кремасти тестенини со кашкавал и бел лук https://arhiva.vistina.com.mk/fantastichni-kremasti-testenini-so-kashkaval-i-bel-luk/ Thu, 24 Aug 2023 13:00:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315259

Состојки: 400 гр тестенини по желба 4 чешниња лук 100 гр рендан пармезан 250 мл млеко 350 мл пилешка супа Подготовка: На малку масло пропржете го сечканиот лук една минута. Истурете пилешка супа и млеко, додадете тестенини, сол по вкус. Кога ќе зоврие, намалете ја топлината и варете, повремено мешајќи, 20 минути или додека тестенините не омекнат. Промешајте го пармезанот, а ако сосот е премногу густ, додадете уште малку млеко. Тргнете го од оган и послужете го посипете со пармезан. извор:курир.мк]]>

Паста по рецептот на Џејми Оливер: Готова е за 15 минути https://arhiva.vistina.com.mk/pasta-po-receptot-na-dzejmi-oliver-gotova-e-za-15-minuti/ Wed, 01 Jun 2022 12:53:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252761

Има ли нешто подобро од рецепти кои брзо се подготвуваат и ве соборуваат со вкус и мирис! Сигурни сме дека обожавате вакви специјалитети, особено кога состојките се едноставни и достапни. Познатиот готвач Џејми Оливер смислил токму таков рецепт, па кога брзате со ручек и имате само околу 15 минути да го донесете оброкот на маса, тестенините со лимон и тиквички нека ви бидат адут во ракавот! Потребни состојки: 150 грама тестенини 2 тиквички 15 грама свежо нане 30 грама пармезан еден лимон сол, масло од пиперка Подготовка: Сварете ги тестенините на вообичаен начин, а потоа процедете ги и зачувајте ја водата од варење. Тиквичките исечкајте ги на кришки по должина, а потоа исечете ги на тенки ленти. Листовите нане ситно исечкајте ги. Во тава загрејте малку маслиново масло, па додајте ги тиквичките. Варете 4 минути со повремено мешање. Додадете ситно сечкано нане. Исцедените тестенини додајте ги во садот со тиквичките заедно со малку вода што останала од варењето. Додадете ситно рендан пармезан и рендана кора од лимон, а потоа исцедете го сокот од еден лимон. Добро промешајте и зачинете со бибер и морска сол по желба. Пред сервирање, посипете ги тестенините со уште малку пармезан и маслиново масло. извор:курир.мк]]>

Тик Ток ‘полуде’ по овој рецепт: Дали пробавте и вие паста-чипс? (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ik-tok-polude-po-ovoj-recept-dali-probavte-i-vie-pasta-chips-video/ Thu, 10 Mar 2022 13:45:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242668

Чипсот од тестенини е една од многуте ТикТок сензации, а ова популарно јадење е направено од варени тестенини прелиени со маслиново масло, пармезан и зачини, а потоа се пржат додека не станат крцкави. Оригинално наречен паста чипс, излегува толку крцкав и совршен за потопување во вашиот омилен сос што го прави особено погоден за сервирање како предјадење. Можете да користите какви било тестенини по ваш избор. Пармезанот дава одличен вкус и станува крцкав дури и во фритеза, а можете да го замените со меки сирења кои се добро изрендани како гауда. Состојки За чипс: - 250 грама тестенини - 1 лажица маслиново масло - 3 лажици рендан пармезан - ½ лажичка италијански зачини - ½ лажичка лук во прав - сол и бибер За сос: - 120 грама рендано фета сирење - 50 грама грчки јогурт - 1 чешне лук - 2 лажици маслиново масло извор:точка.ком.мк]]>

Oмилената паста на Меган Маркл: Совршено јадење од само неколку состојки https://arhiva.vistina.com.mk/omilenata-pasta-na-megan-markl-sovrsheno-jadenje-od-samo-nekolku-sostojki/ Tue, 02 Nov 2021 14:00:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225623

Пред да се омажи за принцот Хари во 2018 година, Меган често зборуваше за љубовта кон тестенините, но има еден посебен рецепт кој се издвојуваше. Војвотката од Сасекс е позната по своите здрави навики во исхраната, па кремастиот сос за тестенини не би бил првиот рецепт што ни паѓа на ум кога ќе помислиме на нејзиниот избор за вечера. Сепак, Меган откри дека пронашла многу здрав начин како да направи „заводливо, секси“ јадење со тестенини – со полека варење тиквички четири до пет часа.

Рецепт:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 5 тиквички, сецкани
  • 1/2 чаша вода
  • 1 коцка супа
  • 340 гр ригатони паста
  • 1 кромид, сецкан (по избор)
  • Рендан пармезан (по избор)

Начин на подготовка:

Ако користите кромид, загрејте го маслиновото масло на средна топлина и пропржете го кромидот додека не омекне. Додадете тиквички, вода и една коцка супа и зачинете по вкус. Покријте го тенџерето и гответе на тивок оган четири часа со редовно мешање. Тиквичките треба лесно да се распаднат. Сварете ги тестенините ригатони во посебно тенџере со врела вода и исцедете ги пред да ги соедините со сосот. Посипете со пармезан и уживајте! извор: Попара.мк ]]>

Неверојатен трик: Еве зошто сите мачкаат паста за заби на ноктите (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/neverojaten-trik-eve-zoshto-site-machkaat-pasta-za-zabi-na-noktite-video/ Mon, 30 Nov 2020 13:20:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178685

Интернетот е полн со снимки на кои луѓето мачкаат паста за заби на нокти. Погледнете што ќе се случи ако го направите тоа. Негата на ноктите е секојдневна женска рутина, но некои дами мака мачат со кршење на ноктите. Овој проблем доаѓа до израз особено за време на зимските денови поради ладниот воздух кој има лошо влијание на нашите нокти. Помош во спречување кршење на ноктите може да побарате во паста за заби. Да, добро прочитавте! Интернетот полуде по трикот со паста за заби, а многу корисници на ТикТок и Јутјуб мачкаат паста за заби од мента на ноктите. Експертите тврдат дека пастата за заби не го забрзува растењето на ноктите, но може да ги осветли ноктите. Ако сакате црвен лак или друга потемна нијанса, овој трик е одлично решение за вас, бидејќи ќе ги отстрани тврдоглавите остатоци од лакот за нокти со оглед на тоа дека содржи хидроген пероксид, кој делува како средство за избелување, велат експертите. извор:точка.ком.мк]]>

Марјана Станојковска знае дека на допир, квалитетот се препознава: Нема „топчиња“ што не и лежат в рака! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marjana-stanojkovska-znae-deka-na-dopir-kvalitetot-se-prepoznava-nema-topchinja-shto-ne-i-lezat-v-raka-foto/ Wed, 04 Sep 2019 08:00:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105012

Марјана Станојковскае позната како манекенка, модел, инфлуенсерка, ТВ водителка, лото девојка... Секогаш подготвена на предизвици, таа со Лила, Љупка Митрова, Лоба и можеби уште по некоја Македонка од јавниот  живот, е најекспонираната кога се во прашање рекламите на разн-разни кампањи, брендови, производи... преку социјалните мрежи.
Марјана едноставно секој ден на Фејсбук и Инстаграм има да ви понуди нешто ново. Секако проследено со провокативни фотографии на русокосата убавица, која од костими за капење, козметика, безалкохолни пијалоци, ги изненади сите кога се фотографираше во пиљара со еден од најпознатите македонски земјоделски брендови в раце - црвен домат!
Очигледно мераклика на доматен сос за паста која тргна самата даги подготви, водителката најпрвин сврати самата и да си ги одбере патлиџаните! Можеби некому му изгледа необично, ама ништо нека не ве чуди, зашто кој тоа има поголемо искуство од македонската лото девојка со држење на топчиња в рака?
Добро овие не се добитни по џебот, ама сепак се добитна комбинација по здравјето. Зашто летно време овошјето и зеленчукот се најздравото нешто што можете да си го приуштите, се разбира за не така скапи цени. Останува само изборот...
А кога е изборот во прашање, Марјана е експерт за вистински избор. Зашто нема топчиња што не и лежат в рака... Па макар тоа биле и свежи домати! Впрочем, лото девојката добро знае дека не само на око, туку најмногу на допир квалитетот се препознава!  ]]>

Седум начини на употреба на пастата за заби во вашето домаќинство https://arhiva.vistina.com.mk/sedum-nachini-na-upotreba-na-pastata-za-zabi-vo-vasheto-domakjinstvo/ Thu, 23 May 2019 13:45:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89476

Иако во поголемиот дел од домаќинствата пастата за заби се користи за хигиена на забите, постојат уште многу начини за кои може да ја користите, од чистење на дамки, полирање па до отстранување на вашите акни од кожата. Чистење на дамки Пастата за заби не е само добра за чистење на дамките од нашите заби, таа е и делотворно средство за чистење на дамки од друга површина. Пастата за заби има нежно абразивно својство па може да ги отстранува дамките од боички и маркери на ѕидовите и мебелот. Постапка: Една лажица паста за заби помешајте ја со една или две лажици вода. Нанесете ја смесата на местото каде што има дамка и истријте го со стара четка за заби.
Помага при отстранување на акни Меѓу познатите супермоќи на пастата за заби е и моќта за сушење. Тоа ја прави добро средство за отстранување на акни. Малку паста за заби ставете на акната и чекајте да се исуши, доколку имате време може да ја оставите да делува во текот на ноќта. Овој трик е добар и доколку имате модрици. Полирање Затоа што пастата за заби ги полира забите додека не станат бисерно бели има смисла да ја користите за полирање на други работи. Ова благо абразивно средство може да го користите за полирање на површината на не'рѓосувачки челик или накит. Поправете ги дупките во ѕидовите Пастата за заби може да ја користите и како средство за пополнување на дупките на ѕидот. Ви предложуваме со паста за заби да ги пополнувате дупките на ѕидот кои не се поголеми од 5 центиметри. Ублажување на болката Доколку сте во потрага за средство кое ќе ве ослободи од болката и иритацијата од убодите на инсекти, само истријте го тоа место со паста за заби. Пастата за заби е природно средство кое може да го користите и за намалување на отокот, но и за ублажување на воспаление. Исчистете ги мијалникот и огледалото Доколку сакате вашиот мијалник да остане чист тогаш исчистете го со помош на паста за заби. Доколку го чистите огледалото со паста тоа нема да замаглува при туширање во бањата.
Чистење на дамки од кафе Дамките од кафе се едни од најтешките за чистење, било да се работи за омилената маица или дамки на столот. Но за нивното отстранување може да ви помогне пастата за заби. Сè што треба да направите е да нанесете паста за заби на површината, да ја оставите да делува петнаесеттина минути и добро да ја истриете. извор: точка.мк]]>