Парни Ваљак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Mar 2023 10:36:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Парни Ваљак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Парни ваљак“ конечно доби нов пејач: Еве кој ќе го замени легендарниот Аки Рахимовски (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/parni-valak-dobija-nov-peach-eve-koj-konechno-ke-go-zameni-ledarniot-aki-rahimovski-foto/ Thu, 23 Mar 2023 10:35:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294724

Иако долго се „шушкаше“ кој би можел да биде новиот фронтмен на бендот, „Парни ваљак“ официјално ја објави информацијата за музичарот кој ќе го замени легендарниот Аки Рахимовски. „Мојата глава, моите правила подвиг. Игор Дрвенкар, четврток, 23.3. во 12:00 часот. Премиера на нашата нова песна на радио станиците низ регионот и видео на нашиот канал на Јутјуб“, објавија на нивната официјална страна и со тоа потврдија дека отсега ќе настапуваат со пејачот Игор Дрвенкар. Игор пееше во различни бендови, а се обиде и во неколку мјузикли, меѓу кои „Jesus Christ Superstar“, „Resurrected“ и „Beauty and the Beast“. И претходно се шпекулираше дека Игор ќе биде новиот фронтмен на бендот, но сега бендот ги потврди гласините. Легендарниот музичар Аки Рахимовски почина лани во јануари на 67-годишна возраст. Фото: Инстаграм принстскрин/parnivaljak
 ]]>

Бобан Цаневски уште еднаш „растури“ и влезе во финалето на „Никад није касно“: Аки би бил горд кога би го слушнал како пее (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/boban-canevski-ushte-ednash-rasturi-i-vleze-vo-finaleto-na-nikad-nije-kasno-aki-bi-bil-gord-koga-bi-go-slushnal-kako-pee-video/ Tue, 21 Jun 2022 06:46:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255316

Бобан Цаневски покажа како се пее за финале, откако со маестрална изведба на  песната „Доѓи“ од „Парни ваљак“ растури во музичкото талент шоу за возрасни „Никад није касно“. Скопјанецот  влезе во финалето на познатото музичко наптреварување  и тоа со маестрална изведба на песната која сите знаемекако ја пееше прерано починатиот Аки Ракимовски. Бобан уште во првите секунди ги освои симпатиите на жири - комисијата, која овојпат беше составена од славната пејачка Зорица Брунцлик, Бора Чорба и претседателот на таа жирикомисија, композиторот Маре. „Мислев дека ќе стигнам до третиот круг, но еве ме во финале. Ова шоу направи многу за мене, ефектот се гледа. Имам доста работа, ме бараат постојано на свирки, приватни забави, фестивали“ - изјави Боби пред да излезе на големата сцена и да го испее познатиот хит на Аки и „Парни ваљак“. По завршувањето на неговиот настап, свој коментар даде и трочлената жирикомисија: „Одлично пеење. Никаде не згреши, има совршен распон на глас, пее како змеј. Пее на свој начин, покојниот Аки и јас требаше да бидеме кумови, но тој пее поинаку од Аки. Сите Македонци имаат слух“ - искоментира Бора Чорба. „Она што мене ме фасцинираше е динамиката. Вие сте еден од ретките кандидати кој го пее овој вид на музика, а да внимава на динамиката“ - беше коментарот на Зорица. „Јас не знам многу вакви песни во поп-рок жанрови, но ова е една од најтешките, бидејќи пејачот мора да покаже се' што знае, а Боби го покажа тоа. Апсолутно брилијантно, јас уживав и навивав за тебе“ - искоментира Маре. Погледнете ја целата емисија и во неа го  одличниот настап на Боби Цаневски и неговиот влез во финалето на „Никогаш не е доцна“ на 2:20.00... ]]>

Некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ сега е дел од „Никад није касно“ – на сцената растури со песна од „Парни ваљак“ – „Секој чест“ https://arhiva.vistina.com.mk/nekogashniot-uchesnik-vo-dzvezdite-na-grand-sega-e-del-od-nikad-nije-kasno-na-scenata-rasturi-so-pesna-od-parni-valjak-sekoj-chest/ Tue, 01 Mar 2022 08:50:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241065

Во емисијата „Никогаш не е доцна“ се претстави и Бобан Цаневски од Скопје. Бобан се претстави со песната „Све још мирише на њу “ и го воодушеви жирито, како и публиката која го поздрави со силен аплауз. -Силна енергија, силен вокал, звучеше многу добро, изјави Стеван Анѓелковиќ. -Прекрасно, секоја чест, изјави Саша Милошевиќ Маре. И Тијана Дапчевиќ која беше дел од жирито имаше само пофални зборови за Македонецот. -Бобане, супер пееше, ништо помалку не се очекуваше од тебе, изјави Жика Јакшиќ. Во ревијалниот дел, Бобан запеа со Огнен Здравкоски и во дует ја изведоа песната „Лагала нас мала“, a со нивната интерпретација ги освои сите симпатии на публиката во студиото. -Браво момци, немам зборови, останав без текст, изјави Дапчевиќ. Инаку, Бобан во 2016/2017 година учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“ и испадна во третиот круг. Бобан помина во следната фаза, а како ќе се претстави останува да видиме. Неговиот настап може да го погледнете во видеото подолу на 8:22. фото: принтскрин/јутуб/никад није касно/З.К Муња/Лука/Елена]]>

Бајага стана дедо: Легендарниот рокер доби внука! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bajaga-stana-dedo-legendarniot-roker-dobi-vnuka-foto/ Fri, 11 Feb 2022 12:20:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238753

Легендарниот рокер Момчило Бајагиќ Бајага, кој ги напиша едни од најубавите песни, на крајот на минатата година стана дедо. Имено, снаат за синот на Бајага, Марко се породила на 27 декември и на свет донесла здраво девојче кое го добила името Сара. „Така е, станав дедо“ - потврди Бајага. „Имам убава внука Сара и сега животот ми е порелаксиран. Далеку од тоа да кријам дека станав дедо, едноставно избегнувам да зборувам за мојот приватен живот“ - вели белградскиот рокер.   Инаку, Бајага ќе настапи на 26 март во загрепската „Арена“ на концертот на „Парни ваљак“ и пријателите во чест на покојниот Аки Рахимовски. Со пејачот на „Парни ваљак“ се дружеше повеќе од 30 години, се гледаа на концерти низ регионот.   „Ме погоди веста за смртта на Аки“ - искрен е Бајага. „Кога Хусеин Хасанефендиќ Хус ми предложи да им се придружам и да ја отпеам „Годините минуваат“, во почетокотот бев збунет, бидејќи така се вика и една од моите песни. Сосема заборавив дека и тие имаат  песна со исто име, која беше хит. Аки беше вистински тенор, и тоа подзарипнат тенор, а јас на концертот ќе пеам од истиот клуч, но октава пониско, бидејќи не можам да пеам толку високо како Аки. Убаво е да се оддаде почит на некој кој толку долго забавувал генерации“ - резимира Бајага. Фото: Инстаграм принтскрин/bajagaiinstruktori/КурирТВ]]>

Групата „Парни ваљак“ со емотивно видео се збогуваа од Аки Рахимовски: „Збогум пријателе, остави голема празнина“ https://arhiva.vistina.com.mk/grupata-parni-valjak-so-emotivno-video-se-zboguvaa-od-aki-rahimovski-zbogum-prijatele-ostavi-golema-praznina/ Wed, 26 Jan 2022 11:31:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236317

Пејачот Аки Рахимовиќ почина на 67 години, а членовите на групата  „Парни ваљак“ на својот „Јутуб“ објавија емотивно видео со кое се простија од фронтменот на групата. Пејачот почина во саботата (22.01.2022) откако му се слошило додека бил на прошетка со сопругата. Од Аки преку социјалните мрежи се простија и многу познати личности меѓу кои Владо Георгиев, Никола Роквиќ, Жељко Самарџиќ, Калиопи... [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/kolegite-preku-socijalnite-mrezi-se-prostuvaat-od-aki-rahimovski-shto-i-da-kazam-malku-e/[/embed]   Групата „Парни ваљак“ со емотивно видео се прости од Аки. Имено, станува збор за галерија од фотографии од Аки, а во позадина се емитува песната „Јесен у мени“. -Збогум пријателе, ни остави голема празнина и големи сеќавања, напишаа членовите на бендот. Последното збогување на Аки Рахимовски ќе се одржи утре 27-ми јануари во 15 часот на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите. ]]>

Што ќе се случи со „Парни ваљак“ по смртта на Аки: Кој е единствениот човек што може да го замени? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-kje-se-sluchi-so-parni-valjak-po-smrtta-na-aki-koj-e-edinstveniot-chovek-shto-moze-da-go-zameni-foto/ Mon, 24 Jan 2022 08:24:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235864

Аки Рахимовски беше еден од најпознатите и најпрепознатливите пејачи на некогашната екс - ЈУ, денес регионална естрада. Откако пред неколку дена му биле вградени четири стента во загрепската клиника, Рахимовски во саботата колабирал додека бил на прошетка со сопругата во Ново Место, каде што живееше последните години и подоцна починал во тамошната болница. Аки следниот ден планирал патување во Македонија и посета на неговата мајка, која ги замолил пријателите да помогнат од домот за стари лица каде што била сместена, што побргу да биде префрлена во болнички услови, заради влошената здравствена состојба. Телефонски контактирал со неколку луѓе, меѓу кои и еден познат и угледен македонски лекар - специјалист, интернист-кардиолог,  негов близок пријател во Скопје, кои му помогнале неговата мајка да добие болничка грижа. Аки разговарал и со другарот од детството Здравко Ситновски - Ситна и се договориле тој да го пречека на аеродромот во Скопје. Но, за жал судбината сакаше да биде поинаку, а судниот час ги прекина неговите планови. Прашање е колку неговиот интензивен начин на живот влијаел на неговите здравствени проблеми и прераното заминување, но токму неговата страст, срчаност, емоции и желба со кои пристапуваше кон концертите, како и исклучителните пејачки способности беа едни од најважните карактеристики на успехот на групата на која заедно со нејзиниот лидер Хусеин Хасанефендиќ - Хус, Аки беше заштитен лик речиси половина век. „Парни ваљак“ се етаблира како институција на музичиот меинстрим во  поп-рок музиката и беа најдолготрајниот домашен бенд со активно работно искуство, кој освен неколкугодишна пауза, непрекинато свири од 1975 година. По стари години го забрзаа темпото крунисувајќи го постоењето со гламузрозните и спектакуларни концерти по повод 40 годишнината од своето постоење, настапувајќи во ритам кој оддамна го фатија. Токму тој ритам сега дефинитивно е доведен во прашање со смртта на Аки Рахимовски, а со тоа и прашањето: Што ќе се случи со „Парни ваљак“ понатаму? Има ли некој кој може да го замени вонсерискиот пејач и кој е тој? Дали можеби  ќе го замени неговиот син од првиот брак Кристијан Рахимовски, кој има прилично сличен глас како неговиот татко, кој на социјалните мрежи со фотографија на која Аки како бебе го држи в раце и трогателен пост се прости од својот татко? Но, тајната на успехот и идентитетот на песните на бендот не лежат само во вокалната изведба, туку во целокупната експресија, начинот на кој емоцијата знаеше да ја почувствува, прими и пренесе во песната и особено на сцената,  единствениот Аки Рахимовски. Зашто многу добро, па дури и одлично знаат да пејат многумина, па и неговиот наследник Кристијан, но само Аки можеше со својата изведба да ви ја допре душата или поточно: на песната да и вдахне душа... Онака како што „есента во нас понекогаш знае да царува“ за да испише нова „страница на дневникот“ на животот со „бавна лесна песна“, што како „отров ни влегува во вените“, додека се' уште „се' мириса на неа“... На саканата личност која повеќе ја нема во нашиот живот. А „Парни ваљак“ без Аки тешко дека би биле повеќе тоа што беа досега, зашто дозата на неговиот вокалано-емоционално-уметнички печат е пресилна, за да може некој одново да ја вбризга во нивната музика, да му  направи „копи-пејст“ на Аки... Затоа „Ваљак“ без Аки би биле како „Квин“ без Фреди Меркјури, „Дорс“ без Џим Морисон, „Инексес“ без Мајкл Хачинс...  Невозможна мисија!       Со оглед на тоа што се случи, сепак треба да се оставиме време на членовите на групата по ненадејната смрт на клучниот член да одлучат како, со кого и дали воопшто можат да продолжат понатаму. Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/parnivaljak-Official Instagram Profile/kiki_rahimovski/Goran Nikolov/Vasja Ivanovski

Гуру Харе и Аки Рахимовски – заедничка соработка во „Мајко“ https://arhiva.vistina.com.mk/guru-hare-i-aki-rahimovski-zaednichka-sorabotka-vo-majko/ Tue, 14 May 2019 13:31:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87851

македонскиот гитар блуз мајстор Игор Атанасовски - Гуру Харе сними заедничка песна со легендата на екс ЈУ и регионалната рок сцена, нашиот Аки Рахимовски - вокалистот на култните „Парни Ваљак“.
„Песната настана спонтано, во една дружба, без многу договорање и планирање, и е наблиска до некој македонски блуз. Аки сѐуште го сочувал правилниот и убав македонски јазик и ја испеа песната токму така. Многу пријатно се изненадив а Дики Тавитјан направи одличен аранжман, токму онаков каков што замислував“- вели Гуру Харе, автор на музиката и на текстот на песната а Диран Тавитјан ја продуцираше. Спотот премиерно ќе се прикаже во емисијата „1 на 1“, на 19 мај, а Харе ќе ја раскаже комплетната приказна за соработката и за дружењето со Аки.
Во видеото се појавуваат тој и Аки во неформална дружба и во работна атмосфера, а приказната ја доловуваат и актерите Виолета Шапковска, Сеад Хаџиќ, Милан Тоциновски и Јан Теодоров. Спотот е во режија на Огнен Шапковски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров а го изработи „Мелен продукција“.

Аки Рахимовски се враќа на сцената https://arhiva.vistina.com.mk/aki-rahimovski-se-vrakja-na-scenata/ Mon, 16 Jul 2018 10:42:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38305

Откако во април годинава доживеа помал мозочен удар, Аки Рахимовски повторно ќе им се придружи на своите колеги од бендот „Парни ваљак“, со кои ќе го одржи својот прв концерт по неколкумесечна пауза. Станува збор за настап во словенечкиот град Шкофја Лока, кој е закажан за 31 август, додека на 29 септември љубителите на популарната група ќе можат да уживаат со нивните најголеми хитови во Виена.
Додека музичарот закрепнува, колегите од бендот изјавија дека паузата од турнејата ја користат за снимање на нов материјал.]]>

„Парни ваљак“ бараат замена за Аки: Кога немаш каде! https://arhiva.vistina.com.mk/parni-valjak-baraat-zamena-za-aki-koga-nemash-kade/ Mon, 07 May 2018 09:08:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=25350

Хрватските рок-легенди „Парни ваљак“ бараат привремена замена за својот пејач Аки Рахимовски, кој заздравува по  лесниот мозочен удар што го доживеа неодамна. Тие се' уште не откриваат или навестуваат кој би можел да го замени Аки на претстојните концерти, но тоа ќе биде првпат од основањето во 1975 година, групата да има друг пејач.
По изливот на крв во мозокот, кој го имаше во почетокот на минатиот месец, Аки  заздравува, иако сè уште постои можност да оди на операција. Во меѓувреме, го смени начинот на исхрана и ги откажа кафето и цигарите.
Иако Аки откако излезе од болница им се заблагодари за големата поддршка која фановите на бендот му ја даваат и рече дека едвај чека наскоро одново да се видат на сцената, очигледно работите не одат во тој правец.
„Аки во наредниот период нема да настапува. Тоа е само од претпазливост. Добро напредува, но не сакаме да го оптоваруваме“, кажа менаџерот на групата, Дино Бахтијаревиќ.
Бендот ќе го има првиот настап без 62-годишниот Аки на 17 мај. Тој е еден од основачите на групата и беше вокал на сите 18 студиски албуми.
Секако дека нема пауза за останатите активности на групата, па така веќе денеска, 7. мај 2018 се очекува премиерата на нивната нова песна насловена „Кад немаш куд“.]]>

Аки Рахимовски доживеал мозочен удар – еве каква му е состојбата https://arhiva.vistina.com.mk/aki-rahimovski-doziveal-mozochen-udar-eve-vo-kakva-mu-e-sostojbata/ Tue, 10 Apr 2018 10:02:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19885

Како што информираат на официјалните Instagram и Facebook профили на хрватскиот бенд „Парни Ваљак“, пејачот Аки Рахимовски доживеал мозочен удар и сите концерти на популарниот бенд се откажани.
„Драги наши, за жал, принудени сме да ги откажеме сите концерти до понатамошно известување. Аки Рахимовски има помал мозочен удар и иако сега се чувствува подобро, тој треба да мирува и да се фокусира на опоравување некое време. Ние сме многу сериозни во врска со нашата работа и нерадо ги разочаруваме илјадниците од вас кои се радуваат на претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место. Ви благодариме на разбирањето и ве повикуваме на нашиот Аки да му испратите љубов и позитивна енергија да се врати посилен“ стои во официјалното известување на групата „Парни Ваљак“ на Facebook. ]]>