паркирање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Mar 2023 11:14:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png паркирање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бен Афлек има проблеми во сообраќјот како обичните смртници: Дали не знае да паркира или се почесто е малерозен? (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ben-aflek-ima-problemi-vo-soobrakjot-kako-obichnite-smrtnitsi-dali-ne-znae-da-parkira-ili-se-pochesto-e-malerozen-foto0/ Thu, 02 Mar 2023 11:14:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291364

Славниот актер Бен Афлек се почесто има проблеми со паркирање, а будното око на јавноста и папараците тоа знае и да го забележи со камера. Неделата на холивудскиот актер Бен Афлек баш и не му започнала добро, барем судејќи според неговите најнови папарацо фотографии, на кои бил „уловен“ во неволја со странично паркирање. 50-годишниот Бен својот црн луксузен Мерцедес го паркирал странично на паркинг место на улица, додека еден автомобил веќе бил пред него, а друг зад него, поради што не можел без проблем да излезе од своето место. Видно вознемирениот Бен решил да направи пауза за цигара и кафе пред да се обиде да замине, а потоа влегол во автомобилот и се извлекол од „неволјата“. Папараците го фотографирале како пишува на мобилниот телефон додека бил потпрен на возилото кое на крајот успеал да го извлече од паркинг местото, а се чини дека сепак дошло и до мал контакт со другите паркирани автомобили. Познато е дека Бен е голем љубител на металните миленичиња. Тој неодамна беше фотографиран зад воланот на неговиот Ford Bronco, кабриолет вреден околу 1,9 милиони долари, како пуши цигара и гледа замислено. Покрај тоа, тој може да се пофали дека поседува Lexus RX, Tesla Model S, класичен Chevrolet Chevelle SS, жолт Lamborghini Urus, Bentley Bentayga и Dodge Challenger SRT Hellcat. Фото:Backgrid/TMZ printskrin/youtube printskrin]]>

РСБСП: Каде не смее да се паркира? https://arhiva.vistina.com.mk/rsbsp-kade-ne-smee-da-se-parkira/ Fri, 27 Apr 2018 09:20:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24821

Проблемот со паркирани возила онаму каде што тоа не е дозволено е дел од маките со кои секојдневно се соочуваат сите учесници во сообраќајот, но и проблем кој го создаваат самите учесници во сообраќајот. Блокирани тротоари, приоди, патеки… оневозможено безбедно движење на пешаците и на велосипедистите, на лицата во инвалидски колички, на лицата со оштетен вид, на мајките со деца – е секојдневна слика. Токму затоа, РСБСП со потсетување до возачите за најважните одредби од ЗБСП,  односно со потсетување каде и на кои места е строго забрането возачот да го запре или да го паркира возилото:
  1. На обележан пешачки премин, на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од десет метри од тие премини.
  2. На велосипедска патека, односно лента.
  3. На крстосница и на оддалеченост помала од десет метри од најблискиот раб на напречниот коловоз т.е на оддалеченост помала од 10 метри од почетокот на крстосницата.
  4. На тротоар, односно пешачка патека, ако тоа не е изречно регулирано со сообраќаен знак. Ако е дозволено паркирање, односно запирање, задолжително треба да се остави најмалку 1,6 метри ширина на површината за движење на пешаци, со тоа што таа површина не може да биде покрај работ на коловозот.
  5. На места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни потреби и на паркинг место кое со дополнителна табла, сообраќаен знак или ознака на коловозот е обележано како место за паркирање на возила за лица со посебни потреби.
  6. На место на кое возилото би го засолнувало (покривало) поставениот сообраќаен знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци.
  7. На дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај е обележан со ознаки на коловозот и на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со кој е обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај.
  8. На место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило.
  9. На плоштад, пешачка зона, противпожарен пат, пред влез во објект, двор или гаража, на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови.
  10. Над приклучок на водоводната мрежа или влез во канализација или друга мрежа на комуналните претпријатија.
  11. На премин на патот преку железничка или трамвајска пруга во исто ниво и на дел од јавен пат на оддалеченост помала од 15 метри од премините преку железничка или трамвајска пруга во исто ниво.
  12. На железнички или трамвајски пруги и во близината на тие пруги, ако со тоа се спречува сообраќајот на возилата што се движат по шини.
  13. На мостови, во подвозници, на надвозници како и на растојание помало од петнаесет метри од мостови, тунели, подвозници и надвозници.
  14. На дел од јавен пат во близина на врв од преслап и во кривина, каде што прегледноста на патот е недоволна и каде што обиколување на возилото не би можело да се изврши без опасност.
  15. На дел од јавен пат, каде ширината на слободниот премин од запреното или паркираното возило до полната надолжна линија на коловозот или до некоја пречка на патот би била помала од три метри, односно до спротивниот раб на коловозот би била помала од четири метри.
]]>