паркети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 May 2023 11:31:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png паркети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Паркети“ и „Зоки – Агресор“ „испукаа“ заеднички „музички панк-рок рафал“ од нивниот ресор во – „Pornoboungiorno“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/parketi-i-zoki-agresor-ispukaa-zaednichki-muzichki-pank-rok-rafal-od-nivniot-resor-vo-pornoboungiorno-video/ Fri, 05 May 2023 06:20:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300836

По изчегувањето на нивниот последен албум со наслов „Treinta Putos Anos“ во 2021 година и последната песна со наслов: “Дојди да ме бакниш бејбе“ која ја промовираа во февруари годинава (2023), битолскиот панк - рок бенд „Паркети“ има нова песна. Овој пат „трансформираните“ битолски панкери решиле малку да им се вратат на корените, но овој пат преку своевидна заедничка соработка со еден „стар шизик“ од скопската панк-рок сцена - некогашниот лидер на групата „Рок Агресори“ , Зоран Трпков, попонат како „Зоки - агресор“. Нивната заедничка тема носи наслов „Pornoboungiorno“ (Добредојде порно), нешто и што може да се очекува познавајќи ја претходната работа на секој од нив одделно. Музички, во нивен стил, жесток панк-рок со кус риф кој вози и минималистички текст со стихови кои со малку зборови многу кажуваат. Енергично, тензично, кусо, ама бомбастично, конкретно и ефектно. Па, кој ја сфатил пораката - ја сфатил, што во една минута и дваесет и некоја секунда колку што трае песната ја испраќаат, кој не... мора да е навлечен. Музиката и текстот се на Саш0 - Паркет, гостин вокал е секако Зоки Трпков, а песната е снимена и миксана во „Fushrecords студио“, мастерирана од Огнен Оги Зафировски. Вокалот на Зоки Трпков е снимен во студиото на Александар Ристовски Пинц, а видеоото со кое е взиуелизирана музичката „Бонџорно порно“ приказна ја  потпишал исто така Сашо Паркет. Бендот и нивниот гостин се обиделе и да го образложат видеото со зборови, појаснувајќи дека не случајно се избрани сите локации на кои тие се појавуваат во истото. „Археолошкиот музеј (северна е пречкртана) од кај што одиме кажува дека сме стари фосили... МКЦ и МРТВ се првите места каде што настапувавме и се афирмиравме, а ГТЦ и Камениот мост  се местата каде што се врткавме во раните 90-ти пред и по свирка“ - раскажуваат „Паркети“, споделувајќи ги песната и видеото за  „Pornoboungiorno“ кои можете да ги проследите во продолжение. ]]>

„Паркети“ ве канат на маалска рок ен рол журка од детството со нивната – „Дојди да ме бакнеш бејбе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/parketi-ve-kanat-na-maalska-rok-en-rol-zhurka-od-detstvoto-so-nivnata-dojdi-da-me-baknesh-bejbe-video/ Thu, 23 Feb 2023 07:30:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290239

Оригинални, природни, едноставни и единствени, деновиве битолскиот рок ен рол бенд „Паркети“ ја претстави својата најнова песна со наслов “Дојди да ме бакниш бејбе“. За оваа песна членовите на оваа популарна музичка група од Битола снимија,  како што велат,  црно-бело, а сепак „шарено“ видео, кое ги однесе на прошетка по спомените од детството. „Спотот е сниман во малото каде што си игравме како деца. Таму има еден голем камен кој и во тоа време постоеше, а сето тоа не врати 30 години назад во детството“ -  велат битолските рокери. Текстот и музиката се на Симс Паркет, а истата снимена е во студиото “Fushrecords“  на Сашо Паркет. „Песните на Паркети така и се создаваат без солење и пуширање, ете и на оваа песна ѝ дојде да ја види светлината. Да не испадни дека се фалам, али нашите песни конкретно и оваа си го наоѓаат патот до публиката и среќен сум што тоа се рашири во поголеми димензии и на онаков начин на кој сакавме т.е преку рокенролот што во денешно време е многу тешко, но од друга страна е многу интересно, а тоа е најважно“ - изјави за битолскиот онлајн магазин „Читај бе“, Симс Себастијан Паркет за најновата песна на „Паркети“. Бендот планира настапи низ Македонија, свирки за ова лето, а и имаме планови и за надвор од границите на Макединија. Дотогаш проследете како звучи и “Дојди да ме бакниш бејбе“ на „Паркети“ со нивните рок ен рол „керифекии“ изведени во видеото снимено во нивното мало од детството (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

„Паркети“ ве повикуваат да се качите на покрив – „Ела горе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/parketi-ve-povikuvaat-da-se-kachite-na-pokriv-ela-gore-video/ Thu, 22 Oct 2020 11:13:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172701

Познатиот битолски панк рок бенд „Паркети“ го промовираа новиот сингл „Ела горе“ кој ќе биде и дел и од материјалот за нивниот нов албум. Новата песна за прв се изведе на настапот во ТВ емисијата „Покрив” на Македонската телевизија. Концертот се снимаше над кулата кај некогашна “Средна стоковна“ која има одличен панорамскиот поглед на цела Битола. Музиката и текстот за песната се дело на Зоки Паркет, а материјалот од концерниот ТВ настап во видео за песната „го спакувал“ Сашо паркет во  „Fush records“. Инаку, „Паркети“ се формирани во 1991 година, една деценија по првиот бран на ерата на панк музиката. Првата постава ја сочинуваа Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет. Познати се по своите настапи во живо, оригиналниот имиџ и изглед и необичната смисла за хумор. Слушнете и погледнете како изгледа кога сте таму горе... во „Ела горе“: https://www.youtube.com/watch?v=6iuJXOe3ifc&feature=emb_logo  ]]>

Иако годинава снег не падна, „Паркети“ ја извадија својата „Санка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/iako-godinava-sneg-ne-padna-parketi-ja-izvadija-svojata-sanka-video/ Mon, 27 Jan 2020 13:20:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131262

По подолгата пауза, кон крајот на минатата 2019 година, некогашните битолски панкери, денес поп-рок бенд со висок рејтинг, „Паркети“ се вратија на сцената со нова песна, насловена „Е*иветер“. Препознатливи по својот едноставен базичен рок ен рол звук, начинот на музицириња, имиџот, изгледот, начинот на живот, прилепската дружина и новата 2020 ја започнува со нова песна. И тоа со зимски наслов, кој раскажува животна приказна и опишува нечиј карактер. Иако годинава снег не падна, „Паркети“ ја извадија својата „Санка“! Неодамна го завршија снимањето и постпродукцијата и заедно со видеоспотот ја објавија на “Јутуб“ како втор сингл, кој го најавува новиот албум. Музиката и текстот се на  Симс Себастијан Паркет, песната е снимена во студио ателје “Даниел Митревски“, а придружните вокали ги пее Ирена Димовска. Видеото го изработила продукцијата „Концепт“, а режијата ја потпишува Кети Талевска. Во него покрај членовите на бендот главната женска улога ја има моделот Софи Мицкоска. Кој завршил со „месечината на дланка“, а кој „насанкан“, проследете во продолжение: ]]>

„Паркети“ не потсетија дека на животот не треба да гледаме како на – „Е*иветер“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/parketi-ne-potsetija-deka-na-zivotot-ne-treba-da-gledame-kako-na-e-iveter-video/ Mon, 21 Oct 2019 12:16:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113781

Некогашните битолски панкери, денес поп-рок бенд со висок кредибилитет, „Паркети“ се вратија на сцената со нова песна. Таа има малку необичан наслов - „Е*иветер“, но наслов кој во потполност кореспондира со ниввниот стил на музицирање, идеологија и музика, а уште повеќе содржината на стиховите кои се одраз на денешното време и нашиот однос кон животот. Инаку „Паркети“ се враќаат по подолга креативна пауза, како што велат, малку заради општествените околности во кои живееме, малку заради тоа што не се веќе тинејџери за толку интензивно медиумски да се експонираат. Во секој случај, „Паркети“ остануваат препознатливи по својот едноставен базичен рок ен рол звук, начинот на музицириња, имиџот, изгледот, начинот на живот...Компактна рок ен рол дружина по сите основи со здрави шавови! „Е*иветер“ во нашиот сленг буквално значи нешто што нема вредност, што е фушарско, ефтино, безвредно, што нема вистинска тежина. Таква е пораката на самата смисла на песната, чиј автор на музиаката и стиховите е Сашо-Паркет, која како да сака да каже дека во животот некогаш не ги гледаме вистинските  вредности од кој една е и самиот живот. Треба повеќе да ги цениме љубовта, милоста, несебичноста и секој ден од нашиот живот да ги славиме таквите вредности, зошто животот може во секој момент да биде прекинат. Таквата алузија најлесно се гледа кога човек ќе се најде на гробишта. Токму затоа и таму е снимено едноставното, асоцијативно видео, на гробиштата каде почиваат загинатите војници од Првата светска војна, меѓу кои има и Македонци мобилизирани во војската на тогашната Кралевина Југославија или Кралството на СХС. Затоа „Паркети“ сакаат да ви порачаат: „Не се однесувајте кон животот како Е*иветер, за се' за миг да не замине во ветер“. https://www.youtube.com/watch?v=iqswrb5I58Q]]>