парк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Jul 2023 06:05:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png парк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во рамките на годинешниов „Струмица опен 2023“: „Боемска вечер со Живко Динев и пријателите“ https://arhiva.vistina.com.mk/308534-2/ Tue, 25 Jul 2023 06:01:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308534

Живко Динев, некогашниот член на „Браво бенд“, каде што беше бас гитарист и вокал,  по напуштањето на бендот заплови во соло водите со неколку авторски песни. По дуетот со Миле Кузмановски и песната за родната Струмица и кавер верзиите на грст познати песни со познати македонски музичари, харизматичниот Жика реши да направи еден поголем потфат. Имено во рамките на годинешното 12-то по ред издание на летниот отворен фестивал „Струмица опен 2023“, харизматичниот Жика ќе има своја, таканаречена „Боемска вечер со Живко Динев и пријателите“. Настанот е замислен како своевидно музичко дружење со познатиот музичар и неговите пријатели - специјални гости, познати и популарни имиња од македонската естрада: Миле Кузмановски, Сузана Гавазова и Коки - виолина (екс - Дуле и Коки) кои ќе ги забавуваат присутните со своите изведби. Придружна група таа вечер ќе бидат членовите на познатите „Арија бенд“ и уште некои музичари, а покрај несомнено загарантираната забава, кон целиот хепенинг ќе се придружат и петте околни ресторани, односно угостителски објекти кои се во кругот и тоа: „Шалом“, Хепинес“, „Елизабет“, „Бонита“ и „Вила парк“. Тие со својата богата угостителска понуда и услга, вечерта ќе ја збогатат служејќи ги присутните гости на масите со вкусни јадења, познати специјалитети и бројни пијалоци, додека на бината се изведуваат мноштво познати македонски и балкански боемски песни, од внимателно избраниот репертоар за таа вечер.  Онака како што и доликува на боемштината - со дружба, песна, закуска и пијалак, да се наздрави за радост, среќа и само убавини во животот. Во меѓувреме, Жика и екипта заедно со неговите гости како вистински професионалци сериозно си ја сфатиле работата па сите онака собрани колку и да го владеат музицирањето, тргнале да го обноват материјалот, зашто ако „повторувањето е мајка на знаењето“, увежбаноста и уиграноста до перфекција, се исто толку важни во музиката. „Боемската вечер со Живко Динев и пријателите“ во Струмица ќе се одржи  во градскиот парк (чешмичка) утревечер, на  26-ти јули (среда) со почеток во 20 часот и е дел од годинешната манифестација „Струмица опен 2023“. ]]>

Магнет за женските погледи: Турскиот актер Бариш Ардуч е најсекси татко на прошетка во парк со синчето (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/magnet-za-zenskite-pogledi-turskiot-akter-barish-arduch-e-najseksi-tatko-na-proshetka-vo-park-so-sincheto-foto/ Tue, 29 Nov 2022 10:43:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277744

Турскиот актер Бариш Ардуч и неговата сопруга и колешка, актерката Гупсе Озај станаа родители за првпат пред месец и половина, а оттогаш нивното синче кое го доби името Џан Асја Ардуч е центарот на нивниот свет. Мама Гупсе е резервирана за објави на социјалните мрежи од своите мајчински денови, но тато Бариш направи преседан и сака гордо да се фали со својот најголем благослов. Имено, тој објави фотографија додека е на прошетка во парк со бебенцето, а бидејќи е еден од најпопуларните актери во Турција, не се сомневаме дека бил магнет за женските погледи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Barış Arduç (@arducbrs)

За потсетување, Бариш и Гупсе се венчаа во месец јули 2020 годинина, односно пред точно две години. Претходно беа во долгогодишна врска и живееја заедно. Бариш македонската публика го занае како Омер од „Вљубениот ерген“.]]>

Најголемата југословенска ѕвезда во шок издание среде парк: Здравко Чолиќ остана по гаќи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/najgolemata-jugoslovenska-dzvezda-vo-shok-izdanie-srede-park-zdravko-cholikj-ostana-po-gakji-video/ Thu, 07 Apr 2022 09:34:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245607

Пејачот Здравко Чолиќ е фатен како со автомобил оди на вежбање на „Ада Циганлија“ во Белград. Во оваа прилика познатиот Чола „покажа премногу“ бидејќи јавно ја соблече долната облека, па објективот на камерата на екипата на „Папарцо лов“ забележа што забележа! Имено, пејачот најпрвин убаво се истрча, потоа се истегна, а на крај пред да се спакува и змине,  почна да  си ја мести тренерката. За да го направи тоа, Чолиќ морал да го спушти надолу долниот дел од тренерките, па сите имаа можност ѕвездата да ја видат... по гаќи! Инаку, Чолиќ во мај ќе наполни 71 година, а многумина коментираат дека изгледа фантастично за возраста. Инаку, камерата на „Папарацо лов“ ја фати и неговата сопруга Александра пред нивната куќа, која ги извршуваше секојдневните активности. Како изгледаше утринската гимнастика на Чола, погледнете од видеото во продолжение: ]]>

Детскиот фестивал „Поточиња“ на 3-ти јули на Школка во Градски парк – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/detskiot-festival-potochinja-na-3-ti-juli-na-shkolka-vo-gradski-park-skopje/ Thu, 01 Jul 2021 13:06:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209320

Во рамки на манифестацијата „Скопско лето“ 2021 ќе се одржи новото 18. издание на Детскиот фестивал „Поточиња 2021“. Влезот е слободен, а фестивалот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани. Детскиот фестивал “Поточиња” на македонската сцена за првпат се појави во 2004 година. Своето прво издание го имаше во Универзалната сала во Скопје и со своите песни за кратко време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката. Секоја година редовно со своето одржување ја најавува пролетта. Детскиот фестивал „Поточиња” им овозможува на децата преку песна да зачекорат во светот на семејството, училиштето, градинката, здравите навики, толеранцијата, природата, екологијата, бајките, сказните. Идејно и концепциски осмислен од страна на композиторот Мирослав Пап, ,,Поточиња” стартува како прв фестивал за деца од предучилишна возраст во Македонија. Успешноста и популарноста на првите изданија на фестивалот доведоа до голем интерес кај деца од училишна возраст за учество на ,,Поточиња” и фестивалот започнува да опфаќа деца – учесници на возраст од 5 до 12 години. Единаесет години Универзалната сала беше домот каде што Поточиња ги реализираа своите изданија, а по нејзиното затворање изминатите 5 години Поточиња своите изданија ги реализира во Македонската опера и балет. Детскиот фестивал „Поточиња” своето 16. издание го одржа на 30-ти и 31-ви март 2019 година во Македонска опера и балет кадешто беа реализирани шест претстави за публиката. ,,Поточиња 2019” беше посетено од 5 000 деца. Поради ситуацијата со коронавирусот , 17. фестивалско издание „Поточиња 2020” беше реализирано во онлајн формат, додека промоцијата на 18. фестивалско издание „Поточиња 2021” година ќе се одржи на 3-ти јули 2021 година на популарната „Школка” во Градскиот парк Скопје.]]>

Татко и ќерка: Пејачот Филип Божиновски на прошетка со наследничката во парк (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tatko-i-kjerka-pejachot-filip-bozinovski-na-proshetka-so-naslednichkata-vo-park-foto/ Mon, 30 Nov 2020 08:04:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178552

Регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ им овозможува на кандидатите да излезат од анонимност и да направат музичка кариера. Токму тоа му се случи на македонскиот учесник Филип Божиновски кој публиката имаше прилика да го запознае во сезоната 2014/2015. Со својот глас, скромност и едноставност, ја освои публиката, но и стигна до финалето, а публиката денес најмногу го познава како Филип – учесникот од „Ѕвездите на Гранд“. Кога е во прашање приватноста на талентираниот пејач, тој во 2018 година се ожени со неговата долгогодишна девојка Сања.
На брачната двојка пред три месеци и се случи најголемиот благослов – станаа родители и добија ќерка. Бебето го носи името Софија, а тато Филип викендов гордо се прошета со наследничката туркајќи ја бебешката количка низ парк.
Моментот го овековечки со неколку фотографии кои ги објави на својот Инстаграм и се пофали дека бебенцето нарасанало за прошетки и дошло време да прошетки на татко и ќерка.]]>

Кога Теа Стошевска ја билда раскошната телесна маса, соседите „висат“ на прозорец или тераса: Секси ѕвездата на „Гранд“ теретаната ја замени со справите во паркот пред зграда (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-tea-stoshevska-ja-bilda-raskoshnata-telesna-masa-sosedite-visat-na-prozorec-ili-terasa-seksi-dzvezdata-na-grand-teretanata-ja-zameni-so-spravite-vo-parkot-pred-zgrada-video/ Wed, 06 May 2020 08:18:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148139

Натпреварувачката од „Sвездита на Гранд“, атрактивната и сексапилна пејачка со македонско презиме Теа Стошевска ги мами воздишките на многу мажи. Малку се оние кои остануваат рамнодушни кон нејзиниот атрактивен изглед, фигура која не е само од Бога дадена, туку русокосата убавица вредно и грижливо ја негува и одржува, меѓудругото со редовни тренинзи. Оваа пејачка има раскошни телесни атрибути, па неретко им ги претставува на своите следбеници на социјалните мрежи.  карантинот и изолацијата не ја спречиле Теа да тренира редовно. Теретаните се затворени, ама затоа таа најде алтернатино решение. Тренинг малку дома, малку  на јавни места. Така, секси ѕвездата на „Гранд“, онака расна, згодна и млада, теретаната ја замени со справите во паркот пред зграда. А соседите...? Кога Теа Стошевска вежба, ја одржува и билда својата раскошна телесна маса,  соседите  колективно „висат“ на прозорец или тераса!
 
View this post on Instagram
 
?

A post shared by Tea Stoševska (@teastosevska_official) on

]]>

Во Неготино проработе „најмодерната“ перална за автомобили (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-negotino-prorabote-najmodernata-peralna-za-avtomobili-foto/ Thu, 12 Sep 2019 08:51:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106407

Миењето на автомобилот за многумина е ритуал. Оние кои имаат услови тоа го прават дома во својот двор, како и оние кои не им веруваат на „перачите“... Останатите ги мијат автомобилите во специјализирани перални. Рачно или машински сеедно, важно љубимецот да блеска од чистота. Неготинчани имаа чудни навики... Или барем поединци како овој тип, на кој очигледно не му се даваат пари за миење на автомобилот, па... Чешмичката за пиење вода во паркот ќе заврши работа. Гратис вода за миење на неговиот автомобил, па ако неговото бесплатно перење се покаже успешно, може ќе почне и да наплаќа...! ]]>

Хит фотографија: Лепа Брена фотографирана како лежи во парк во Австралија https://arhiva.vistina.com.mk/hit-fotografija-lepa-brena-fotografirana-kako-lezi-vo-park-vo-avstralija/ Wed, 23 Jan 2019 10:01:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68811

По Нова година, Лепа Брена тргна на заеднички одмор со семејството, но и на турнеја во Австралија. Имено, пејачката на социјалните мрежи знае да се пофали како си поминува и да ги извести своите фанови за успехот од турнејата. Во една прилика додека Брена чекала превоз, легнала во еден парк. Овој момент го овечковечи со фоотграфија и ја сподели на социјалните мрежи. Најверојатно ја фотографирал нејзиниот сопруг кој не се разделува од пејачката. „Уште го нема, убер“ напиша пејачката во описот на фотографијата.

Љупка Митрова со кренати нозе: Модната инфлуенсерка – падна! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljupka-mitrova-so-krenati-noze-modnata-influenserka-padna-foto-video/ Mon, 24 Dec 2018 09:21:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64643

Љупка Митрова важи за едни од најекспонираните и најбарани  модни инфлуенсерки кај нас. Таа е магнет за многу фирми и нивните брендови кога е рекламирањето на социјалните мрежи во прашање. Затоа секојдневно ги преплавува своите профили со нови фотографии и видеа.
Ова е видеото со зимската приказна на осамената убавица - Љупка! Атрактивната струмичанка, дотерана како и секогаш на високи потпеци и тиркизна бунда се шета низ градскиот парк во Скопје. Чекор по чекор, заносен поглед и кадри од природната убавина... и на Љупка и на есенско-зимската идила на природата во паркот.
Режисерот Дарко Митев, познат по последното видео на Викторија Лоба и Марга Сол  -"Над Небото" (и англиска верзија “Feel It“), својски се потрудил да го долови моментот... и успеал! Особено впечатлив е крајот!
Љупка Митрова со кренати нозе... Во последниот кадар од видеото модната блогерка со кренати нозе, извадени низ прозорецот од џипот, во официјалниот дел од снимањето.
А во оној неофицијалниот... Љупка Митрова одново со „кренати нозе“...  Модната инфлуенсерка падна! Не, не падна во ничија прегратка, туку буквално се сопна од работ на патеката по која чекореше со високите потпетици и падна!
А режисерот Митев имаше доблест тој комичен детал да го вметне на крајот од објавеното видео како смешен детал од снимањето, кој за среќа не заврши со лонгета на ногата на сексапилната струмичанка. ]]>

По четврти пат „МАН“- доделување на македонските алтернативни награди https://arhiva.vistina.com.mk/po-chetvrti-pat-man-dodeluvanje-na-makedonskite-alternativni-nagradi/ Thu, 31 May 2018 08:20:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29878

Претстојното, 4. по ред издание на „Македонските алтернативни награди“,  ќе се одржи на 16 јуни во Градскиот парк во Скопје.
Манифестацијата и годинава ќе го одбележи најдоброто од алтернативата, а веќе е познат и добитникот на наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена – Тошо Филиповски. Повод за тоа е капиталното дело на музичкиот новинар „Македонската рок енциклопедија“ која беше промовирана на почетокот на месец мај годинава.
Доделувањето на МАН наградите на протагонистите на македонската алтернативна сцена, всушност е почеток на создавање на традиција и само останува да ги зголемуваме бројките на изданијата во годините што следат. Како и на претходните три изданија, забавата ќе започне напладне, во 12.00 часот, а ќе трае до 1 часот по полноќ. Повеќе детали за настанот на Фејсбук.      ]]>