пари на терен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Nov 2017 10:48:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пари на терен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На навивачите на Баерн им „пукна филмот“: Фрлаа пари на терен, судијата ги собираше https://arhiva.vistina.com.mk/na-navivachite-na-baern-im-pukna-filmot-frlaa-pari-na-teren-sudijata-gi-sobirashe/ Thu, 23 Nov 2017 10:29:42 +0000 http://vistina.mk/?p=4520

Баерн на гостувањето во Брисел против Андерлехт во мечот од фудбалската Лига на шампиони сепак имаше поддршка од своите лути навивачи, кои незадоволни од високата цена на влезниците, го изразија својот револт на оргинален начин – фрлаа купчиња лажни пари на теренот испраќајќи порака до раководството на домашниот тим. Сто евра за еден натпревар е превисока цена дури и за германските навивачи. Иако по реакцијата на навивачите, цената на влезниците беше спуштена на „само“ 70 евра, баварските навивачи не ја пропуштија шансата да го изразат своето несогласување и за време на натпреварот од трибините на терен летаа „купчиња со евра“. pari baern Баварците му отворија дополнителна работа на помошниот судија, кој мораше да ги собира парите од теренот. Дел од навивачите на Баерн и покрај „изгор цените“ на влезниците допатуваа во Брисел да го бодрат својот тим изразувајќи го и својот револт. Но, голем дел од навивачите на Баерн го бојкотираа овој натпревар. „Дури и за високите стандарди на Лигата на шампионите ова претставува нова димензија за натпревар од групната фаза“ – стои во соопштението од клубот на навивачи на Баерн. baern navivaci „Дали вашата лакомост сега конечно е задоволена?“ – пишуваше на еден од транспарентите на трибината на која беа навивачите на Баерн. Инаку, германскиот тим го доби дуелот со Андерлехт со 1-2 со головите на Роберт Левандовски и на Корентин Толисо и ги задржа теоретските шанси за освојување на првото место во групата Б.
]]>