парче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 07 Mar 2022 09:54:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png парче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На „Скопскиот моден фестивал“ модна ревија со мировни пораки: Идејата добра, реализацијата… со фелер! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-skopskiot-moden-festival-modna-revija-so-mirovni-poraki-idejata-dobra-realizacijata-so-feler-foto/ Mon, 07 Mar 2022 09:42:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241907

На една од модните ревиии кои се одржаа викендов во рамките на модната манифестација „Skopje Fashion Festival“, манекенките кои ги носеа креациите од македонската модна дизајнерка Сара Реџиќ, носеа и листови на кои беа испишани антивоени пораки. Идејата навидум добра, но реализацијата...  со фелер! Имено, манекенките држеа  бели листови на кои имаше испишано пораки за мир и поддршка за Украина по инвазијата и воените операции од страна на Русија на нејзина територија. Пораките мировни, хумани, за мир љубов, слобода, со испишани пораки и нацртани симболи за итен престанок на војната и воспоставување МИР. Или на англиски - PEACE! Арно ама, мода е едно, а писменост нешто сосема друго. Така, некој што ги пишувал мировните пораки „ги измешал брзините“, а со тоа и поимите, па МИРот на модната ревија почна да се дели на ПАРЧЕ! Имено на еден од испишаните листови во рацете на една од манекенките наместо МИР, пишуваше ПАРЧЕ! Или поточно, наместо PEACE (мир), некој напишал  PIECE (парче)! До душа „парчето“ навистина добро... Облека секако, како и сите останати модни парчиња на креаторката, а и идеjата на една јавна манифестација да се споделат мировни пораки за запирање на војната во Украина или каде таа и да била. Тоа што некој случајно или  “толку му сече“, па „се правел на Енглез“, е друга работа. Така мирот стана парче, што е далеку од исто, иако можеби исто звучи: ПИС...! Исто е, ама не е исто! Намерата добра, ама изведбата - неписмена! Фото: Инстаграм принтскрин/slobodenpecat/skopjefashionfestival/ЕПА, Ѓеорги Личовски]]>

Дизајнерите пресудија: Ова парче ќе биде апсолутен хит на зимската сезона https://arhiva.vistina.com.mk/dizajnerite-presudija-ova-parche-kje-bide-apsoluten-hit-na-zimskata-sezona/ Thu, 18 Nov 2021 13:00:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227871

Ако се прашувате кое парче облека ќе биде хит оваа зимска сезона, го имаме одговорот - дизајнерите едногласно одлучија дека секоја жена треба да поседува ваква јакна во својот гардеробер. Освен што изгледа моќно и тренди, во неа ниту минусните температури нема да ви можат ништо. Конечно на ред дојде модата која го става акцентот на удобноста, а веруваме дека секоја дама го посакува тоа. Станува збор за јакна со поширок крој, должина до листовите и со голема качулка. Може да се носи со патики, чизми, па дури и во комбинација со високи потпетици. Доколку сакате да ја истакнете фигурата, тоа можете да го постигнете на многу едноставен начин - само додајте појас или малку подебел ремен и ќе го добиете посакуваниот ефект. Еве како трендсетерките го носат овој интересен модел на јакна: извор: точка.мк]]>

Задолжително парче облека за ова лето: Сечените фустани се нов тренд https://arhiva.vistina.com.mk/zadolzitelno-parche-obleka-za-ova-leto-sechenite-fustani-se-nov-trend/ Fri, 13 Aug 2021 12:04:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215307

Сечените фустани се тренд што го гледаме насекаде, а во продолжение погледнете неколку интересни модели.

Невообичаена елеганција

View this post on Instagram
 
A post shared by MINIÀ (@minia_boutique)

Сирена

Опуштена варијанта

View this post on Instagram
 
A post shared by laishen.us (@laishenus)

Макси сечен фустан

View this post on Instagram
 
A post shared by Saved By The Dress (@savedbythedress)

Раскроено

View this post on Instagram
 
A post shared by Crocheta (@crocheta.jo)

извор: кафепауза.мк]]>

Ова секојдневно парче облека со сигурност ќе го подобри вашиот сексуален живот https://arhiva.vistina.com.mk/ova-sekojdnevno-parche-obleka-so-sigurnost-kje-go-podobri-vashiot-seksualen-zivot/ Tue, 14 Apr 2020 13:05:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144947

Истражувањето покажало дека жените кои што го носат ова на себе во текот на сексуалниот однос имаат 80 отсто поголема шанса да доживеат оргазам. Дали знаевте дека и облеката во која што водите љубов има влијание на квалитетот на сексуалниот однос? А, притоа не зборуваме за секс во долна облека. Едно британко истражување, направено преку техника на скенирање на мозокот, докажало дека жените имаат 80 отсто поголема шанса да доживеат оргазам кога за време на сексуалниот однос носат чорапи, додека пак таа шанса се намалува за 50 отсто, ако не носат чорапи. Тоа е така затоа што чорапите го подобруваат протокот на крв, дополнително го опуштаат телото и така помагаат при постигнување оргазам. Секако, за тоа истовремено да биде секси, облечете чисти и миризливи чорапи, од пофин материјал со некоја пристојна уметничка чипка, за и својот партнер дополнително да го возбудите. извор: Курир.мк]]>

Грешки кои ги правите при купувањето фармерки https://arhiva.vistina.com.mk/greshki-koi-gi-pravite-pri-kupuvanjeto-farmerki/ Thu, 28 Nov 2019 14:00:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121049

Иако можеби не ви изгледа лесно да најдете совршен пар фармерки што ви одговара, па затоа се одлучувате за оние од лани, сепак треба да обратите внимание при купување на ова парче гардероба. Понекогаш грешките што ги правите при купувањето фармерки може значително да влијаат на вашето задоволство од купениот пар. 1. Слепо ги следите трендовите Трендовите што ни се наметнуваат на социјалните мрежи од ден на ден може опасно да го привлечат вашето внимание, што многу често резултира со купување парче што воопшто не ви одговара или го носите само неколкупати и потоа го фрлате на дното од плакарот. Кога станува збор за ова парче гардероба, особено треба да се држите подалеку од трендовите и да изберете квалитетни и класични фармерки. 2. Пробувате само еден модел Можеби сте носеле тесни фармерки со години и не можете да се замислите себеси во друг модел, но тоа може да биде она што ве оттргнува од пронаоѓањето на совршениот пар за вас. Тесните фармерки веќе не се популарни како фармерките за мајки (mom jeans) кои се тренд од минатата година и ги носат повеќето жени затоа што се одлични за девојки со фигура на песочен часовник. Затоа, не двоумете се и пробајте неколку модели затоа што никогаш не може да знаете кој модел може целосно да ве воодушеви. 3. Избирате квантитет наспроти квалитет Понекогаш е примамливо да се купат три пара фармерки по цена на еден поскап, но тој поскап пар веројатно ќе го носите двапати подолго од сите три поевтини парови заедно. Кога купувате фармерки, изберете модели со повисок квалитет од цврст материјал, кои поубаво ќе ја истакнат вашата фигура и ќе ѝ дадат на целата облека скап изглед.]]>