параглајдер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Sep 2023 09:21:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png параглајдер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пејачката со нозете во воздух: Ова нешто најмногу „ја пали“ и возбудува Андријана Петрушовска (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-so-nozete-vo-vozduh-ova-neshto-najmnogu-ja-pali-i-vozbuduva-andrijana-petrushovska-foto/ Fri, 15 Sep 2023 09:02:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318148

Андријана Петрушовска  е една од оние млади македонски пејачки што станаа познати откако претходно се обидоа да станат и „Гранд ѕвезди“ како учеснички  во познатото регионално музичко талент шоу, во кое таа имааше забележителни настапи. Оттогаш кариерата и тргна нагоре, па иако можеби не ги освои соседството и регионот, Македонија и дијаспората и се редовно поле за жнеење плодови во вид на евра, франци и денари, како резултат на  бројните настапи. Атрактивната пејачка тезги има доволно, ама сепак меѓу два настапа најде малку време и за себе, за да се одомори и освежи, да потемне тенот, ама и да си го крене адреналинот. Уживањето на лулашка на поесочната плажа или возењето со глисер по јадранската морска шир на Црногорското крајбрежје несомнено и прија и годи, ама она што најмногу „ја пали“ и возбудува Андријана Петрушовска очигледно е потрагата по возбуда. Расната македонска естрадна убавица овој пат не чекаше возбудата сама да дојде на ред, туку таа и тргна во пресрет. Она нешто што овој пат реши да го проба и искуси бездруго е авантура која предизвикува адреналински шок. А кога телото е подложено на возбуда, хормоните знаат да експлодираат... Кај некого од убавина и здоволство, кај други од напнатост и недоверба, предизвикана од новата ситуација. Андријана сепак решена да проба и се придружи на екипата параглајдеристи кои љубопитните туристи ги земаат со себе на незаборавно возење и прошетка и низ небеската височина, овој пат над падините на крајбрежјето на Будва. Летањето е убаво, ако од него немаш паничен страв и за незаборавна тура налик на „птичја авантура“ имаш слух... А нашата пејачка тоа го покажа со високо кренати нозе во воздух. Незаборавно адреналинско искуство исполнето со задоволство од погледот од „птичја перспектива“  кој македонската пејачка себе си си го приушти. До душа, „параглајдер селфи“ не можела или не сакала да направи, ама затоа кадарот на долгите нозе во воздухот е доволна потврда дека Андријана Петрушовска си најде уште еден вид забава што „ја пали“ и возбудува! Фото: Инстаграм/andrijanapetrushovska]]>

Едни му викаат дека е “цар“, други го нарекоа “глупак“: Со параглајдер лета над морето, седнат на кревет! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/edni-mu-vikaat-deka-e-car-drugi-go-narekoa-glupak-so-paraglajder-leta-nad-moreto-sednat-na-krevet-video/ Thu, 09 Jul 2020 12:45:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158024

Параглајдинг инструкторот Хасан Кавал од Турција реши да лета во удобноста на неговиот двосед, а за целосно искуство додаде и телевизор. Кавал ги закачи двоседот и ТВ на параглајдерот, а целото патување го снимал со камера. Снимањето на овој необичен лет стана хит на Интернет. По полетувањето, Хасан се навали на каучот пред телевизорот и не носеше безбедносниот ремен. Тој ги соблече чевлите, ги облече папучите и се опушти да ужива во чипсот додека леташе неколку стотици метри над морето. Откако слета безбедно на земја, Хасан рече дека уживал во летот. „Никогаш не сум се чувствувал толку опуштено“, рече тој. Луѓето во коментарите се поделени, додека некои му се восхитуваат на овој потег, други сметаат дека воопшто не е паметен. извор: Курир.мк]]>