папараци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Mar 2024 08:21:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png папараци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Папараците ја уловија Кејт Мидлтон за првпат откако имаше операција пред еден месец (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/paparatsite-ja-ulovija-kejt-midlton-za-prvpat-otkako-imashe-operatsija-pred-eden-mesets-foto/ Tue, 05 Mar 2024 08:21:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341088

Јавноста на големо се интересира за состојбата на принцезата Кејт Мидлтон откако пред еден месец беше оперуирана на абдомен. Вчера кралската палата излезе со соопштение дека активностите на Мидлтон во голема мреа ќе бидат ажурирани, што дополнително ги подгреа инересите на јавноста за нејзината состојба. Кејт Мидлтон за прв пат се појави во јавноста откако беше оперирана, по што се повлече во својот дом каде закрепнува. На фотографиите објавени од TMZ во понеделникот, Мидлтон може да се види како носи очила за сонце додека се вози на предното седиште на црн теренец управуван од нејзината мајка, Керол Мидлтон, во близина на замокот Виндзор во Велика Британија. Ова ги израдува многумина кои ја сакаат Кејт бидејќи во медиумите многу се шпекулираше за нејзиното здравје, а не сме ја виделе од декември. Кејт носеше големи очила за сонце, но изгледа како да се смешка. Изгледа дека двете излегле сами, веројатно затоа што не сакале да привлечат премногу внимание. Луѓето се прашуваа каде е принцезата и дали навистина сè отиде како што рече Палатата. Сега на сите им е јасно дека Кејт е добро и дека не станува збор дека е во кома, како што шпекулираа некои странски медиуми. Да потсетиме, принцезата од Велс беше примена во лондонската клиника на 16 јануари на операција на абдоменот. Последен пат беше видена во јавноста на 25 декември кога присуствуваше на божиќната утринска богослужба со нејзиниот сопруг принцот Вилијам и нивните три деца – принцот Џорџ, принцот Луис и принцезата Шарлот – во црквата Сандрингам во Сандрингем, Норфолк. Палатата продолжи да рече дека Кејт „го цени интересот“ што ќе го донесе веста, но додаде: „Таа се надева дека јавноста ќе ја разбере нејзината желба да одржи што е можно повеќе нормалност за нејзините деца; и нејзината желба да ги чува личните медицински информации приватни.“ Потоа минатата недела беше објавено дека Кејт се уште добро закрепнува, што сега го потврдуваат и овие фотографии. фото:Instagram printscreen/ Te Royal family/Twitter/ Screenshot / Youtube / The Prince and Princess of Wales/Facebook/ Kate Middleton]]>

Селена Гомез со две фотографии им ја затвори устата на злите јазици: „Јасно ми е, знам не сум совршена!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/selena-gomez-so-dve-fotografii-im-ja-zatvori-ustata-na-zlite-jazitsi-jasno-mi-e-znam-ne-sum-sovrshena-foto/ Tue, 23 Jan 2024 10:56:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335829

31-годишната актерка и пејачка објави своја папарацо фотографија од плажа во 2013 година и напиша: „Денес сфатив дека никогаш повеќе нема да изгледам вака...“ Потоа објави папарацо фотографија од 2023 година и заклучи: „Не сум совршена, но горда сум на тоа што сум... Понекогаш заборавам дека е во ред да си јас...“ Изгледот на Селена во последниве години често е мета на критики, но таа не дозволува тоа да влијае на неа. Во јавноста се залага за природен изглед и често зборува за проблемите со наметнатите општествени стандарди на убавина.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

На социјалните мрежи таа објавува нефилтрирани фотографии на кои не се шминка, а токму оваа искреност и ја донесе титулата за најследена жена на Инстаграм. фото:Instagram printscreen/ selenagomez]]>

Сите се изненадија од папарацо фотографиите: Вака изгледа телото на Кендал Џенер на дневна светлина (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/site-se-iznenadija-od-paparatso-fotografiite-vaka-izgleda-teloto-na-kendal-dhener-na-dnevna-svetlina-foto/ Thu, 31 Aug 2023 11:00:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316129

Кендал Џенер, 27-годишна членка на кланот Кардашијан-Џенер, веќе неколку години ја носи титулата најплатен модел на глобално ниво, со што постигна исклучителен успех со своето присуство во светот на модата, пренесува Стори.рс Нејзиниот природен и ненаметлив пристап кон животот ја издвојува од остатокот од семејството Кардашијан-Џенер. Иако е член на овој познат клан, нејзините чекори на модните писти на реномирани светски дизајнери и појавувањето на страниците на престижните магазини, како и истакнувањето како заштитно лице на мегапопуларните брендови, говорат за нејзината незавидна и успешна кариера. Сепак, постои дел од јавноста што го доведува во прашање нејзиниот успех, бидејќи таа првично се стекна со признание како член на најпознатото ријалити ТВ семејство во светот. Многу скептици тврдат дека нејзиниот пат до успехот веројатно би бил поинаков доколку нејзината мајка и сестрите не биле препознатливи јавни личности. Сепак, ваквите коментари не ја засегаат. И покрај неволјите и сомнежите кои се појавуваат од време на време, Кендал неуморно работи на својата кариера и се труди да се докаже како независна и талентирана личност. Во моментов, Кендал ужива во опуштен момент на луксузен одмор во Кабо Сан Лукас, Мексико, во друштво на нејзините блиски пријатели како Хејли Бибер, Џастин Скај и Лори Харви. Папараците го овековечија нивното заедничко време на јахтата, покажувајќи ги како уживаат во сончевите зраци и во убавината на морето. Објективот најмногу беше фокусиран на Кендал, која се капеше и се сонча во минијатурен и шарен костим за капење, а во оваа прилика можете да го видите нејзиното многу фалено тело без трошка фотошоп или ретуширање. Познато е дека Џенер редовно посетува часови по пилатес, а таа останува единствената Кардашијан која не го зголемила ниту еден дел од телото и покрај многуте гласини дека тоа го правела со градите. фото:Профимедиа/HEM / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA]]>

Пратија јавна порака до сите што ги исмејуваат: Меган и Хари шокирани од тоа што мислат за нив https://arhiva.vistina.com.mk/pratija-javna-poraka-do-site-shto-gi-ismejuvaat-megan-i-hari-shokirani-od-toa-shto-mislat-za-niv/ Mon, 29 May 2023 10:28:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304055

Ако добро сте се изнасмеале на војводата и војвотката од Сасекс во последните денови, тие имаат нешто важно да ви кажат. Принцот Хари и Меган Маркл дефинитивно знаат да кренат прашина во јавноста, од која наводно побегнале во Америка во 2020 година, а последните денови повторно се во центарот на вниманието. Откако парот објави дека папараците два часа ги бркале низ Њујорк, во бркотница со „речиси катастрофални последици“, полицијата, папараците и градоначалникот се огласија и секој на свој начин фрли сомнеж во веродостојноста на нивните тврдења. Војводата и војвотката од Сасекс потоа побарале фото агенцијата чии папараци ги следеле да ги предаде фотографиите, што било одбиено со презир. Како што сега тврдат извори блиски до парот, принцот Хари и Меган Маркл се запрепастени бидејќи луѓето не им веруваат дека се било како што тврдат. - Тие инсистираат на тоа дека не ја преувеличиле потерата, а луѓето да кажат поинаку е болно и неприфатливо - изјави анонимен извор за Us Weekly. Корисниците на социјалните мрежи веќе со денови го исмејуваат парот, а многумина се пошегуваа дека сигурно имало потера и дека папараците всушност бегаат од Меган Маркл, но Сасексите одбиваат да ги замолчат со тоа. Затоа имаат јасна порака до сите што мислат дека потсмевот ќе ги втурне во медиумското подземје. – Што се однесува до сугестијата дека се кријат и се плашат да го покажат своето лице, тоа нема да се случи – вели изворот. - Ова само ја зацврсти нивната одлука да продолжат да се залагаат за себе и отворено да зборуваат кога ќе им се нанесе штета - истакнува блиска личност на парот. Да потсетиме, пред неколку вечери принцот Хари и Меган Маркл присуствуваа на доделувањето на наградите „Жени со визија“ во Њујорк, а следниот ден излегоа со соопштение дека тие и мајката на Меган, Дорија Рагланд, биле бркани од папараците за да се можеше да заврши трагично. - Синоќа, војводата и војвотката од Сасекс и г-ѓа Дорија Рагланд беа вклучени во речиси катастрофална бркотница со автомобил, предводена од круг на многу агресивни папараци - објави ПР на парот. - Оваа безмилосна потера, која траеше повеќе од два часа, за малку ќе резултираше со повеќекратни судири, во кои учествуваа други возачи на патот, пешаци и двајца њујоршки полицајци - се наведува понатаму во соопштението. Веднаш потоа се огласи градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, кој инцидентот го оцени како „непромислен и неодговорен“, но истакна дека не е убеден дека се е така, а таксистот кој ги возел Сасексите посочил дека во ниту еден момент „не се почувствувал како да е во опасност“. фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA/AP]]>

На принцот Хари му се случи сценариото од неговиот кошмар: После ова неговиот револт е уште поголем https://arhiva.vistina.com.mk/na-printsot-hari-mu-se-sluchi-stsenarioto-od-negoviot-koshmar-posle-ova-negoviot-revolt-e-ushte-pogolem/ Thu, 18 May 2023 11:23:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302715

Принцот Хари и неговата сопруга Меган биле вовлечени во опасна брканица со коли на папараци во Њујорк, што можело да резултира во „катастрофален“ исход, изјави нивниот портпарол. Кралскиот пар од Сасекс бил следен од фотографи по заминувањето од настанот со доделува на наградите „Жена на визијата“ во холот Зигфелд во Њујорк. Во конвојот коли се наоѓала и Дориа Регланд, мајката на Меган. Според портпарлот, Хари и Меган биле потресени од инцидентот, иако на крајот никој не бил повреден. Полицијата изјави дека „бројни“ фотографи го „отежнале“ транспортот на парот од Сасекс, но дека немало пријавени повреди или апсења. Според изјавите, судирот со фотографите траел подолго и вклучувал бројни сообраќајни прекршоци. -Војводата и војвотката од Сасекс и г-ѓа Регланд синоќа беа вклучени во речиси катастрофална бркотница со коли на група мошне агресивни папараци, изјави портпаролот. Крис Санчез, член на обезбедувањето на парот, за Си-ен-ен изјави дека следењето на папараците било хаотично. -Она со што се соочивме беше мошне хаотично. Имаше околу десеттина возила: коли, скутери и велосипеди. Парот од Сасеск на крај безбедно пристигнал во апартманот каде биле сместени, „но на многу места пешаците биле ставени во опасност“. Од обезбедувањето изјавија дека парот подоцна ги заменил возилата. Си-ен-ен јавува дека полицијата инцидентот не го опишала толку „сликовито“ како што било кажано од придружбата. Ианку, Хари воопшто не ги сака папараците бидејќи според него тие се причината за сообраќајката на неговата мајка. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Шакира не излегува од фокус, овој пат има јасно барање, од кое се засегнати нејзините деца https://arhiva.vistina.com.mk/shakira-ne-izleguva-od-fokus-ovoj-pat-ima-jasno-barane-od-koe-se-zasegnati-nejzinite-detsa/ Wed, 12 Apr 2023 10:45:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297963

Колумбиската пејачка Шакира се огласи на социјалните мрежи истакнувајќи дека поради приватната ситуација разбирлива и е љубопитноста на медиумите, но упати молба до истите. -Моите деца, Милан и Саша, имаа многу тешка година, трпеа постојано малтретирање и притисок од страна на папараците и неколку медиуми во Барселона. Сега кога почнуваат нов живот, ги молам медиумите во име на моите деца да го почитуваат нивното право на приватност. Ве молам да се воздржите да ги следите до влезот и излезот од нивното училиште, да ги чекате на вратата од нашиот дом или да ги следите на нивните воннаставни и рекреативни активности како што тоа го правеа медиумите во Барселона со намера да снимаат фотографии. Верувам дека новинарите и фотографите овде ќе бидат чувствителни на ситуацијата со која се соочуваат Милан и Саша и ќе можат да се однесуваат на најхуман начин со нив, имајќи предвид дека станува збор за физичка и емоционална благосостојба на двајца малолетници само 8 и 10 години, кои сакаат само да можат да излезат во јавност и да одат на училиште, чувствувајќи се безбедно и спокојно што не се следени или подложни на постојана контрола на камерите, вели Шакира. Додава дека ова барање не го упатува како уметник, туку како мајка која сака да ги заштити и да се грижи за психолошката и емоционалната благосостојба на своите деца. фото:Инстаграм принтскрин/Профимедиа]]>

Стопена во неговите прегратки: Данијела Мартиновиќ првпат фотографирана со новото момче (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/stopena-vo-negovite-pregratki-danijela-martinovik-prvpat-fotografirana-so-novoto-momche-foto/ Mon, 06 Mar 2023 12:36:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291914

На папараците не им требаше многу време да ја „уловат“ пејачката Данијела Мартиновиќ со новиот љубен, откако се прошири веста дека по раскинувањето со Петар Грашо решила да го отвори срцето за друг. Хрватската пејачка веќе извесно време е во врска со инспектор за криминал Јосип Плавиќ. Фотографите ги фатија додека се шетаа низ Загреб во прегратка и постојано се смешкаа упатувајќи си љубовни погледи. Данијела се запознала со Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел жалба за кражба на идентитет преку Интернет пред околу една година. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле да се дружат.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Gloria.hr (@gloria.hr)

-Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, ставови за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа, рече Данијела за Глорија. Ова е прва јавна врска на Данијела Мартиновиќ откако во 2021 година ја прекина 24-годишната врска со Петар Грашо. Како што дознава „Слободна Далмација“, Јосип имал еден брак во кој добил ќерка, а со поранешната сопруга е во добри односи. Освен што работи како инспектор, Јосип е дел и од бендот „Изван Закон“, во кој свири гитара и пее придружни вокали . фото:Инстаграм/Глориа.хр/данијела мартиновиќ принтскрин]]>

Сопругата на Брус Вилис им се обрати на папараците: „Не викајте по него, ве молиме запрете“ (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/soprugata-na-brus-vilis-im-se-obrati-na-paparatsite-ne-vikajte-po-nego-ve-molime-zaprete-foto/ Mon, 06 Mar 2023 12:36:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291916

На актерот Брус Вилис (67) неодамна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, а неговото семејство му помага во тешките моменти. Сопругата на актерот Ема Хеминг (44) им се обрати на фотографите на Инстаграм, за да ги замоли повеќе да го разберат Брус и неговата моментална состојба. Таа побара од нив да престанат да „бараат ексклузивци“ од него.
- Знам дека тоа е вашата работа, но можеби треба да се преселиме. Ве молам, немојте да му викате на мојот сопруг или да го прашувате како е или било што. Престанете. Дајте му простор. Нашето семејство или кој и да е со него тој ден нека го однесе безбедно од точка А до точка Б – рече Ема. Да потсетиме, минатата година на Вилис му беше дијагностицирано нарушување на способноста за зборување - афазија, а минатиот месец неговото семејство откри дека актерот боледува и од деменција. Тој мораше да се повлече од актерството поради болест, а сега времето го поминува со семејството, вклучувајќи ја сегашната сопруга и нивните две деца и поранешната сопруга Деми Мур (60) и нивните три деца. Фото: Принтскрин/Џон Насион/starmaxinc.com/Инстгарам

]]>

Пике и Клара бегаа од папараците, а во таа брканица таа дури ја удри главата од ограда (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/pike-i-klara-begaa-od-paparatsite-a-vo-taa-brkanitsa-taa-duri-ja-udri-glavata-od-ograda-video/ Thu, 09 Feb 2023 10:17:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288146

Жерар Пике и неговата нова девојка излегоа да прошетаат низ Барселона, но тоа не помина незабележано. Во изминатите денови, медиуми пишуваа дека 23-годишната Клара Чиа Марти се отселила од неговиот дом и дека имала анксиозни напади затоа што не можела да го поднесе притисокот од папараците и од луѓето што во јавност гласно ѝ ја пееле новата песна на Шакира и ја обвинувале за разделбата на фудбалерот и пејачката. По објавувањето на новата песна на Шакира, поранешниот фудбалер Жерар Пике и неговата девојка ретко се појавуваа во јавност, но сега одлучија заедно да излезат и да прошетаат низ улиците на Барселона, фатени за рака. Папарацо фотографите ги уловија Пике и Клара додека беа на прошетка низ Барселона во понеделникот, а видеото од нив масовно се споделува на социјалните мрежи. Во видеото се гледа како Пике се обидува да ја заштити својата девојка, ѝ го крие лицето од папараците што се обидуваат да ја снимаат одблиску, а влечејќи ја за побрзо да избегаат, не ни забележа дека таа се удри во една од оградите на улицата. Пике само се насмеа и продолжи понатаму да оди. фото:Twitter/ printscreenEuropa press]]>

Празнично уживање: Папараците ги уловија Бред Пит и новата девојка во топлес издание (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/praznichno-uzivanje-paparacite-gi-ulovija-bred-pit-i-novata-devojka-vo-toples-izdanie-foto/ Thu, 05 Jan 2023 10:03:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282893

Актерот Бред Пит и неговата нова девојка Новата Година ја дочекаа во Мексико, но и таа немаа раат од дежурните папараци. Тие успеале да забележат како Бред Пит (59) и Инес де Рамон (32) уживаат во сонцето, во капењето и лежалките. Славниот актер бил гол до појас, а неговото мускулесто торзо иницирало коментари дека тој изгледа фантастично во шестата деценија од животот. Такви коментари го следат во текот на цела кариера, покрај оцената дека е прекрасен и во својата работа. За Инес де Рамон исто таа се пишува во суперлатив, неврзано за овие фотографии, а иако првите информации за нивната врска делувале како шпекулации, очигледно е дека врската е вистинита. Актерот минатиот месец го прославил и роденденот со својата нова девојка, а тогаш беше најавено дека тие заедно ќе ја дочекаат 2023 година. „На Бред навистина му се допаѓа Инес. Се запознаа преку заеднички пријател. Таа е многу драга. Инес е слатка, забавна и енергична. Таа е прекрасна личност. Бред сака да го поминува времето со неа“, изјавил извор за магазинот „People“. Да ве потсетиме, за врската на Бред и Инес се дозна минатиот месец кога заедно се појавиле на концерт на Боно во Њујорк. Тие изгледале многу блиски, како вистински пар, а луѓе блиски до актерот порачале дека оваа дизајнерка на накит станала важен член во „екипата на Бред“.
Според магазинот „People“, новиот холивудски пар заедно ќе ги помине новогодишните празници. Кога Инес зачекорила во животот на Бред, Бред го сменил однесувањето, па по долго време јавно покажува емоции кон некоја жена. Таа важна промена е дополнителен показател дека нивната врска станала сериозна. Додека уживаат во љубовта, актерот продолжува да ја води судската битка со поранешната сопруга Анџелина Џоли од која се разведе во 2019 година. Поранешниот пар никако не може да се договори за финансиите и старателството над децата. фото:тањуг ап/mydnaglammagazine]]>