папа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Oct 2020 11:24:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png папа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најлошата работа што може да ја направите на првиот состанок https://arhiva.vistina.com.mk/najloshata-rabota-shto-moze-da-ja-napravite-na-prviot-sostanok/ Tue, 13 Oct 2020 13:15:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171197

Сигурно ви се случило некогаш да помислите дека првиот состанок минал одлично, но личноста со која сте излегле никогаш повеќе не ви се јавила. И тогаш сте минале часови и денови прашувајќи се каде сте погрешиле. Секој греши, но понекогаш некои грешки едноставно не можат да се простат. Особено една грешка која никако не треба да ја правите на првиот состанок, па и на останатите, секако. Едно однесување е особено неприфатливо, кога станува збор за љубовната врска. Според истражувања во кои учествувале 3.000 луѓе, ако премногу гледате во телефонот за време на првиот состанок, можно е воопшто да нема втор. Истражување од 2017 година спроведено од апликација за запознавање, анкетирало 2.000 самци кое однесување не го толерираат за време на состанок. Се покажало дека најголем престап е кога некој премногу гледа во мобилниот телефон. Таквото однесување може да има негативно дејство на кој било однос бидејќи сигнализира дека тоа што се случува на телефонот има предност над личноста присутна покрај вас. Во 2019 година компанија за истражување на пазарот и анализа на податоци прашала повеќе од 1.000 Американци што е најлошото што може да се случи на првиот состанок, а мажите и жените се сложиле дека тоа е постојаното гледање во телефон. Во истражувањето анкетираните одговориле дека е многу одбивно кога некој зјапа во телефонот наместо да разговара. Според експертот за врски Џејм Бронстејн, претераната употреба на телефон за време на првиот состанок би можело да биде знак за несигурност. „Постојаното проверување на телефонот открива непочитување на времето и енергијата на другата личност, а тоа може да значи дека некој во овој момент нема време и емоционална енергија за вложување во врска“, вели д-р Шива Асар. извор: Kajгана]]>

Посебен ден за неа: Оваа македонска пејачка присуствуваше на посетата на Папата во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/poseben-den-za-nea-ovaa-makedonska-pejachka-prisustvuvashe-na-posetata-na-papata-vo-skopje/ Wed, 08 May 2019 06:57:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86501

Центарот на главниот град вчера (07.03) беше епицентар на сите случувања. Метежот, вреватата, хаосот на момент беа запрени, а сите улици воде кон главниот плоштад „Македонија“ и се тоа поради историската посета на Папата. Езуитот од Аргентина, Хорхе Марио Бергољо, некогашен надбискуп во Буенос Аирес, е Папа на католичката Црква. Папата Фрнциск вчера првпат во историјата беше во посета на главниот град Скопје. Тој пристигна во раните утрински часови, а неговата агенда се состоеше од посета и миса на плошатдот, средба со високи државни службеници, посета на Католичката црква...
Голем број верници,  граѓани од земјава, но и високи гости, верници и странски државјани, пред се од поширокото соседство беа присутни на плоштадот и ја следеа посетата на папата. Меѓу нив се најдеа и некои македонски јавни личности, меѓу кои и пејачката Елена Ристеска.
Елена истакна дека овој ден е посебен за неа, а на социјалните мрежи ги почасти фановите со неколку фотографии.

За Елена, освен што овој ден беше посебен поради посетата на Папата, таа се пофали дека и пронашла детелинка со четири листа.

Според верувањата оној кој најде детелинка со четири листа ќе го следи среќа.]]>

Овие детали од животот на папата не сте ги знаеле до сега: Кој е човекот што денес е во посета на Македонија? https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-detali-od-zivotot-na-papata-ne-ste-gi-znaele-do-sega-koj-e-chovekot-shto-denes-e-vo-poseta-na-makedonija/ Tue, 07 May 2019 12:15:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86436

Езуитот од Аргентина, Хорхе Марио Бергољо, некогашен надбискуп во Буенос Аирес, е Папа на католичката Црква. Папата Франциско по многу работи се разликува од претходно избраните. За првпат во историјата на црквата, еден бискуп го зема името Франциско, но и за првпат езуит е избран за папа, односно е прв папа кој доаѓа од Латинска Америка. Хорхе Марио Бергољо е роден а 17-ти декември во 1936-та година во Буенос Аирес, во семејство со пет деца, а неговиот татко бил италијански имигрант, поради што папата Франциско има и аргентинско и италијанско државјанство.
Дипломирал хемиска технологија, но подоцна се одлучил за свештенички повик и стапил во богословија. Во новицијат стапил на 11-ти март 1958-ма година. Хуманистички студии завршил во Чиле, а во 1963-та година, по враќањето во Буенос Аирес, завршил на Филозофскиот факултет во Сан Мигел. Папата Франциско како универитетски професор следните две години предавал книжевност и психологија на колеџот “Immacolata” во Санта Фе, а во 1966-та ги предавал истите предмети на колеџот “Salvatore” во Буенос Аирес. Од 1967-ма до 1970-та студирал теологија на Теолошкиот факултет во Сан Мигел.
За свештеник бил ракоположен на 13-ти декември 1969-та година, а во “Исусова дружба” го минал својот трет пробандат во 1970-та година. Во 1971-ва година во Алкала де Хенарес во Шпанија, на 22-ри април 1973-та ги положил своите доживотни завети. На 20-ти мај 1992-ра година Папата Јован Павле Втори го именувал за помошен бискуп на Буенос Аирес, а на 27- јуни истата година во катедралата во Буенос Аирес бил ракополжен од кардиналот Антонио Куарацина. За надбискуп коадјутор на Буенос Аирес бил именуван на 3-ти јуни 1997-ма година, а на 28-ми февруари, по смртта на кардиналот Куарацина, го наследил во надбискупската служба.
Како надбискуп патувал со јавни превозни средства, а наместо во бискупската палата, живеел во изнајмен стан, и со тоа го заслужил прекарот “кардинал на сиромашните”. Зборува шпански, италијански, а се служи и со германски јазик. Познат е и како добар готвач, љубител на опера, следбеник на грчката класика, Шекспир и Достоевски. Важи и за добар пливач, иако од детство има проблеми со белите дробови. Бил тутор за почетниците во Вила Барилара во Сан Мигел, професор на Теолошкиот факултет, консултант во својата провинција и ректор на колеџ. За покраински поглавар на Аргентина бил избран на 31-ви јули во 1973-та, и на таа позиција бил шест години. Меѓу 1980-та и 1986-та година бил ректор Филозофскиот и теолошкиот факултет, односно парохиски свештеник во Сан Мигел. Ги напишал книгите “Meditationes para religiosos” во 1982-ра, “Reflexiones sobre la vida apostolica” во 1986-та и “Reflexiones de esperanza” во 1992-ра. Бил ординариј и за верниците на источниот обред. Бил и Голем канцелар на Аргентинскиот католички универзитет. На 10-тото редовно општо собрание на Синодот на епископите во октомври 2001-ва бил генерален релатор. Од ноември 2005-та, до номеври 2011-та година бил претседател на Аргентинската бискупска конференција. Првиот кардинал од редот на ѓаконите, Жан Луис Тауран, во околу 20:15 часот на 13-ти март се појавил на ложата во ватиканската базилика и по традиционалната објава на латински “Hebemus Papam!” или “Имаме Папа” открил дека кардиналите тој ден за папа го избрале аргентинскиот кардинал Бергољо, кој го избрал името Франциско. Откако ги замолил верниците да се помолат за Бенедикт XVL, ги замолил да пратат Божји благослов и за него. Папата Франциско бил инаугуриран на 19-ти март 2013-та година како поглавар на Ватикан и Католичката црква. иѕвор: Курир.мк]]>

Горан Папаз ќе му свири на папата https://arhiva.vistina.com.mk/goran-papaz-kje-mu-sviri-na-papata/ Mon, 06 May 2019 11:48:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86202

Охриѓанецот Горан Папаз ќе свири пред папата Франциск за време на неговата посета на Скопје на 7 мај. На покана од Католичката црква, Папаз ќе биде специјален музички гостин и ќе настапи пред папата. Настанот ќе се одржи во дворот на католичката црква „Пресвето срце Исусово“ околу 14.30 часот, кадешто папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите. Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе“ и тие ќе се претстават со три композиции. „Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд“ - вели музичарот.]]>