пансион – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Nov 2023 08:07:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пансион – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Многу наскоро започнува новата сезона на „Преспав“, а еве која позната водителка ќе добие шанса да се покаже како актерка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mnogu-naskoro-zapochnuva-novata-sezona-na-prespav-a-eve-koja-poznata-voditelka-ke-dobie-shansa-da-se-pokazhe-kako-akterka-foto/ Tue, 07 Nov 2023 08:04:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325662

Неодамна започнаа снимањето на седмата долго очекувана сезона на најгледаната македонска серија „Преспав“. Актерската екипа, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Јелена Јованова, Дритон Вејсели, Игор Џамбазов, Адриан Азири, повторно се собра на сет и започнаа со снимања на новите епизоди кои во декември ќе започнат да се емитуваат на МРТВ. Оваа убава информација наедамна за армијата верни гледачи ја сподели Игор Џамбазов или брат Миле во поткастот кај Лазаров каде кажа: -Преспав ќе биде хаос. Не знаат што да му прават, а оваа сезона ќе биде ексклузивен ресорт. Ула ќе биде главна, Марио и Тони се во кавга, Исаура е трудна од Талат. Преспав повторно се обидува да стане светски хотел, а не може да се помири со судбината дека е еден обичен пансион, откри Игор. Ако вели дека ќе биде хаос, значи сигурно треба да се очекуваат урнебесни епизоди кои ќе не насмеат до солзи. Меѓутоа, освен актуелните актери, во една од епизодите во серијата ќе се појави и една наша македонска водителка, веќе искусна пред камерите на „Преспав“ и тоа по третпат. Имено, станува збор за Марјана Станојковска, која очигледно им се допадна на режисерите, па решија да и ја задржат улогата на репортерка што ја имаше од претходните сезони. Таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од студиото за време на снимање, облечена во секси црвен фустан, подготвена со сценариото од најави во рацете. Водителката снимаше и дел од атмосферата и делумно покажа како изгледа пансионот во седмата сезона. Освен Марјана која ќе се појави третпат во „Преспав“, од претходните сезони можевме да ги видиме со мини улоги и Лила Филиповска, Тамара Тодевска, Сара Мејс и Катарина Ивановска.]]>

Еве која е приватно Благородна, гостинката што го запали Коста во „Преспав“ со својот телесен раскош и отворениот брак (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koja-e-privatno-blagorodna-gostinkata-shto-go-zapali-kosta-vo-prespav-so-svojot-telesen-raskosh-i-otvoreniot-brak-foto-video/ Tue, 05 Jan 2021 08:25:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183934

Во најновата 11 епизода од 5-тата сезона на македонскиот ситком „Преспав“, насловена „Отворен брак“, во пансионот се ширеа секс вибрации кои ги предизвика гостинката Благородна или актерката Драгана Левенска. Благородна се појави на рецепцијата пред газада Коста и Талат, а со својот телесен раскош му направи експлозија во мозокот на Коста, а богами и на Талат. Дополнително за тоа придонесе што таа само за да не им плати, им фрли мамка со тоа што им кажа дека е во отворен брак со својот сопруг. Ловот на Косата почна веднаш, Ула полуде, а Благородна квалитетно му го „возеше“ филмот само за да си ја оствари својата цел.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Преспав (@pansionprespav)

Доколу им Вам ви „влезе во око“ Благородна, приватно станува збор за 35 годишната актерка Драгана Левенска. Драгана е македонска театарска и филмска глумица, најдобро позната на театарската публика. Дипломирала во Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, на отсекот за актерска игра во 2014 година, а од истата година е вработена во Македонскиот народен театар. Актерството е нејзината прва љубов уште од мали нозе. Иако првенствено се запишала на факултетот за книжевност, сепак не престанала да сонува за театарската магија, и таа желба еден ден и се остварила: „Отсекогаш сакав да бидам актерка, не знам за друга професија, освен за актерството. Кога завршив средно училиште, на академијата за драмски уметности таа година не примаа актери, морав да чекам две години, па затоа решив да запишам студии по книжевност, но на моја голема радост, во меѓувреме се случи отворањето на факултетот за радио-визуелни уметности ЕСРА, па така после една плејада на настани стигнав до крајната цел, вели Драгана за своите почетоци во едно интервју за „Fashionel.mk“ Денес театарот е нејзиниот најголем љубовник. Видеото од урнебесната епизода каде глуми Драгана се најде и на нејзиниот профил на Фејсбук каде доби ласкави комплименти од следбениците. Дололку ја пропуштивте оваа возбудлива епизода, задолжително ставете ја за гледање на вашето телевизиско мени. ]]>

И „Преспав“ е во карантин: Хаос и паника поради двајца суспектни на коронавирус (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/i-prespav-e-vo-karantin-haos-i-panika-poradi-dvajca-suspektni-na-koronavirus-video/ Mon, 27 Apr 2020 07:51:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146622

Корнавирусот не го одмина ниту  „Преспав“, па мораа да прогласат вонредба ситуација, да го стават пансионот под клуч во карантин, а затечените внатре да ги почитуваат мерките спроведени од главниот - инспектор Томе. Приказната почнува од мераклијата Коста, кој масирал една од гостинките, која пак наводно се заразила од корона од нејзиниот љубовник од Италија. По ваквите сознанија, инспектор Томе дојде да додели заштитна опрема, да им измери температура и да им каже дека нема мрдање. Од сите затекнати, Косата телесно гореше, е сега дали од сончање на плажа или од згодната гостинка, и самиот не знаеше. Останатите беа во паника, други си бркаа бизнис од ситуацијата, за на крај да стигнат тестовите и да излезе дека сите се негативни освен брат Миле кој веќе бил болен од корона и пренесен во битолската болница. Се' на се' една урнебесна епизода која во ова лошо време за сите, преспавци ќе ве изнасмеат од душа. Инаку,  епизодата Преспав „КОВИД еден без дваесет” е специјална епизода  со хумор и ведрина како добра емотивна поддршка во овие моменти кои бараат солидарност и заедништво. Епизодата се емитуваше на првиот канал на МТВ вчеравечер на 26 април, недела. Му се заблагодарувам на тимот кој работеше напорно изминативе денови за да се случи Преспав „КОВИД еден без дваесет“ на спонзорите и пријателите на „Преспав“, на вработените во МРТ и секако на нашите најблиски за безрезервната поддршка – објави продуцентот на серијата. Епизодата се реализираше од 21.04.2020 до 24.04.2020 во студијата на МРТ, при што покрај стандардите за продукција на ТВ програма во услови на пандемија, преземени беа дополнителни мерки за заштита на сите вклучени во продукцијата, според препораките на СЗО. Целиот тим работеше на епизодата волонтерски и доброволно, а средствата собрани од маркетинг пораките во епизодата ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за борба против COVID-19. ]]>