пансинон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 04 Dec 2019 08:33:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пансинон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Преспав“ го преселија во Бардовци: Пансионот во тотално лудило ја најавува четвртата сезона (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/prespav-go-preselija-vo-bardovci-pansionot-vo-totalno-ludilo-ja-najavuva-chetvrtata-sezona-video/ Wed, 04 Dec 2019 08:33:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122118

По завршувањето на третата сезона на популарната македонска хумористична серија „Преспав“, гледачите со нетрпение го очекуваа новото продолжение од омиленото раководство на пансионот „Преспав“. По толку чекање, сега се брои ситно до стартот на 4-та сезона која ќе започне со емитување на 18-ти декември на МРТ1. Прашања околу тоа што ќе се случува во новите 20 епизоди, има многу, а сега откако е пуштен тизер трејлерот, стана малку појасно дека во „Преспав“ ќе владее лудило. Па така, првата постава на актерската екипа останува речиси непроменета. Во главните улоги се: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели. Дополнително, во четвртата сезона, Емра Куртишова како Исуара и Владимир Тулиев како Дончо му се придружуваат на главниот каст. Освен тоа, очекувано, ќе се појават и нови ликови и гости во „Преспав“, а веќе на најавата е јасно дека ќе има доста хумор и со Сашко Коцев и гостите од Србија, Никола Којо и Анѓелка Прпиќ. Како што е добро познато, преспанци не минуваат без музика и песна, а како тематски композитор и овој пат е задолжен Мите Димовски. Во негововото студио „Тралала“, целата актерска екипа се собра во населбата Бардовци каде се создаваше музиката, па на некое време пансинот беше преселен таму. За потсетување, со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор. ]]>

„Преспав“ е во Преспа или на друга локација: Дознајте која е адресата на најпознатиот македонски пансион (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prespav-e-vo-prespa-ili-na-druga-lokacija-doznajte-koja-e-adresata-na-najpoznatiot-makedonski-pansion-foto/ Thu, 20 Dec 2018 08:07:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64101

Од неделава на Македонската телевизија започна да се емитува третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“ кој се снимаше изминатите неколку месеци. Бидејќи новогодишниот амбиент преовладува секаде, така мора да биде и во „Преспав“. Имено, Германката Ула или Тијана Дапчевиќ преку својот Инстаграм откри дека екипата од нејзиниот европски пансион е во предновогодишно расположение, па објави неколку фотографии за кои дополни дека се снима новоговишна епизода, па позираа заедно со рецепционерот Талат.
Но, на адреса „Преспав“ се најдоа и водителките на емисијата „Стисни Плеј“, Александра Јовановска и Јана Бурче.
Доколку не сте занеле, вистинската адреса, односно местото каде настануваат сите згоди и незгоди од сценариото или локацијата на снимање, е во Македонската телевизија која постави автентична сценографија. Доколку досега не сте имале можност да погледнете како тоа изгледа зад камерите, погледнете ги фотографиите од снимањето кои се најдоа на официјалниот Фејсбук профил на најпознатиот македонски пансион од преспанскиот крај, кој работи по европски стандарди или барем се труди.
фото:фејсбук/преспав]]>