панини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 May 2021 07:02:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png панини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Христијан Мицкоски со синовите Јован и Антониј подготвени да навиваат за Македонија: „Тројцата мускетари“ го комплетираа албумот на „Панини“ за ЕУРО 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/hristijan-mickoski-so-sinovite-jovan-i-antonij-podgotveni-da-navivaat-za-makedonija-trojcata-musketari-go-kompletiraa-albumot-na-panini-za-euro-2021/ Wed, 12 May 2021 06:56:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202108

Претседателот на најголемата и најбројна партија во Македонија, ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски покрај своите бројни политички активности и  обврските на факултетот како универзитетски професор, важи и за добар сопруг и посветен родител, како татко на своите  деца. Така, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ секој миг од своето слободно време го користи да биде со своите  два малолетни сина - Јован и Антониј кои со тато Христијан меѓу останатото се и  „најдобри другари“. Еуфоријата заради првиот историски пласман на фудбалска Македонија на едно големо натпреварување како што е престојното ЕУРО 2021 се' повеќе расте, за полека да ја достигне својата кулминација на денот на одигрувањето на првиот натпревар. Во меѓувреме, официјалниот албум со сликички на „Панини“ на репрезентациите учеснички на  ЕУРО 2021 и нивните фудбалери е убаво  загревање, одлична увертира не само за пасионираните колекционери, туку за сите нас, па сликичките за кои владее невиден интерес како никогаш досега, ги собира и старо и младо, полнејќи го албумот. Ги собираат сите, ги собираат и тие тројцата: Христијан Мицкоски и неговите синови Јован и Антониј... Или поточно, малите колекционери вчеравечер го израдуваа тато дека ги нашле и залепиле и последните пет сликички што им недостасувале и со тоа го комплетирале албумот. Радосната вест „тројцата мускетари“ ја соподелија и на социјалните мрежи. Поточно тато Христијан ја сподели на својот Фејсбук профил каде објави неколку фотографии  покрај кои напиша: „Долг, тежок, напорен ден со прекрасен крај. Двајцата дома ме чекаат и во еден глас ми велат: тато ги залепивме последните пет што ни фалеа..., го наполнивме албумот, не оној семејниот, туку оној од ЕУРО 2020, со Горан, Столе, Аријан, Стефан, Дарко, Енис, Елиф и останатите македонски херои, нашата гордост. Ова е првиот албум на Антониј и трет на Јован, продолжуваме јунаци заедно..., и секако навивањето за нашата Македонија!“ Фото: Фејсбук принтскрин/Hristijan Mickoski  ]]>

Кој го „избриша“ сонцето што „денес над Македонија се раѓа“ од националниот дрес на македонските фудбалери во албумот на „Панини“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-go-izbrisha-sonceto-shto-denes-nad-makedonija-se-ragja-od-nacionalniot-dres-na-makedonskite-fudbaleri-vo-albumot-na-panini-foto/ Thu, 15 Apr 2021 09:00:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199103

Фудбалска Македонија испишува историја. Нашата А репрезентација за прв пат на едно големо европско натпреварување, на ЕУРО 2021. Радоста е голема, уефоријата уште поголема. И додека со нетрпениe го очекуваме првиот историски настап на нашите најдобри фудбалери на најголемиот европски собир, како и цела Европа и македонските пасионирани фудбалски љубители и колекционери уживаат во Панини магијата, собирањето на официјалниот, но и култен албум со сликички за претстојното ЕУРО, кој за за прв пат е отпечатен пред половина век, во 1970 година. Во Македонија  еуфоријата за собирање на сликички во полн замав. Се продаваат како никогаш до сега, ги собира и младо и старо, се купуваат по цели кутии, а залихите ги снемува за неколку часа. За ова Европско првенство еуфоријата е дотолку поголема, токму заради  присуството на нашата репрезентација и нејзините фудбалери во албумот на Панини. Но, оние што го собираат албумот веднаш забелжаа нешто, што никому не му се допадна. И тоа е уште еден исклучок, кој е направен само во случајот на фудбалска Македонија. Имено, уште кога ќе ви падне првата сликичка со ликот на некој од нашите фудбалски репрезентативци, веднаш забележувате дека за разлика од играчите на буквално  сите останати репрезентации кои се во своите стандардните дресови со националните обележја на своите земји, нашите Пандев, Елмас, Нестороски, Барди, Адеми, Алиоски... сите до еден  се во обични „Jako“ маички за тренинг. Оттаму и прашањето за челниците и особено претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини,  дали и кој требаше да води сметка, да направи проценка за важноста на симболиката на националниот дрес, особено ако со него фудбалерите, а и спортска Македонија испишува историја? Кој и зошто, случајно или не, „го избриша сонцето што денес над Македонија се раѓа“ од македонскиот национален дрес на фудбалските репрезентативни избраници, па истиот го замени со обична бела тренинг маичка? Историјата останува меѓудругото и во колекцијата на Панини, но за жал, кога е Македонија во прашање, само како бела маичка за на пауза меѓу два натпревари! А колку што се химната и знамето државни симболи и обележја на една нација, толку е и оригиналниот дрес кој  избраниците со гордост го носат, симбол на државата и сите нации кои живеат во неа, кога е репрезентативниот спорт, во случајов фудбалот, во прашање! Впрочем, неагилноста и неажурноста на челниците на ФФМ може да се види уште штом ќе го отворите официјалниот сајт, официјалната веб страница на Фудбалска Федерација на Македонија. Неажурирана, со бајати фотографии на А тимот кој ни донесе историска гордост, во кој половина од нив веќе и не се репрезентативци,  со „последни“ квалификации за ЕУРО 2016, додека оние кои не однесоа во Европа од ЕУРО 2021 - никаде ги нема во менито. Како и кога ќе кликнете на „стручен штаб“ тој воопшто не постои и го нема во менито! Наместо ликот и биографијата, резултатите, постигнувањата на предводникот на херојската генерација, Игор Ангеловски „Мрме“ и неговите помошници, советници, физиотерапевти, кондициони тренери, тренери на голманите... добивате само едно срамно: „Нема содржини во оваа категорија“! Страшно, срамно, понижувачки... Ако е до парите - не ќе е, зашто од друга страна за ФФМ се зборува дека врти милиони! До немарност, негрижа, незнаење, немање „чувство за осет“, сенс за она што им е должност, обврска, задача, работа... До тоа ќе да е!?  А за волја и желба, љубов и ентузијазам и да не зборуваме! За жал, трагедија од три букви: ФФМ!    ]]>

Пристигна албумот на Панини во Македонија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pristigna-albumot-na-panini-vo-makedonija-foto/ Sat, 03 Apr 2021 08:08:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197384

Oд 02. и 03. април 2021 год. и  официјално се пуштаат во продажба албумите на Панини во Македонија за претстојнтоо Европско првенство во фудбал, ЕУРО 2021. Пласманот на македонската фудбалска репрезентација донесе голем интерес за овој албум, кој годинава македонските фанови ќе имаат посебен мотив да го наполнат затоа што во него се и нашите репрезентативци. Според првите информации, албумот ќе се продава по цена од 80 денари, а со него веднаш добивате и едно пакетче сликички гратис.Цената за едно пакетче со пет сликички внатре,  се продава за 40 денари.
]]>

Македонија во албумот на „Панини“ за ЕУРО 2021 и новиот дизајн на дресовите на фудбалските репрезентативци https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-vo-albumot-na-panini-za-euro-2021-i-noviot-dizajn-na-dresovite-na-fudbalskite-reprezentativci/ Wed, 24 Mar 2021 14:04:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195656

На социјалните мрежи беше објавен дел од албумот за следното Европско првенство ЕУРО 2021, а таму за првпат се наоѓа и македонската фудбалска репрезентација.
Имено, Македонец кој живее во Швајцарија ја сподели оваа фотографија, а наскоро се очекува во нашата земја, како и во останатате европски земји, албумот да биде во продажба.
Вообичаено албумите на „Панини“ за европските и светски шампионати излегуваат овој месец, но сега поради пандемијата на коронавирусот излегувањето на албумот е пролонгирано.
Во делот каде што е македонската фудбалска репрезентација, се наоѓаат играчите: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Аријан Адеми, Езѓан Алиоски, Енис Барди, Елиф Елмас, Тихомир Костадинов, Бобан Николов, Стефан Спировски, Илија Несторовски, Горан Пандев, Влатко Стојановски, Александар Трајковски и Иван Тричковски. Во исто време на Фејсбук страницата на дигиталниот магазин за макадонски фудбал насловен „Прва лига“, се појави скица од новиот дизајн на дресовите на македонската фудбалска репрезентацијата. Нив македонските  репрезентативци би требале да ги носат на претстојното ЕУРО 2021.

Горан Пандев на пакувањето од кесичките со сликички на официјалниот албум на Панини за „ЕУРО 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/pndevna-pakuvanjeto-od-kesichkite-so-slikichki-na-oficijalniot-album-na-panini-za-euro-2021/ Thu, 04 Mar 2021 13:57:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192607

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација  Горан Пандев се најде на пакувањето од кесичките со сликички на официјалниот албум на Панини за Европското првенство ЕУРО 2021, кое заради коронапандемијата е померено од лани, за во јуни годинава. Ова е голема чест за Пандев кого италијанскиот производител одлучи токму него да го стави. Ова е издание до душа е наменето за купувачите во Велика Британија, но нема да биде изненадување доколку Пандев биде и на изданието што ќе се најде на нашиот пазар. Напротив, дури тоа би бил и добар маркетиншки потег на Панини.]]>