панчо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Dec 2023 10:13:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png панчо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо – ДНК жестоко го впери прстот во поедини колеги од естрадата и јавниот живот: “Сите кои си ги промовирате вашите настани на овој ден сте обични бедни безрбетници“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-zhestoko-go-vperi-prstot-vo-poedini-kolegi-od-estradata-i-javniot-zhivot-site-koi-si-gi-promovirate-vashite-nastani-na-ovoj-den-ste-obichni-bedni-bezrbetnitsi-foto/ Wed, 06 Dec 2023 10:08:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330104

Огромната болка по невидената трагедија што деновиве ја потресе македонската јавност се' уште не стивнува. Можеби шокот и неверувањето полека се претвораат во соочување со реалноста од која нема враќање, но од трагедијата  треба да се извлечат поуките и направи се' вакво нешто никогаш и никому да не му се повтори. По трагедијата емпатија и сочувството беа речиси колективна одлика на целата нација која тагуваше по невината жртва, чиј детски живот наслино беше одземен. Но, како што вели старата поговорка: „Во секое жито мора да има и плевел“, го имаше и овој пат, во овој случај. Како што веќе пишувавме кога веќе политиката немаше ни доблест ни совест да прогласи ден на жалост, другите имаа. ТВ емисиите од забавен карактер беа откажани, настаните и концертите – одложени, промоциите на нови песни и музички видеа - пролонгирани... Зашто ако имате барем тронка чувство на емпатија, барем парче душа пред ваква трагедија, не ќе имате совест да се однесувате како ништо да не се случило. Особено ако професијата ви е да ги забавувате масите, а  никому не му е до забава. Тоа бргу го сфатија повеќето од естрадно-забавниот свет, иако некои не веднаш и не баш сите… Ова изнервира многумина кои коментираа на социјалните мрежи жестоко реагирајќи на тоа како може во вакви моменти на траор и тага некој да си тера забава, веселба, музика, да си промовира ивенти, настани, настапи... Ако веќе власта нема сенс за тоа дека во вакви околности Македонија барем 24 часа требаше да биде земја на тагата, како што тоа на пример го направи соседна Србија која се случи масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, тогаш секоја индивидува  мораше да има барем малку душа да ја сподели тагата за невино загубената детска душа. Еден од оние кој најмногу изнирверина најжестоко изреагира на социјалните мрежи вперувајќи го прстот во своите „неразумни и бездушни колеги“ од естрадата кои ја игнорираа болката и тагата по објвата за смртта на малата Вања, беше Панчо - ДНК. Владимир Блажев како што му стои во личната карта и овој пат имаше што да каже и кого да прозве крајно изнервиран од односот на некои свои колеги кон „траорната стварност“!  Изваден од такт, тој своите профили на социјалните мрежи ги опсипа со жестоки „комплименти“ оние свои колеги кои ниту смртта на малото девојче не ги допрела, па како да ништо да не се случило си ја терале својата испланирана агенда од промоции, настапи, ивенти, прослави, родендени... На таквите пејачки, старлети, инфлуенсерки... естрадни јавни фаци,  Панчо им порача:   Фото: Facebook/Vladimir Blazev]]>

„Посреќна“ на Врчак и ДНК е многу слушана, ама Панчо објави дека е посреќен од било кога заради една сосема друга работа (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/posrekna-na-vrchak-i-dnk-e-mnogu-slushana-ama-pancho-objavi-deka-e-posreken-od-bilo-koga-zaradi-edna-sosema-druga-rabota-foto/ Thu, 23 Nov 2023 09:53:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328238

Новата  заедничка песна на ДНК и Врчак - „Посреќна“  е многу слушана. од нејзиното излегување за миг стана ултрахит, со огромен број преслушувања, вртења по радиостаниците ширум Македонија иилјадници прегледи на Јутјуб и по социјалните мрежи. Полн погодок како и досега, со тоа што интересот за враќањето на Врчак на сцената кое сите долго го очекуваа, на Андреј и Панчо и дополнително им ја крена популарноста. Радоста секако неизмерна, а Панчо истата не ја криеше, па ја обзнани, како и благодарноста за поддршката до нивните обожаватели и фанови! Арно ама Владимир Блажев, како пшто му стои во личната карта или само Панчо како што го знаат на естрадата, кога не е ар ен би изведувач е и ДЈ и тоа познат под уште еден уметнички прекар како ДЈ Шорти! Кога нема обврски со ДНК, пушта музика. По кафулиња, ноќни локали, клубови, дискотеки, приватни забави... Секаде каде што ќе го повикаат. И додека добар дел од останатите ДЈ-и можеби ги бираат и селектираат настапите, Панчо покажа зошто периодов е неизмерно горд, радосен и среќен. Да,  можеби „Посреќна“ на Врчак и ДНК е многу слушана, ама Панчо објави дека е посреќен од било кога заради една сосема друга работа. Имено, тој како ДЈ Шорти имаше свој настап на едно навидум сосема невообичаено место, иако студентските забави не се ниту непознати, ниту невобичаени и тоа наназад со децении. Можеби не е баш секојдневна појава некоја позната ѕведа на нив да се појави со своја изведба, сеедно дали е пејач, пејачка, група или ДЈ, кој е познато име и презиме на естрадата! А токму Панчо или во случајов ДЈ Шорти беше тој на кој студентите широко му отворија порти на нивната студентска забава во скопскиот студентски дом „Пелагонија“. Панчо не само што не ги изневери, туку и самиот беше изненаден, воодушевен и горд на својот настап токму на ваква локација за една нова студентска генерација, која како и тој покажа дека зне што е тоа добра забава и фантастична размена на позитивна енергија! По ДЈ сетот  за студентите и забавата која долго ќе им остане во сеќавање и ним и нему, Панчо не одлеа приказната да не ја обзнани на социјалните мрежи, со свое видување и став околу неговиата одлука да биде ДЈ на студентска забава, па еве што на својот Фејсбук напиша: „Ми се смееја зошто сум прифатил да пуштам во студентски дом….. Тоа требало да ми биде испод чест со оглед на мојата репутација. Ја само им се насмеав и им кажав дека ќе им испратам видео од самото место. Обожавам вакви места, ја сум дете на народот и никогаш не сум се гледал повеќе од останатите луѓе. За мене сите сме исти. И да бидам искрен, сите кој беа присутни беа дојдени за да се забавуваат и ширеа само љубов и позитивна енергија. Студенти бре, чисти души! Местото е мало но има поубава енергија од најубавите и најскапите локали низ Македонија, а најбитно од се, и покрај малата квадратура, евтината карта и пијачка, дечкото што ме покани (Благојче) не се ценкаше за хонорарот за разлика од некои “големи газди“ ! Студентски “ПЕЛАГОНИЈА” ве ОБОЖАВАМ!!!“ - споделил во својот емотивен статус Панчо по неговиот прв, се надеваме не и последен, студентски ДЈ сет. Фото: Instagram/djshortypofficial/ Видео: Facebook/Vladimir Blazev]]>

Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе: Не можеше да се изначуди ни самиот Раде, како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-e-do-kamerata-dali-e-do-skalite-ili-do-dolgite-manekenski-noze-ne-mozheshe-da-se-iznachudi-ni-samiot-rade-kako-toa-toj-e-povisok-od-nea-a-manekenkata-mozhe-burek-od-glava-da-mu-jade-foto/ Tue, 07 Nov 2023 10:06:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325732

Како што вети, Раде Врчаковски - Врчак ветеното по се' изгледа почна и да го остварува и полека да се враќа на естрадната сцена, со што израдува многумина. Особено припадничките на понежниот пол се посреќни, зашто русокосиот рапер беше нивни идол, со неговите песни растеа, се радуваа, плачеа, вљубуваа, водеа љубов, раскинуваа... А многумина од нив и во него самиот беа „зацапани“! Некои, веројатно се'  уште и се! Врчак со помош на своите стари пријатели од времето на продукција „Република“, Андреј и Панчо од ар ен би дуото ДНК, деновиве престојуваше во Белград. Таму го снимаа видеото за нивната најнова заедничка, за Врчак и повратничка песна, која претходно ја снимија во студиото на проверениот хитмејкер и музички продуцент, Лазар Цветковски. Спот како спот, несомнено ќе биде на нивото кое ДНК  досега го прикажуваат, а во видеото како по обичај мора да има и убави девојки, што на Андреј и Панчо исто така им е вообичаена пракса. Впрочем, стројните манекенки и топ модели отсекогаш ги имало во нивните спотови, па од тоа не отстапиле ниту овој пат. Јавноста не можеше да биде „Посреќна“ (како што им се вика и новата заедничка песна) откако ја дозна веста и ги виде најавните фотографии од снимањето. Тројцата стари пајташи одново заедно еден до друг, рамо до рамо во новото видео. Арно ама, сижето на прикаската е такава, што „рамо до рамо“ или поточно, „лице в лице“ одблизу мора да бидат и главниот протагонист и неговата партнерка во видеото, во случајов стројната манекенка. И види сега неволја или барем нејаснотија, на која никако не може да и се изначуди ни самиот Раде: Како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?!  Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе, има ли некој да одгатне, мили Боже? Во прашање е „оптичка илузија“ или чиста конфузија кога се сантиметрите во прашање, што воопшто и не е така важно? Важно е да има љубов, па макар и на спот, зашто гледано во глобала, телата се изедначуваат кога ќе се најдат... „во хоризонтала“! Тогаш воопшто не е важно дали е повисока, важно е да е... „Посреќна“! Фото: Инстаграм и Фејсбук/djshortypofficial/Раде Врчаковски  ]]>

Некогаш даваше чесен Титов пионерски збор, а денес е музичка ѕвезда која дава се од себе на сцената за својата публика: Можете ли да го препознаете, денес е ДЈ и 1/2 од познатото македонско ар-ен-би дуо? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogash-davashe-chesen-titov-pionerski-zbor-a-denes-e-muzichka-zvezda-koja-dava-se-od-sebe-na-stsenata-za-svojata-publika-mozhete-li-da-go-prepoznaete-denes-e-dj-i-1-2-od-poznatoto-makedonsko-ar-en-b/ Tue, 10 Oct 2023 07:54:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321791

Детството е велат, најубавиот дел од животот. Уште ако е  исполнето со семејна топлина, љубов и радост, безгрижно и среќно, е тогаш навистина нема ништо поубаво отколку да си среќно дете. А повеќето од нас тоа и биле, па со радост неретко си го враќаат филмот, патуваат по спомените и сеќавањата на годините кога зачекорувале во животот и светот на возрасните. Тогаш како слатки мали момчиња или девојчиња, подоцна секој по својот пат, со својот к'смет, умеење и знаење, низ трње до ѕвездите, некои за жал и обратно... Оформувањето на личноста и карактерот доаѓа со воспитанието од дома, едукацијата на училиште, друштвото на улица, искуството... Ама затоа пак трансформацијата на ликот е природен процес чија метаморфоза зависи од годините, возраста, генетиката, животните околности во кои си растел, си се развивал, си живеел... Некои и денес личат на себе или барем потсетуваат во ликот, па не е тешко да ги препознаете, некои баш и не, зашто физички тотално се промениле. Ако се' уште не успеавте да го препознаете  оваој мал „жолтоклунец“ - некогашен Титов пионер, да ве потсетиме дека денес изгледа прилично поразлично... Можеби не пораснал многу во височина, ама затоа пораснал до небо кога е неговата музичка кариера во прашање. Затоа, ако некогаш даваше чесен Титов пионерски збор,  денес е музичка ѕвезда која дава се од себе на сцената за својата публика. Без оглед дали ќе се појави на истата таа сцена како клубски ДЈ или како 1/2 од познатото македонско ар-ен-би дуо! Еднаш е ДЈ Шорти, друг пат Панчо, ама секако во документите за лична идентификација е Владимир Блажев, кого сите го знаат како од ар-ен-би дуото ДНК! А кога сме веќе кај детството и генетиката... Можеби на сликава ќе пепознаете некој што многу личи на оној малиот „пионер“ од старата фотографија погоре, односно на овој во средина со сончевите очила? Фото: Инстаграм/djshortypofficial]]>

Панчо-ДНК му беше гостин на Елиф Елмас во Неапол: ДЈ Шорти на ѕвездената прослава на шампионската титула на Наполи (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-beshe-mu-beshe-gostin-na-elif-elmas-vo-neapol-dj-shorti-na-zvezdenata-proslava-na-shampionskata-titula-na-napoli-foto-video/ Wed, 07 Jun 2023 08:55:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305246

Не е тајна дека на Панчо-ДНК  покрај музиката спортот му е втора љубов... И самиот несуден спортист, секој успех, секоја победа и уште повеќе титула на некоја македонска екипа или поединц го прави горд Македонец, па затоа Панчо е многу повеќе од само пасиониран љубител или обичен навивач. Тој едноставно се соживува и живее со спортот и спортските подвизи на нашите спортисти. Така, откако беше дел од снимањето на докумантарецот за животот и кариерата на македонската фудбалска легенда Милко Ѓуровски  во кој учествуваше и неговиот брат Бошко, на Панчо му се укажа можност за уште едно несекојдневно уживање.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Искуство какво што можеби се доживува еднаш во животот, зашто до шампионската титула во калчото не се доаѓа лесно, а тоа по чекање од 33 години му се случи на Наполи, клубот во кој важна алка до титулата  беше и нашиот фудбалски дијамант, Елиф Елмас. Токму дружбата на фубалерот и музичарот уште отпорано, придонесе Панчо заедно со композиторот и продуцент Лазар Цветковски и уште неколку другари да бидат радо видени гости на Елмас и останатите поединци од Наполи на последниот натпревар и деновите потоа при прославата на титулата.
 
„Градот кој живее за фудбалот го крена пехарот после 33 години! Пред се пресреќен и горд сум на Елиф за неговиот огромен успех кој е само почеток, и воедно сум убеден дека фудбалскиот свет допрва ќе слуша за тивкиот, воспитан и ненаметлив Македонец кој доаѓа од скопски Бутел спремен да го покори фубалскиот свет и испишува историја преставувајќи и промовирајќи ја нашата земја Македонија“ - споделил Панчо покрај фотографиите од градската прослава на Наполи, заблагодарувајќи му се на Елмас  за укажаната можност и гостопримство. А Елмас како добар домаќин и пријател ги угости и удостои со се што е потребно Панчо и екипата, па дури и ги одведе на забавата која во еден ноќен клуб се одвиваше како дел од славеничката журка на поедини фудбалери на калчо шампионот Наполи. Најдобриот калчо стрелец Виктор Осимен или мозокот на екипата Пјотер Зјелински, како и еден од столбовите во одбраната Рахмани беа само дел од ѕвездите на Наполи со кои Панчо дружбата ја овековечи во заедничко селфи.
 
Ама затоа дружбата во ноќниот клуб беше незаборавна... Се пуштаа познати хитови, се пееше и танцуваше, до доцна во ноќта... На заминување, со носталгична фотографија полна спомени која Панчо ја сподели додека авионот го напушташе небото над Неапол, македонскиот ДЈ и ар ен би артист постирал: „Чао наполи, се гледаме наскоро“! Фото: Инстаграм принтскрин/djshortypofficial  ]]>

ДНК направија концерт за историја: Битот вткаен во македонскиот музички код (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-napravija-koncert-za-istorija-bitot-vtkaen-vo-makedonskiot-muzichki-kod-foto/ Mon, 05 Dec 2022 08:32:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278543

Она што го ветија Панчо и Андреј од македонското ар ен би дуо ДНК и го остварија... Направија концерт за историја. Во саботата вечер, на 3-ти декември 2022 година А1 арената „Борис Трајковски“ беше претесна да ги прими сите нивни фанови и останатите посетители кои ја исполнија до ниво да нема „игла каде да фрлиш“. Нешто што ретко им се случува дури и на регионалните и светските музички ѕвезди кога доаѓаат во Македонија, а од домашните можеме едвај уште една-две на прсти да изброиме што тоа го направиле, како „Меморија“, на пример. Амбиент како што секој музичар посакува, а за ДНК дефинитивно ова беше настап на кариерата. Токму затоа можеби Панчо, Андреј и нивниот бенд  кој функционираше беспрекорно моќно и прецизно  како германска машинерија,  дадоа се од себе, да возвратат онака како што нивната публика од нив очекува... Со сето свое срце и душа,  вткајувајќи го сопствениот бит во македонскиот музички код! Како печат со кој за заверија својата дваесетгодишна кариера застанувајќи на пиедисталот на најдобрите и најголемите домашни музички артисти, кои слободно можат да им парираат и да се носат со  оние од регионот. Почнувајќи го настапот со најновата „Романи“, преку нивните постари и добро познати хитови кои публиката, особено онаа помладата, која расте со нивната музика во еден глас ги пееше од првиот стих заедно со препознатливите рефрени, па се до моментите кога на бината заедно со ар ен би дуото се појавуваа нивните специјални гости. Од бит бокс, преку македонски фолклор, до трап и поп... Така, Наум Петрески уште еднаш потврди дека полека станува жива македонска фолк легенда... Таско и Јанг Дади се иднината на новите жанрови, Ена  е македонска поп принцеза, а Тамара неприкосновена господорка на сцената... Џамбо и неговиот блех оркестар Агушеви се светски бренд... Впрочем како и поголемиот дел  сите споменати, доколку би немале „географски хендикеп“ да живеат во Македонија. Да бевме некаде посеверно во Европа, ќе беа европски музички ѕвезди, што и вака секако не им ја намалува вредноста. Напротив, гордоста е поголема што имаме наше, не помалку добро и квалитетно од она туѓото! ДНК и нивните гости секој на свој начин атмосферата ја доведуваа до еуфорија, со секоја нова песна, со секој нов перфоранс кој публиката ја фрлаше во транс. Посебни моменти во целиот 120 и кусур минутен концерт имаше неколку. Секако покрај специјалните гости, моментот на илјадници запалени блицови и светла од мобилните телефони направија ѕвездено небо, невидено и незапаметено уште од времето на концертите на Тоше. Токму една негова песна ДНК, односно Панчо изведоа, „замолкнувајќи“ ги злобниците дека е само „добар рецитатор“! Кога сме кај Тоше и останатите познати или нам и ним блиски луѓе кои „повеќе ги нема“, ДНК направија оваа вечер да бидат најприсутни, како да се тука меѓу нас, иако никогаш и не излегле од нашите срца. Имено, уште во самите најави на концертот како и на прес конференцијата одржана неколку дена пред истиот, ДНК обзнанија дека  голем дел од средствата собрани од продажбата на билетите ЦД-ата ќе бидат донирани во хуманитарни цели, односно доделени на фондацијата „Марко Божиновски“ во која членуваат Панчо и Андреј и се големи поддржувачи на истата, формирана по ненадејната смрт на младиот македонски ракометар. Тоа неколкупати го повторија на самиот концерт , а кулминацијата следуваше кога на сцената се појавија Џамбо Агушев и неговата блех дружина и заедно со Андреј, Панчо и бендот и секако публиката во еден глас ја изведоа „Ако утре ме нема“! Во тој момент на големите екрани одеа фотографии на познатите македонски музички ѕвезди кои прерано заминаа и не се повеќе со нас... Од Есма, Драган Вучиќ, Вања Лазарова, Бојс, Ацо Конга, Дуле Љубисављевиќ, Зафир Хаџиманов, Зоран Џорлев, Дј Ицко и Дј Бабура... Па се' до Тоше и секако ликовите на некои од починатите родители на членовите на ДНК. Момент на силна порака дека не само хуманоста, туку и љубовта треба да ја шириме и практикуваме, да се сакаме и почитуваме, да се дружиме и помагаме... најмногу додека сме живи! За утре кога ќе не нема, некои други деца со гордост на нас да се сеќаваат и со пиетет да не споменуваат! Завршницата со песните од почетоците како „Полна месечина“ или „Илјада ѓаволи“ до крај „ја запалија“ ионака веќе доволно „разгорената“ атмосфера, која беше величествена. „Се вели, среќата е единствената работа што се множи кога се дели, а ние сме среќни што имаме пријатели како вас, среќни сме што имавме со кого да ја споделиме нашата љубов, емоции и музика и среќни сме што бевте и сте до и со нас“ - порачаа по концертот ДНК. По сето прикажано, ние можеме само да им возвратиме: ДНК -  долу капата!    ]]>

ДНК за 20 години постоење досега испишаа музичка историја, а отсега и – „Романи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-za-20-godini-postoenje-dosega-ispishaa-muzichka-istorija-a-otsega-i-romani-video/ Thu, 24 Nov 2022 07:18:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277172

Не, не ништо не, овие години не промениле, срце полно рани, рани, рани, рани, во душа празни страни, непишани романи... вака гласи рефренот од новата тема на ДНК, со наслов „Романи“, а со која момците го заокружуваат последниот студиски материјал „Дваесет“, кој својата новинарска промоција ја доживеа во средата, 23 ноември 2022, точно напладне на ПРЕСС конференцијата во „АБЦ Мош“ во Скопје каде премиерно беше претставен албумот, но и беа соопштени сите детали за претстојниот голем концерт.

„’Романи’ е една убава љубовна тема. Метафорична приказна, несекојдневен спој и песна со неочекуван рефрен, нешто што ете го чувавме како последнo парче од приказната наречена „Дваесет“, албум што значи заокружување на овој наш 20-годишен јубилеј“, велат Панчо и Андреј.

Круна на славењето ќе биде големиот концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“, кога двоецот заедно со сите свои фанови од сите генерации ќе го одбележи убавиот јубилеј.

Темата „Романи“ е дванаесетто парче на албумот, што во продажба ќе го има на самиот концерт, а освен што дел од собраните средства ќе бидат насочени во хуманитарни цели, сите оние кои сакаат да имаат потпис и фотографија со Панчо и Андреј тоа ќе можат да го направат по завршувањето на концертот. Панчо и Андреј ќе останат во салата сѐ додека фановите тоа го бараат од нив. На материјалот уште се ставени и темите „Кога би знаела сѐ“, „Ромео и Јулија“, „Ние“, „Македонија на Европско“...

Инаку, видеото за „Романи“ е снимено во Турција и е со потписот на Даниел Јовески, а со поддршка на Fibula Travel и Kirman Calyptus. Во кадрите, кои ја следат приказната од текстот, освен Панчо и Андреј се појавува и моделот Ана Парлапанова.

Погледнете го видеото во продолжение и уживајте во нивните музички „Романи“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Му дадоа да каже нешто за ДНК, а тој им се „изнаруга“ со потсмев: Слаткар само сакаше да се „пошегува“ со Панчо и Андреј или сепак во секоја шега има и половина вистина? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mu-dadoa-da-kaze-neshto-za-dnk-a-toj-im-se-iznaruga-so-potsmev-slatkar-samo-sakashe-da-se-posheguva-so-pancho-i-andrej-ili-sepak-vo-sekoja-shega-ima-i-polovina-vistina-video/ Wed, 16 Nov 2022 08:41:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275971

Пред големиот концерт закажан за 3-ти декември 2022 во арената „Борис Трајковски“ во Скопје,  членовите на ар-ен-би дуото ДНК  како дел од својата рекламна кампања за големиот настан проследен со јубилеј - 20 години постоење, споделија снимено видео во кое голем дел познати лица од македонската естрада кажаа што мислат за нив, преку одговорот на  прашањето: „Што прво ви паѓа на памет кога ќе се спомне ДНК?“ Познати спортисти, ТВ водители, музичари, пејачки и пејачи од Македонија и регионот преку своите одговори им испратија своевидна честитка за јубилејот и поддршка за работата и претстоечкиот концерт, а сето тоа спакувано во специјална видео-порака. Видеото полно со  честитки за јубилејот  и дузина желби за многу среќа и успеси, од сите и тоа секој на свој начин. Сите освен еден... Имено, меѓу сите ѕвезди во видеопораката и тој, Марко Маринковиќ попознат како Слаткаристика.  Ионака познат по својот „мрсен“ вокабулар полн со „сочни пцости“ Слаткар и овој пат сакал да остане свој дури и во честитката, арно ама... По се' изгледа се надминал себе си во „дозата сарказам во хуморот“, кој  речиси никој, освен тој самиот не го сфатил онака како што го замислил! Имено, на некогашниот рапер од Ново Лисиче, музички „лут ривал“ на ДНК, по се изгледа овој пат ривалитетот му надвладеал над желбата за добри намери. Или барем тоа така изгледа и звучи во неговата „игнорантска“ видео - честитка до ДНК!?  Па, наместо од срце кажани убави зборови или барем протоколарни комплименти, излезе дека Слаткар им се „изнаруга“ со потсмев на Панчо  Андреј. „Као Македонец традиционалиста, за мојата 'као конкуренција', мислам се' најлошо. Значи, не можам да ги смислам. Прво што ми текнуе е на оние ДНК анализи од оние крими-џими филмои. Иначееее... на друго ништо не ми текнува“ - порачал М.М. во видеото. Дали Слаткар само сакаше да се „пошегува“ со Панчо и Андреј, па тоа испадна како што испадна, а јавноста „погрешно“ го протолкува или сепак во секоја шега има и половина вистина, проценете самите? Каква и да ви е Вам проценката, а на Слаткар намерата, сепак некако останува впечатокот дека... Таму каде што има чад има и оган!? Особено ако се знае дека не така оддамна, Слаткар и Панчо и не беа баш во најпријателски односи, иако подоцна обајцата како да ја „спуштија топката“ и ги „закопаа воените секири“. Дали некое „жарче конкурентска нетрпеливост“ сепак остана да тлее или тоа баш така и не е, туку случајно, несакајќи се поклопија некои нешта во „честитката“ на Слаткаристика пред големата концертна фешта на ДНК - за јавноста останува недомица? А за Андреј и Панчо...? Зависи! Кој како ги поима нештата!      ]]>

20 години „ДНК“: “И денес сме исти како на почетокот, ама тоа нѐ одржа во живот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/20-godini-dnk-i-denes-sme-isti-kako-na-pochetokot-ama-toa-n-odrza-vo-zivot-video/ Mon, 04 Jul 2022 08:54:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256828

 Македонското ар ен би дуо ДНК оваа година слават 20 години јубилеј. Андреј Ѓоргиески и Владимир Блажев - Панчо неодамна ја почнаа турнејата со настапи низ Македонија, а јубилејот ќе го завршат на есен, со промоција на нов албум и голем концерт во Скопје.
Пред да станат ДНК, двајцата членуваа во други бендови. Андреј беше во ТНТ, а Панчо во ОК. Но кога нивните бендови се распаднаа, велат, решиле да пробаат нешто заедно. Немале очекувања и мислеле дека ќе траат само неколку години. „Не верувавме дека ќе дојдеме до дваеска“, ни кажаа во разговорот. Андреј за себе вели дека е смирен, а Панчо е бунтовникот кој секогаш гласно кажува што мисли. „Слични сме карактерно, ама и различни и најверојатно тоа нè држи заедно сите овие години. Андреј многу пати го јадел заради мене, ама знае дека работите не ги правам за внимание и собирање поени“, вели Панчо во муабетот за „Репортер“. Дури и кога се сликаат со луѓето за кои  донираат, тоа го прават за да поттикнат и други да се вклучат во иницијативата, велат тие, не за да се фалат што направиле. Забавни, секој на свој начин, Панчо и Андреј ни раскажаа интересни приватни приказни. Панчо ни кажа дека на снимањето на новиот спот првпат пробал свинско. Тука се муабетите и за Перо Антиќ, со кого се родени на ист ден, па Панчо вели дека му зел 10 сантиметри од висината, но и за МЗТ, другарството со Елиф Елмас и тетоважите. Ни откри и дека е колекционер на патики, па има преку 140 пара.   „Најскапите ми се Џорданки и ги платив околу 480 долари. Јас си ги лечам фрустрациите на тој начин, пошто како дете сум немал и мајка ми не можела да си дозволи повеќе од еден два пара да ми купи, па сега синовите секогаш имаат врв патики“, искрен е Панчо. Андреј, пак, со многу љубов зборува за ќерката Јана за која вели дека му пополнила празнина што и не знаел дека ја има. „Кога ќе погледнам во огледало, не се гледам само себе, туку ја гледам и неа. И знаеш, да не беше сопругата Наталија, мислам дека можеби и ќе останев сам во ова префригано време. Таа ме освои со природноста, нормалноста, скромноста“, ни раскажа тој низ емоции. Зборувавме и за пријателството со Наум Петрески, за кого вели дека е рокер и често знаат да запеат некоја рок-песна, но и за времето кога глумеше во скечовите на К-15 со Бубо, Миле и Тошо... Гледајте го видеото:
]]>

Панчо-ДНК имаше епска празнична викенд авантура за Велигден: „Скопско педе*че, на пивце пред кооперација, пица и тулумби и со шлеп служба на Стража“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-imashe-epska-praznichna-vikend-avantura-za-veligden-skopsko-pede-che-na-pivce-pred-kooperacija-pica-i-tulumbi-i-so-shlep-sluzba-na-straza-foto-video/ Tue, 26 Apr 2022 07:53:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247472

Колку и да се чини дека „е песна“, оддамна е познато дека естрадниот живот воопшто не е лесен. Ловориките на славата се слатки, ама патот до нив е трнлив, а попатните случки знаат да бидат „и мед и пелин“... Кога како! Македонското ар ен би дуо ДНК важат за едни од најпопуларните изведувачи кај нас, па зато речиси и да немаат слободен викенд преку целата година. Настапите се неброени, а секоје тргнување на пат е нова авантура. Една токму таква, празнична, викенд авантура за Велигден за нив се покажа како епска. Панчо и Андреј тргнаа на викенд настапи во познати ноќни клубови во Охрид и Кичево, аро ама она што им се случувало по пат нема врска со естрадата... Има со животот! Или ако сето се сумира во една реченица би звучело отприлика како насловот на овој напис, кој е всушност своевиден патопис: „Скопско педе*че, на пивце пред кооперација, пица и тулумб и со шлеп служба на Стража“! Иако не е баш така како што на прва звучи, па затоа еве како Панчо подетално го опишал на својот Инстаграм она што го доживеал за велигденскиот викенд: „Епски празничен викенд кој ќе пробам да ви го доловам на feed преку фотки и видеа. Со братот Дениз уште нестасани во Охрид “шоуто” започна со еден “гостипримлив” охридски шофер кој гарант е застанат назад во времето и од комбето извикуваше: „Скопско педерче!“ Ама некако не му се симнуваше доле иако ја отвори вратата. Нејсе, свирев во @skycorner__ и пројдовме ТОП. ( штета немам видео и фотки ) Утредента настап во Кичево но со Дениз решивме да го искористиме слободното време и да направиме мала екскурзија низ западот од нашево убаво земјиче. Преку Волино па Мороишта каде застанавме и фукнавме пивце пред кооперација со чичко Разме, Златко и Љупчо.  ( Пронајди го Андреј ) Следниот стоп беше Дебар. Потоа тркнавме да јадеме до Јанче во некој ресторан “Туто” но немале доволно персонал па учтиво ни се извинија дека доколку немаме резервација нема да можат да не услужат. Mоже и дека бевме грди па нејќеа? Продолживме во потрага по храна па застанавме во Ростуше. Таму го начекавме чичко Адем како продава јаболка (си купивме некое килце ) па отидовме да јадеме. Седнавме во “Бос” каде ни направија две топ пици, а фукнавме и по една тулумба.Најадени тргнавме накај нана му на Дениз до Велебрдо ама не стасавме, откажа кумплугот колата. Благодарност до еден скопски пар кои не префрлија до првата бензинска и еден мештанин кој ми укажа како да возам и стасам до Кичево на настап, па за назад - Шлеп служба. Тргнавме, стасавме до Стража и тука колата ни откажа скроз. Хронолошки ви ги ставам сликите и видеата, и МОРАТЕ да видите што му се случи на Дениз за кој се загриживме каде е чекајќи го со Иво, мој добар пријател кој дојде да не земе и однесе до Кичево. Стасавме, се наместивме и журката во Институт беше епска исто како и целиот викенд (види видео ). На враќање не угости Злате кој работи шлеп службата на АМСМ и кој не пренесе безбедно до Скопје. Затоа ја сакам мојата работа бидејќи никогаш не знаеш што следно ќе се случи и какви се луѓе ќе запознаеш. Фала му на бога ретки се изроди како тој на почетокот на приказната. Уште еднаш, Хростос воскресе, за многу години празникот да сте ми живи и здрави и да се гледаме само за убаво и на подиум“ - ја завршува приказната за својата епска викенд велигденска авантура Панчо, а и ние со мислата: „Се' е добро, штом добро ќе се сврши“!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Фото и видео: Инстаграм принтскрин/djshortypofficial]]>