панчо днк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Nov 2023 10:31:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png панчо днк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Запеј им на тие околу тебе“: Панчо-ДНК со емотивни зборови за неговата мајка на денот на нејзиниот роденден  (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/zapej-im-na-tie-okolu-tebe-pancho-dnk-so-emotivni-zborovi-za-negovata-majka-na-denot-na-nejziniot-rodenden-foto/ Fri, 03 Nov 2023 08:17:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325251

Панчо-ДНК пред девет години се соочи со загубата на  најважната личност во неговиот живот, неговата мајка, Каќуша Свилиќ. Тој секоја година на денот на  нејзиниот роденден споделува колку му недостига,  а таков случај беше и сега, бидејќи таа празнината останува неисполнета. Неговото срце е скршено, а таа рана останува вечно да боли. „Откако не си тука, секој твој роденден е рана која не зараснува. Ќе останеш мој наголем пораз. Среќен роденден таму горе некаде и запеј им на тие околу тебе“ - напиша во емотивната порака која ја сподели со јавноста преку социјалната мрежа Инстаграм. Тој на својата мајка и посвети и една од своите  песни која ја пее со полно емоции: „Секој од нас изгубил некој свој ближен и сакан. За жал, некој порано, некој подоцна, но болката во срцето и душата е секогаш неподносливо иста“. „Овој рефрен е посветен на сите оние кои го почувствувале чемерниот јад и болка од прераната разделбата со своите сакани. Запаметете дека саканите личности иако не се тука меѓу нас, тие секогаш живеат во нашите срца сè дури ние ги споменуваме. Овој рефрен е посветен на Каќуша Свилиќ, мојата мајка и вечна хероина од моето детство и младост“ – изјави тогаш Панчо. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб]]>

Панчо-ДНК, Биба Додева… меѓу познатите македонски личности кои ги изгубиле своите најмили, удрија по злосторот на „онколошките монструми“ https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-biba-dodeva-megu-poznatite-makedonski-lichnosti-koi-gi-izgubile-svoite-najmili-udrija-po-zlostorot-na-onkoloshkite-monstrumi/ Mon, 04 Sep 2023 08:35:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316414

По објавениот црн мегаскандал од клиниката за онкологија  револтот на народот не само што расте до невидени размери, туку е на работ на експлозија. Чашата на криминалното и коруптивно владеење и неспособност на владеачката коалиција оддамна е прелеана.  Трулежот во сите сфери на општеството стигнат е до ниво на распаѓање. По најновите шокантни откритија за случувањата на онкологија, од  здравството меѓу  останатото, се шири неподнослива смрдеа... Реа на гнилеж предизвикана од аматеризам, неспособност, нечовечност, алчност, недостаток на емпатија до ниво на монструозност...  На социјалните мрежи се објавуваат коментари, врие од револт, осамнуваат потресни сведоштва од граѓани кои поминале низ лавиринтите на клиниката, а за жал, и покрај скапите терапии кои само тие знаат како собрале финансии за да ги обезбедат, ги загубиле своите најмили, најблиските. Меѓу останатите граѓани реагираат со свои коментари и познатите. Во професијата, во шоубизнисот  можеби се блескави ѕвезди, но во животот сепак се само обични луѓе, кои токму таму, во таа сега веќе за жал извикана и „озлогласена“ институција наместо сламката на спас за живот, дознаваат дека можеби и нивните сега веќе покојни најмили, биле дел од пеколниот „менгелевско - трговски“ крими проект на поедини медицински монструми!? Впрочем, после ова може ли некој да го спречи сомнежот на секој што животот го натерал лично или некој од неговите да поминат низ скопските онколошки ходници и болнички соби? Затоа и реакциите се емотивни, искрени, човечки... Но и полни со гнев и горчина, со бес и лутина и борба за правдина... Институционална или улична, сеедно... Правдата мора да ја има. Зашто кога неправдата станува закон, отпорот станува должност, а за злосторството мора да има и соодветна казна. Од судот или линч од народот! Македонскиот  ар ен би изведувач и ДЈ,  Владимир Блажев, алијас Панчо-ДНК како и многумина  реагираше на својот Фејсбук профил. Вели дека морал најпрвин „да изброи до 10“  за да не употреби зборови што не се за во јавност, па потоа еве што споделил во својот коментар: „Кога ја дознав информацијата бев во шок, неверување и толку многу изреволтиран што чекав да ми спадне за да не се каам што зборови ќе употребам. Додека сите ние лечиме луѓе преку СМС пораки, донации или хуманитарни концерти некои НЕЛУЃЕ си профитираат на маката и фамилиите на луѓе кои се борат со смртта. Толку многу неправди се случуваат последниве години што е огромен разлог за разочарување кај сите граѓани на Македонија и егзодусот кои се случува прекупреселување и напуштање не државата, и не само на млади туку цели фамилии. Станавме земја во која корупцијата ни е секојдневие, правосудството ни е КРИВОСУДСТВО и еден голем ЦИРКУС, а здравството КАТАСТРОФАЛНО. Ништо, ама буквално НИШТО не функционира!! После овој скандал не само што треба да има предвремени избори туку треба буквално сите кои се на власт да си поднесат неотповиклива оставка или во спротивно да направиме граѓанска непослушност без никаков страв од закани и притисоци за оние кои работат дежавна работа. Секоја револуција има свои последици но и нови херои!! Размислете дека еден ден истово ова може да ви се случи недај боже вам или на ваши најблиски. Ова е ДНОТО НА СРАМОТ и НЕЧОВЕЧНОСТА, ова е нешто кое се случува во најнеразвиени земји ма да и таму има повеќе емпатија него кај нас. Господ на сите ќе ви суди тоа е факт ама мора и народот. Ова не смее да го преќутиме, СИТЕ НА УЛИЦА и не политички туку ЧОВЕЧКИ“ - напишал Панчо на својот Фејсбук. Македонската пејачка и кантавторка Биба Додева, која последниве години преку своето здружение за борба против карциномот - „Борка“ беше токму синоним за хуманост, борба, желба за живот, оптимизам, достоинствено лекување... на најопаката болест на денешницата. По десетгодишна активност пејачката се повлече од својата активност на ова поле заради тоа што замина да живее во друга земја, но при своето враќање и посета на родната Македонија, токму за „добредојде“  ја дочека непријатната вест за случувањата на скопска онкологија, тотално спротивни од она за кое Биба Додева последниве десет години се бореше и залагаше. Шокирана и вчудовидена од случувањата пејачката и некогашен основач на здружението „Борка“ се огласи со свој коментар на нејзиниот Фејсбук профил: „После скоро една година откако веќе сум повлечена од оваа тема, живеам во друга земја и се посветив на други активности, за добредојде во мојава Македонија ме пречекува вест која ми создава тага и огромно разочарување. Занемена сум деновиве, премногу разочарана и револтирана, бидејќи 15 години од својот живот посветив и го дишев секој ден во тие години за да помогнам, да се борам рамо до рамо со најтешко болните и нивните семејства, заедно со сите мои со БОРКИ и колеги, за да се подобри системот во кој живееме, за да има секој човек право на лек, право на навремена дијагноза, право достоинствено да се лекува и бори за својот живот и право достоинствено да замине од овој свет“ - вели Биба и додава: „Сите вие што сте вмешани во тој монструозен чин, сте знаеле и сте гледале што се случува, а сте молчеле и со тоа сте го поддржале тој злочин, ќе ви пресуди Господ! Едноставно згрозена сум, не можам да ја замислам монструозноста на тој чин – свесно да им ја крадеш терапијата на луѓето кои се борат со најлошото сценарио, ракот. Кој покварен ум треба да го имаш, наместо терапија да им ставаш вода? Па последната трошка надеж на секое едно семејство кое се бори со ракот ни ја утепавте, мамето ваше“ - порачува Додева во објавата на Фејсбук! Ова се само две рекции на познатите личности. Ги има дестици, а оние на обичните граѓани илјадници. Социјалните мрежи вријат, јавноста е на нозе, протестите се во најава...  Правдата е на потег! Фото: Арнива/Фејсбук и Инстаграм/Biba Dodeva/Vladimir Blazev            ]]>

Пред историскиот меч со Португалија за пласман на СП во Катар, Панчо-ДНК подготвен на нова „жртва“: „Ми мириса дека ќе отиде и десната нога“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pred-istoriskiot-mech-so-portugalija-za-plasman-na-sp-vo-katar-pancho-dnk-podgotven-na-nova-zrtva-mi-mirisa-deka-kje-otide-i-desnata-noga-foto/ Tue, 29 Mar 2022 06:55:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244602

Македонија е пред фудбалска историја. Натпреварот што се чека цел живот колку и да изгледа како „невозможна мисија“, оваа репрезентација покажа дека чудата се возможни и тоа н во неколку наврати... Пласманот на ЕП 2020 беше првото, победата над Германија на гости второто, она од пред неколку дена во Палермо и победата над Италија третото... Па тогаш зошто да не се случи и „чудо над чудата“, кое ќе ја испише историјата... Онаа - нашата, македонска, фудбалска -  Македонија на светско! И додека сите со душа и срце „чудото“ со нетрпение го очекуваме,  Панчо - ДНК, инаку познат како страствен спортски фан, особено кога е фудбалот во прашање, се најде пред нов предизвик. Или поточно, самиот си го постави. И тоа истото оноа што еднаш веќе го стори! А кога ДЈ Шорти ќе вети - нема назад. Ветеното мора да се исполни! Така направи тогаш, по пласманот на нашите фудбалери на ЕП 2020 кое заради коронапандемијата се играше година дена подоцна во 2021-та. А, Панчо откако Пандев и другарите тогаш „ја решија“ Грузија во финалниот бараж и обезбедија историско прво учество на едно европско првенство си ги истетовира на левата нога: Македонското знаме, името на татковината, логото на ЕП и комплетниот состав со имињата на фудбалерите сосе името на тогашниот селектор Игор Ангеловски! Ако е историја нека стои испишана за навека! Но и редок пример за специфичен и необичен излив на патриотизам! Арно ама, по првата, сега македонските фудбалери се на чекор да испишат и нова историја... по европската, светска! А Панчо е на чекор као тоа се случи да исполни уште едно ветување што си го дал сам на себе си. Ако ја победиме Португалија и Македонија се пласира на СП во Катар, ќе следува нова тетоважа, налик на онаа за пласманот на ЕП. „Ми мириса дека ќе отиде и десната нога“ - сподели Панчо на Фејсбук полн со оптимизам како и целата нација, потсетувајќи на претходната тетоважа! А сите ние се разбира, едвај чекаме  да го видиме повторо тетовиран! П.С. Единствено не секира Тамара, која откако „случајно“ ја утна химната, си ја истетовира „утката“ на телото, за „казна и покајание грешним“... Арно ама, како тргнале овие од власта се' да менуваат, од знаме до име, ќе биде проблем ако следнот „компромис“ биде химната и нејзините стихови, како што оддамна бараат „браќата“ коалициони партнери... Дали тогаш пејачката ќе мора да „дотетовира“ на себе уште некои зборови или имиња со „нови ликови“ од нивните „славни денови“? Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Vladimir Blazev/tamaratodevska]]>

Панчо – ДНК: Беровскиов воздух во Аеродром одма те освестува https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-berovskiov-vozduh-vo-aerodrom-odma-te-osvestuva/ Mon, 18 Oct 2021 09:40:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223330

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски е речиси извесна уште во првиот круг. Владимир Блажев познат како Панчо од групата ДНК како еден од поддржувачите на Муцунски кој живее во населбата Јане Сандански односно Аеродром, напиша интересен статус на социјалните мрежи. „Станувам, излагам на тераса и ова Беровскиов воздух во Аеродром одма те освестува. Бреееј што ти значи кислород“ -  напиша  Панчо – ДНК на својот Фејсбук профил, асоцирајќи на потеклото на Муцунски и неговата извесна градоначалничка функција како нов градоначалник на општина Аеродром и секако „политичкото проветрување“ во оваа голема скопска општина.  ]]>

Почина бездомникот чие лекување ДНК се понудија да го платат, а Панчо „распали“ по институциите: „Човечкиот живот го вреднуваат со нула“! https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-bezdomnikot-chie-lekuvanje-dnk-se-ponudija-da-go-platat-a-pancho-raspali-po-instituciite-chovechkiot-zivot-go-vrednuvaat-so-nula/ Fri, 24 Sep 2021 07:14:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220429

Вчера, четврток 23 септември објавивме дека Панчо и Андреј од ар-ен-би дуото „ДНК“ уште еднаш покажаа дека се многу повеќе од „само забавувачи“  туку пред се’ хумани луѓе, подготвени секогаш кога треба да помогнат. Така, двајцата естрадни уметници понудија помош во лекување на напуштеното и оставено во лоша здравствена состојба бездомно лице, легнато на афалтот крај жичената ограда, во полубесознание, со очигледно нарушено здравје и животнозагрозувачки функции, оставено само да умира среде центарот на Скопје. Без никој да му пријде, погледне, помогне, пружи соодветна нега и помош… Тажно јадно и бедно, нехумано, нечовечки… Очајна слика на „распадот на системот“ во кој се изгубени сите човечки, етички и морални вредности, во кој човечкиот живот вреди помалку од кучешкиот. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-i-andrej-od-dnk-ponudija-lekuvanje-na-bezdomno-lice-estradnite-umetnici-povtorno-pokazaa-deka-se-mnogu-povekje-od-zabavuvachi-dodeka-vlasta-i-sistemot-odnovo-potvrdija-kolku-se-truli-i-raspadna/[/embed] Панчо јавно се огласи на својот Фејсбук профил опишувајќи ја ситуацијата, нудејќи ја својата и помошта на неговиот музички ортак за лекување на нивна сметка на човекот, но и прозивајќи ги власта и институциите  на државата кои се толку инертни, што додека реагираат може да биде доцна, зашто лицето е речиси на работ. За жал, додека „инертните институции“ на „килавиот систем“ реагираат, бездомникот починал, а Панчо со жалење, лутина и гнев во попладневните чесови ја обзнани лошата вест одново преку својот Фејсбук профил на социјалните мрежи.
„Туку што добив информација дека господинот Маријан Петковски предмалку починал.
Уште еден голем показател во какво труло и поделено општество живееме и какви поделби на класни разлики сеуште постојат во 2021. Уште пострашно е тоа што човечкиот живот го вреднуваат со НУЛА, и без пари си само обичен смртник.
Срамота за цел здравствен систем.
Лесна му земја на Маријан и фала на сите оние кои се понудивте за финансиска помош. Оние кој веќе ми испративте истите може да ви ги вратам или да ги дадеме на семејство или поединци на кои навистина им е потребна помош“ - споделил Панчо.
Уште еден изгубен човечки живот, уште една длабока и болна рана во општественото ткиво, заради инертноста на неговите институции. Нов срам за социјално-здравствениот систем менаџирани од крајно неспособната власт предводена од владата на СДСМ и премиерот Заев.
]]>

Бомбакис зачна тема за „лажната љубов“, Панчо-ДНК во приказната препозна колеги од македонската естрада, па „им го плесна“ на Инстаграм (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bombakis-zachna-tema-za-laznata-ljubov-pancho-dnk-prepozna-kolegi-od-makedonskata-estrada-vo-prikaznata-pa-im-go-plesna-na-instagram-foto/ Thu, 16 Sep 2021 08:36:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219302

„Не глумете дека се сакате“! - беше една од последните испишани „картонски поенти“  на популарниот Кристијан Станковски или едноставно попознат Бомбакис,  како што се потпишува, кој за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра десетивци илјади следбеници. А љубовта се помалку ја има, ја дозираат со пипета, се дели на лажиче... барем онаа, вистинската. Затоа пак, лагата, лицемерието и лажната љубов наголемо царуваат... Во сите пори и сегменти на општеството и секојдневниот живот. Не важи веќе онаа поучна мисла што ја знаевме од детството: „Кој лаже, тој и краде и вошки има и на таван спие...“! Сега е парафразирана во нешто друго, во една поинаква реалност: „Кој лаже, тој и краде и е или многу богат или во власта... А, најчесто и двете“!  Зашто денес на лагата можеби и се куси нозете, ама затоа полн и е џебот... И тоа со туѓи пари! Приказни за лагата и лажната љубов можеме да раскажуваме до утре изутрина, а темата за „лажната љубов“ што ја зачна Бомбакис, ја препозна Панчо - ДНК во многу колеги  од македонската естрада, па сподели свој статус на Инстаграм. Панчо ја искористи напишаната „картонска порака“ на Бомбакис: „Не глумете дека се сакате“, ја сподели, па се надоврза со своје мислење во своите Инстаграм приказни: „И не ги шерувајте песните на колегите ради реда, додека очите си ги вадите позади грб  излага еден тон ла*на од устата за истите“ - огорчено и лутито им го „плесна в лице“ Панчо на оние колеги од македонската еестрада кои знаат кои се, па сами ќе си се препознаат. А Вие? Вие самите просудете дали „естраден уметник“, особено кај нас  е професија или „дијагноза“ и никако не правете го истото, без оглед што и каде работите, каде се движите, со кого се дружите... Или што би рекол Бомбакис во својот статус: „Сакајте се... Ама вистински“! Фото: Инстаграм принтскрин/bombakis/djshortypofficial  ]]>

Миа Костова и Панчо од „ДНК“ за новите мерки за заштита од Ковид 19: „Стоп за нечовечноста“ https://arhiva.vistina.com.mk/mia-kostova-i-pancho-od-dnk-za-novite-merki-za-zashtita-od-kovid-19-stop-za-nechovechnosta/ Mon, 09 Aug 2021 09:02:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=214003

Пандемијата со коронавирусот која започна речиси пред година ипол никако да стивне. И тамн ќе се намалат бројките на позитивни, заразени, починати, и ќе помислиме дека ќе се вратиме во нормалниот живот, се појавува некој нов сој на коронавирус, па „коси“ се пред себе. Најновиот ДЕЛТА сој сега владее во светот, па и во Македонија. Повторно се зголемуваат бројките на позитивни и хоспитализирани, а со тоа и се „наметнуваат“ и нови мерки и препораки за заштита од коронавирусот. Имено, Владата донесе нови мерки за заштита од Ковид 19: -До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила. -За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи. -Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип. -Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани). -Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст. Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19 Ова предизвика многу реакции кај граѓаните и многумина сметаат дека ове се задоцнати мерки, како и дека е дискреминација и поделба на народот. По овој повод, се огласи и некогашната македонска водителка, Миа Костова. -Со овие задоцнети мерки, на овој тотален вакцинален хаос, на отворени дискотеки и кафичи, на концерти Карлеуши пиздематерине, на 169 или колку беа, фул вакцинирани и повторно заразени, со кој памет ќе барате било каков документ да се приложи, за било каде, било кому... Или што би рекол професорот Дејан: Си примил две дози, а имаш нула антитела? Без гајле, ти си формално-правно имунизиран! Така шо, ја како невакцинирана, но дисциплинирана, жива-здрава и жилава жена у години, можам да ви приложам само среден прст. Чччччао! Значи формално-правно имунизирани и ние со задолжителна потврда во вид на среден прст. Ми се свиѓа“, напиша таа на својот Фејсбук.   И  Владмир Блажев или познат како Панчо од ДНК преку статус на својот Фесјбук исто така го кажа својот став за новите мерки. -Одамна не сум напишал некој статус за ситуацијата во државава па денес си земав за право да го прошарам мојот профил. ( верувам дека не секој ќе се сложи со мене што е тотално кул ) Новите ПРЕЗАДОЦНЕТИ мерки од страна на владата и претпоставените се ништо друго освен демонстрација на сила и кршење на човековите права за слобода на движење и изразување. Додека во светот новиот ДЕЛТА сој го земаше данокот вие трубевте дека сме тотално безбедни, спремни и притоа направивте НАЈАМАТЕРСКА и НЕОПРОСТЛИВА грешка со невоведување на појаки контроли и правење на PCR тестови при влез во Македонија ( колку толку да се заштитиме ), а исто така дозволивте настани од секаков вид во затворени објекти за кој вие трубевте цела година дека се најголем трансмитер на вирусот ( факт дека е така ). Вие дефинитивно не знаете каде терате, а притоа го малтретирате народот, а богами и сите здравствени работници. Да, ќе се сложам и за тоа дека свеста на народот е на многу ниско ниво но затоа секој си одговара за своите последици, како вие така и луѓето. Овде веќе не треба да станува збор за партиски полтрони на СДС, ВМРО, ДУИ, Левица, Десница, пичке материне и ред останати лешинари, станува збор за НЕЗАДОВОЛСТВО на народот кој според мене треба да се обедини и заврши со еден ОГРОМЕН ПРОТЕСТ како што е насекаде низ светот. НЕ СТЕ ВИЕ ТИЕ КОИ ОДЛУЧУВАТЕ ЗА МОЕТО И БИЛО ЧИЕ ЗДРАВЈЕ!!! На крај да не се сфатиме погрешно, ковидот и инфекцијата е сериозна заебанција и дефинитивно секој треба да биде многу претпазлив. Не сум ниту антиваксер, напротив ги поддржувам и охрабрувам сите кои се вакцинирале и кои сакаат да се вакцинираат, но сум НАЈГОЛЕМ ПРОТИВНИК кога станува збор за НАРЕДБА и кога некој ме приморува, ана тој начин секогаш доаѓа до контра ефект и допрва ќе го осетите тоа ви тврдам. Да повторам, НЕ МОЖЕ ВИЕ ДА МИ ГО ОДРЕДИТЕ ДВИЖЕЊЕТО, тоа може по дома кај вас и на вашите деца!!!! СТОП ЗА НЕЧОВЕЧНОСТА“, напиша тој на Фесјбук. ]]>

„Што ти даде Господ“: Панчо – ДНК покажа дека не му недостасува „редовна тезга“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-ti-dade-gospod-pancho-dnk-pokaza-deka-ne-mu-nedostasuva-redovna-tezga-foto/ Tue, 27 Jul 2021 08:10:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212697

Естрадниоит живот колку е сладок, толку е суров, колку и да изгледа убав, толку е и тежок, колку што може добро да се заработи, за миг може и се да се изгуби, па дури и она највредното... Живот на тркала, во постојана трка со времето, конкуренцијата и вкусот на публиката... Растргнати помеѓу желбите, можностите и околностите, животот на естрадните уметници, воопшто не е розов како што навидум изгледа.Растежите и падовите се дел од него, хитовите и промашувањата исто така, настапите за паметење и борбата за „тезга повеќе“ - вечни... Токму сето ова, како мал дел, како мала илустрација од тоа што значи естрадна кариера и тоа речиси две децении, македонскиот ар ен би артист и ДЈ Панчо - ДНК или ДЈ Шорти, како сакате, го сведе на НЗС во неколку реда на социјалните мрежи па напиша: „18 години се брзам како диџеј и промотор во оваа сурова игра. Многу жртви, пот, крв, солзи, добри и лоши моменти.... Илјадници километри по патиштата. Стекнав многу пријатели кои стануваат семејство, многу непријатели, фанови и хејтери. Тоа е само дел од играта и да, никој не рече дека ќе биде лесно, но ако некогаш се  пак се родам и треба да изберам што да правам во мојот живот, ќе го направам истиот избор. Ова е она што сум јас, ова е мојот ЖИВОТ. <Го сакам тоа и ќе го правам сè додека срцето не застане. Благодарност до сите вас кои ме поддржувавте низ целата моја кариера. Моето семејство @sureshotz_mk, навистина ве сакам сите. На оние кои секогаш се обидуваа да ме турнат надолу, вие сте моја вечна инспирација и ве сакам повеќе отколку што можете да ме мразите. Но, Панчо не би бил тоа што е да не таков каков што го дал Господ... Без срам да ја работи било која работа. Затоа, иако можеби на „шега“, со најновата фото објава сите ги насмеа, но во суштина испрати и една поинаква, многу силна порака:  Панчо - ДНК покажа дека не му недостасува „редовна тезга“! Ако не онаа на сцената, тогаш тука е онаа пазарската... На приколката полна со зрел бостан! Впрочем, Панчо добро знае дека лубеницата е како жена: Колку и да ја бираш, на крајот го добиваш она... Што ти даде Господ! Фото: Инстаграм принтскрин/djshortypofficial]]>

Кога ќе „извисиш“ кај берберот: Панчо – ДНК си најде партнер кој никогаш нема да го изневери, па се бричеше среде пат за на настап… на „Валандовско брдо“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-kje-izvisish-kaj-berberot-pancho-dnk-si-najde-partner-koj-nikogash-nema-da-go-izneveri-pa-se-bricheshe-srede-pat-za-na-nastap-na-valandovsko-brdo-foto/ Wed, 07 Jul 2021 07:22:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209953

Коронавирусот има својство да мутира, па иако најновиот сој е во развој и атак да не „поплави“ и нас, власта реши се' уште да не реагира и да не држи со олабавени мерки. Естрадата која страдно чекаше година и половина, максимално го користи моментот да се зграпчи што може да се зграпчи, да се има што повеќе настапи, зашто како што стојат работите, од есен галиба не чека нов карантин! Ар -ен - би двоецот „ДНК“ се меѓу оние кои тргнаа по свирки низ клубовите и дискотеките, по бзените и плоштадите... секаде каде што може да се настапува во Македонија, па така Струмица им беше една од првите концертни дестинации. Арно ама, на настап не се оди неподготвен, па Панчо и Андреј заради долгата пауза, мораа одново да се „состават“ со бендот музичари кои ги придружуваат на сцена, а материјалот одново да се освежи и увежба. А кога по цел ден имаш проби, немаш време за себе, па така нешто морало да трпи... Да биде „колатерална штета“ помеѓу музиката и квалитетот на настапот и личниот изглед! Бидејќи публиката секогаш има предност, Панчо пред пат кон Струмица не стигна да закаже термин кај својот бербер, па на настап тргна неизбричен! Од немање пусто време за себе, ама затоа со себе секогаш го има верниот пријател... Партнер кој никогаш нема да го изневери и остави „на цедило“, па така беше и овој пат! Само што во оваа прилика Панчо на „партнерот“ се сети на половина пат или некаде пред крај, пред да стигне на одредената дестинација - Струмица, во која ако патувате по автопатот Скопје - Гевгелија, некаде кај Валандаво треба да се исклучите од него, па за да стигнете до Струмица, мора да возите преку прочуеното „Валандовско брдо“! А среде тоа ритче, мала висорамнина и на неа распослано село Костурино... Е токму тука, Панчо се сети дека не е баш најличен ако не е бричен, па посегна по „партнерот“ за да му го избричи... Лицето, секако и брадата на него. Таблата на патоказот одлично место за затскривање, камерата на мобилниот уште подобра замена за огледало, а партнерот верен како пес, за миг Панчо го ослободи од брадата и насобраниот стрес, дека на настапот нема да биде личен, ако не се појави тазе бричен! Со ваков „партнер“ како овој на Панчо нема ни лабаво, ни тврдо... Колку и да е моментот специфичен, ДЈ Шорти за миг личен - бричен, та било тоа и среде „Валандовско брдо“! Фото: Инстаграм принтскрин/djshortypofficial

Саше Љолес и Панчо – ДНК влегоа во конфликт… или само во полемика: „Има само една и единствена навивачка химна за нашите фудбалери и се вика…?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sashe-ljoles-i-pancho-dnk-vlegoa-vo-konflikt-ili-samo-vo-polemika-ima-samo-edna-i-edinstvena-navivachka-himna-za-nashite-fudbaleri-i-se-vika-foto/ Thu, 17 Jun 2021 08:01:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207370

„Македонија на Европско“ или... „Одиме на на Европско првенство“... Или можеби „Але, але Македонија“ или...? Историјата испишана, онаа фудбалската за Македонија се разбира, ама има ли македонска историја без недоразбирања? Откако сме учеле на училиште ( по старата добра програма, не оваа „диригирано - дигиталната“), низ историјата векови наназад не следат поделби!? Од антика, ако сме антички Македонци, преку Самоила ако сме Словени, Гоце, Јане... и останатите војводи и комити во турско, преку Рацин, Ченто... и останатите партизани во НОБ, па се' до денес... Патриоти и предавници, „комуњари и вмрони“, „каури и шиптари“... Црно-бел свет на поделби откако е света и века кај нас...! Затоа и не изненадува иако многумина можеби и се зачудија, кога и на најголемиот историски спортски или поточно фудбалски успех на Македонија - страните се поделија. Овој пат,оние естрадните...! Или барем така изгледа!? Ама да тргнеме со ред! Имено, естрадните уметници како Саше Љолес и Пеце -„Суперхикс“ први се сетија или не се сетија, ама секако први ја обзнанија и потоа и објавија идејата за македонска навивачка химна за тогашпретстојното, сега тековното ЕУРО 2020 кое заради корона пандемијата се игра година подоцна низ речиси цела Европа. Набргу нивната „Одиме на Европско првенство“ под името „ВИС Рисови“ беше промовирана и со одлично видео поддржана и од ФФМ и од фудбалерите, естрадата, навивачите, целата спортска и обична јавност. Не помина многу, добивме уште една таква навивачка песна наречи ја, химна  викајте ја... како сакате, но факт е дека Панчо и Андреј од ДНК и пријателите ја исфрлија во етерот „Македонија на Европско“ заедно со видеоспотот во кој одново се нашите фудбалери, познати и јавни личности, дел од естрадата... Слично ама различно, концептот тој, идејата исто толку племенита, само песната поинаква. Само неколку дена подоцна, осамна уште  еден полуаматерски обид за нешто слично, не така раскошен ниту музички, ниту визуелно како претходниве два насловен: „Але, але Македонија“ отпејаа и аматерски го визуелизираа две девојки и едно момче: Невена, Калина и Наум Нешковски.  Трета песна или навивачка химана за Македонија на ЕУРО 2020, како сакате наречете ја, ама ете ја... и неа ја има. И нема ништо лошо во сето тоа - напротив, убавината е во разновидноста, во различноста, во лепезата од идеи, звуци и слики, сплотени во две бои: Црвена и жолта и една единствена желба за што поуспешен настап на Македонија на ЕУРО 2020. Арно ама, да се вратиме на почетокот... На „вечното проклетство“ и дилемата може ли кај нас да има едно убаво нешто со заеднички желби, без да има поделби? Имено, авторите на првично споменатите две навивачки песни или химни заминаа за Букурешт да ги бодрат македонските фудбалери. Не е познато дали се најдоа низ улиците на романската метропола илисесретнаа на трибините на Националната арена, ама затоа Саше Љолес и Панчо-ДНК „се најдоа“ на социјалните мрежи, па на Фејсбук влегоа во конфликт... Или само во полемика: Дали има само една и единствена навивачка химна за нашите фудбалери на ЕУРО и како таа се вика? Или во превод:  Која од нивните две е официјалната химна, а која само „обична навивачка песна“?   Саше Љолес прв објави на својот ФБ прифил дека неговата/нивната, онаа на ВИС „Рисови“ насловена „одиме на Европско првенство“ е една и единствена...!? Владимир Блажев, алијас Панчо - ДНК не издржа да не одговори на латентната провокација: „ Стварно е една, единствена и најдобра“ - возврати на Фејсбук. „Единствена официјална и уште неколку неофицијални“ - потенцираше Саше Љолес, на што следеше ново возвраќање од Панчо во „вербалната пинг-понг преписка“ на двајцата естрадни уметници:
„Ама неколку песни - не химни“.
Потоа Саше Љолес проба да ја „спушти топката“, веројатно сфаќајќи дека „разжестувањето на битката“ не води никаде: „Нека се прават што повеќе песни и нека се слави овој успех!“ - одговори Љолес и додаде: „Кој како сака нека си ги вика бе брат“ - на што Панчо веројатно задоволен од одговорот и костатацијата „остана нем“!
Невена, Калина и Наум Нешковски и нивната „Але, але Македонија“, никој не ги спомна. А и таа навивачка химна или песна за Македонија на ЕУРО 2020 нели е, каква и да е?!
За „навивачките  класици“  и да не говориме. “Црвена боја ми е најмила“ на Ристо Самарџиев и Дарко Мијалковски, „Само за Македонија“ на бендот „Дени те чува“  или „Македонија навива за вас“ на Александар Митевски, испеана од Тоше, останаа забаталени во некое зафрлено навивачко ќоше или...?!
Или „овие деца“ се водеа по максимата: „Сега е наше време“, а Македонија... Вечна!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/djshortypofficial/Sase Ljoles