панче заев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 06 Jun 2020 19:56:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png панче заев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Додека Македонија здравствено и економски колабира, фамилијата Заеви одново се луксузира (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-makedonija-zdravstveno-i-ekonomski-kolabira-familijata-zaevi-odnovo-se-luksuzira-foto/ Sat, 06 Jun 2020 19:39:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152710

Корона пандемијата во Македонија наголемо хара, бројот на новозаразени секојдневно се шири и расте, додека економија тоне во бездна без дно. Тотално промашени здравствени политики, погрешни протоколи, смешни здравствени мерки, а од друга страна нови задолжувања до гуша, колабирано стопанство, десетици илјади отпуштања од работа, неефикасни економски мерки... Народот на работ со здравјето од прогресивното ширење на коронвирусот, на работ со живците и психата заради бескрајното, бесцелно и неефикасно затворање меѓу четири ѕида, но на работ и на егзистенцијата... Корупцијата, криминалот, судските „стриптиз“ сапуници или трагикомичните „Тик-Ток“ ситуации по канцелариите и институциите на власта не ги ни броиме! Очигледен пример како „гнилото“ општество одвнатре се распаѓа на парчиња смрдлив трулеж,  додека од друга страна власта тврди дека „блескаме“?!  Да, блескаат! Ама, само фамилиите од кластерот на струмичката каста од врвот... Заеви! И тоа најмногу во сопствениот џеб, на банкарските конта, а Бога ми и со возниот парк во сопствениот двор! Така,  неодамна внуката на Зоран Заев, ќерката на Вице-то, Ева, сподели фотографија на своите Инстаграм приказни, на која се пофали со нов автомобил, паркиран во дворот. Бела „Фолцваген – Буба“… Корона за цел свет, за Ева нов кабриолет! Не минаа ниту два и пол месеци, а децата на Заеви одново си приуштија ново задоволство! Овој пат Панче Заев, внукот на шефот на СДСМ, Зоран Заев и син на неговиот брат Вице. Додека сестра му се вози во нова Буба, помалото братче Панче, повеќе преферира џип. Гланц нов Мерцедес Г класа, чија почетна цена на основниот модел на пазарот на нови возила чини од  120.000 евра па нагоре - во зависност од силината на машинита и опремата што ја поседува. Башка, да ти купат нова „Мечка“, а да не се пофалиш... Исто како да не си добил нов автомобил... Пардон - џип! А со него следува и струмички благослов: „Со здрааве да си га возаш П.З.“ Додека народот се бори за сопственото здравје или за парче леб, а државата  забрзано „ја голта мрак“, децата на Заеви си го подновуваат возниот парк! Македонија здравствено и економски колабира, а фамилијата на Заеви одново се луксузира!  ]]>