панче касапски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Nov 2023 13:47:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png панче касапски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панче Касапски ја визуелизираше макфестовската балада која не само што одлично помина, туку и ќе остане – „Помини“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/panche-kasapski-ja-vizuelizirashe-makfestovskata-balada-koja-ne-samo-shto-odlichno-pomina-tuku-ke-ostane-pomini-video/ Fri, 10 Nov 2023 13:46:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326454

Еден од најперспективните македонски композитори и изведувачи од новата поп генерација, пејачот Панче Касапски го претстави својот нов видео запис за баладата „Помини“ која премиерно ја изведе годинава на Фестивалот за забавни мелодии Макфест 2023 во Штип. Спотот е направен на познати локации во Стокхолм, Шведска, изработен под директна палка на Мерт Арслани. Композитор и аранжер на оваа прекрасна балада е самиот Касапски, текстот е на Робин Зимбаков, младата пејачка Лара Иванова ги пее пратечките вокали, а миксот и мастерингот е на Роберт Билбилов. „Помини види колку те сакам, помини види колку се лажам дека без тебе сѐ уште можам, а добро знам дека ти си ми под кожа“ е дел од текстот на баладата што ги освои срцата и симпатиите на публиката. Касапски за првпат на македонската музичка сцена се појави на Макфест во 2013 година и оттогаш бележи голем успех со бројни хитови, како „Наивно“, „Намини ноќва“, „Уште си ми ти“, каде Касапски се потпишува како композитор. Значаен успех Панче Касапски постигна со авторската композиција во соработка со Лара Иванова во дуетот „Само сврти се“. Оваа песна беше на врвот на сите топ листи во Македонија. Тандемот Касапски-Иванова ја продолжуваат традицијата на создавање автентичен македонски поп сензибилитет, преточен во современ светски звук актуелен на денешното време и светската поп продукција и композиција. Во продолжение погледнете го видео спотот за макфестовската „Помини“: ]]>

Штипска венчавка во Бигорски манастир: Фотомоделот Марија Јовева и пејачот Панче Касапски стапија во брак (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shtipska-venchavka-vo-bigorski-manastir-fotomodelot-marija-joveva-i-pejachot-panche-kasapski-stapija-vo-brak-foto/ Thu, 24 Feb 2022 09:42:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240475

Македонската инфлуенсерка и познат фотомодел Марија Јовева од Штип, попозната на Инстаграм како Марис Џолин, вчера ја круниса долгогодишната љубов со композиторот, музичар и пејач, исто така штипјанец Панче Касапски во волшебниот амбиент на манастирот Свети Јован Бигорски. Двојката веќе извесен период престојуваше во Шведска, но тие се вратија во Македонија за да го прослават овој посебен ден заедно со членовите на семејството и најблиските пријатели и со интимна венчавка да ја озаконат врската во брак, како и да се заколнат на вечна љубов пред Бога. Стилот на Марија модерен и уникатен, па така и за оваа пригода таа облекла необична модна комбинација – бел комбинезон со пердуви во горниот дел и долга бела бунда. Младеженецот пак, бил променет во свечен костум и бела кошула, без вратоврска. По венчавката и првата брачна ноќ, младата, сега веќе брачна двојка си тргна за пат кон дома. Невестата или поточно, госпоѓата Марија, како што самата сега посакла да ја нарекуваат, видно расположена и насмена. А како и не би, кога прва брачна ноќ е само еднаш во животот...! Другиот ден, по пристигнувањето дома - реприза! Цела вечер нешто шушкаше... Пусти кејф... ...На цвеќиња! И мачката, а веројатно и младоженцот, зашто невестата првите денови (и ноќи) по венчавката е како... „расцутена роза“! Впрочем, не случајно невестата во 20218-тата година се појави како главен женски лик во видеоспотот на сегашниот сопруг за песната „Намини ноќва“. Таа намина и... остана! Нека им е со среќа бракот на младите! ]]>

Маша е скопско дете со руска душа на шпанско тло, за која допрва ќе се слушне преку – „Voices“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/masha-e-skopsko-dete-so-ruska-dusha-na-shpansko-tlo-za-koja-doprva-kje-se-slushne-preku-voices-video/ Tue, 18 Jan 2022 11:01:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235299

Русинката Маша се појави пред неколку години на македонската сцена и по неколкуте одлични песни покажа дека е зрела за големи нешта. Бидејќи музиката нема граници, младата пејачка од Валенсија, Шпанија започнува да ги прави првите чекори по светскиот музички пат. Ако се прашувате зошто токму од Валенсија, затоа што Маша пред неколку месеци се запиша на реномираниот „Berklee College of Music“ за целосно да се посвети на својата најголема љубов - музиката. „Voices“ е насловот на нејзината најнова песна, но овојпат на англиски јазик. Токму Маша е автор на текстот, додека пак на музиката и аранжманот ги потпишуваат Панче Касапски, Маша и Лазар Цветкоски. „Морам да кажам дека сум горда на ова што го направивме со тимот. Благодарна сум и на Панче, Лазе, Даниел, бидејќи го добив тоа што одамна го замислував во мојата глава. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, до мене веќе пристигнуваат доста позитивни критики. Ова е само мотив за мене да продолжам понатаму и дека сум на вистинскиот пат“ - вели младата Маша. Разбирливо, Маша за „Voices“ сними и видеоспот, а довербата и овојпат му ја даде на добро познатиот Даниел Јовески кој повторно направил  ново  мало ремек-дело. Слушнете ја, погледнете и споделете... Ова е Маша со нејзините „гласови“: ]]>

Лара Иванова и Панче Касапски заедно во баладата – „Само сврти се“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-i-panche-kasapski-zaedno-vo-baladata-samo-svrti-se-video/ Thu, 30 Dec 2021 07:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233127

Пејачката Лара Иванова заедно со пејачот и композитор, Панче Касапски за своите фанови го подготвија видеозаписот на новата песна, „Само сврти се“, автентична и модерна поп-балада со изразен бит, темелена на емоциите и уметноста. Во видео спотот Лара е претставена како сликар, што е целосно нејзина идеја како начин за визуелизирање на тематиката на песната, а драматичноста на испеаните стихови е преточена во секој кадар од новото видео. Музиката и аранжманот се на Панче Касапски, миксот и мастерингот се снимени во студиото на Лазар Цветкоски, а текстот е на Робин Зимбаков. Видео записот го режирал  Ѓорги Вацев, а зад уникатното сценарио за видеото стои целиот тим. Стајлингот на пејачите во видеото за „Само сврти се“ се должи на Викторија Бурсак која креирала модерен микс од брендови. Шминката и фризурата се на Даниел Николовски. „Навистина сум пресреќна што сум дел од овој проект заедно со Панче и многу талентирани лица од музичката индустрија, кои се заслужни за мојата нова омилена песна. Како мој прв дует со македонски артист, моите очекувања се дефинитивно надминати, а снимањето на песната во студиото на Лазар Цветкоски секако делумно допринесе за истото. Со помош на музиката и желбата да креираме нешто сосема поинакво и оригинално, и со моќните стихови, кои што Робин Зимбаков совршено ги вклопи во оваа песна и кои што пренесуваат автентична емоција, – заеднички успеавме да создадеме оригинално уметничко дело“ - ќе изјави Лара по објавувањето на песната и видеото кои можете да ги проследите во продолжение. ]]>

Панче Касапски и неговиот нов проект воопшто не звучат и не изгледаат – „Наивно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/panche-kasapski-i-negoviot-nov-proekt-voopshto-ne-zvuchat-i-ne-izgledaat-naivno-video/ Sat, 15 May 2021 07:31:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202517

Македонската музичка сцена и тоа како има потреба од нов звук, од нешто модерно и светско. А, токму еден таков звук овојпат ни подарува младиот штипјанец Панче Касапски преку неговата песна со наслов „Наивно“. Станува збор за асид-џез тема, односно комбинација од диско, фанк, џез и сол, нешто што навистина е реткост да се слушне на овие простори. За музиката и аранжманот се потпишува токму Панче, додека текстот е дело на Робин Зимбаков. Песната е снимена во студиото на Роберт Билбилов. Инаку Панче за новата песна сними и доста интересен видеоспот и тоа на неколку локации во Белград. Видеото е снимено од Дарко Митев во соработка со Сергеј Смилков. Покрај Касапски, во спотот се појавува и еден од нашите најдобри модели со интернационална кариера, Вера Хаган. Погледнете, пресчушајте и уживајте онака... „Наивно“: https://www.youtube.com/watch?v=TXhowz2MxTY]]>

Маша се прашува – „Дали ти ќе дознаеш“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/186821/ Tue, 26 Jan 2021 12:16:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186821

Македонската музичка сцена и тоа како е желна за  нови имиња кои ќе ја освежат и ќе создадат нешто ново и поинакво од она што сме навикнати да го слушаме и гледаме со години. Факт е дека на поп-сцената во Македонија ретки се млади артисти кои умеат да донесат  нов и модерен звук, а токму едно такво име е младата пејачка Маша.  Маша е Русинка која веќе неколку години живее во нашата земја. Неодамна таа сними песна на македонски јазик со наслов „Дали ти ќе дознаеш“, на која како автор на музиката се потпишува Панче Касапски, стиховите ги напишал проверениот мајстор  Огнен Неделковски, а аранжманот и миксот ги изработил Лазар Цветковски. Несомнено одлична екипа за „влез“ на македонската музичка сцена. Дека е задоволна од новата песна потврди лично и Маша: „Многу сум задоволна од тоа како звучи песната. Да бидам искрена, јас не ги познавам многу луѓето кои работаат музика во Македонија, но по консултација со неколку мои блиски пријатели, решив да ја изберам и да работам со оваа екипа. Исто така не смеам да го заборавам и режисерот на видеото, Даниел Јовески, кој направи одличен спот“ – изјави Маша. И се разбира, прашањето кои многумина би сакале да и го постават: Зошто на Македонски јазик, а не на руски? Одоговрот на Маша е едноставен: „Јас тука живеам, тука се образувам, го научив одлично Македонскиот јазик и немав дилеми за тоа дали да пеам на руски или на македонски“ – вели  Маша. Инаку ова е само почеток за младата пејачка. Маша планира да биде продуктивна кога е во прашање создавањето на новa музика и тоа се разбира, на македонски јазик... А, сега проследете ја темата „Дали ти ќе дознаеш“: https://www.youtube.com/watch?v=3RgAETnA1rQ]]>

Панче Касапски со покана – „Намини ноќва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/panche-kasapski-so-pokana-namini-nokjva-video/ Wed, 11 Jul 2018 07:57:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37367

Панче Касапски  има нова песна која носи наслов „Намини ноќва“ . Штипскиот музичар  овој пат ќе го  слушнеме во малку поинаков стил. Имено, станува збор за песна со брз диско ритам, со џез и фанк-призвук.
Касапски самиот  се потпишува како автор на музиката, додека за стиховите добил помош и асистенција од легендарната  македонска пејачка  со белградска адреса на живеење, Маја Оџаклиевска, за која велат дека песната била и првично наменета. Аранжманот, продукцијата, миксот и мастерингот  ги потпишува Иле Спасев.
Иако новата песна доаѓа по пауза од две години откако ја објави „Уште си ми ти“, Панче постојано е активен на музичката сцена потпишувајќи се на песните на некои негови колеги, меѓу кои и струмичанката Александра Јанева, зад чиј актуелен хит „Ќе се вратам некој ден“  како автор на  музика стои токму Касапски.
Песната е визуелно надополнето со одлично видео во реализација на екипата од продукцијата „Пирамид“ (Оливер Јакимовски - Михаел Шемко) во режија на Михаел Шемко, а покрај Панче, во видеото главната женска улога ја има моделот Марија Јовева, атрактивната штипјанка која се крие зад уметничкото име Марис Џолин (Maryse Jolene). 
Како изгледа и звучи „Намини ноќва“ дознајте во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=0NqUTZyKipU]]>