пали скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 30 Dec 2018 10:51:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пали скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Градоначалникот на Скопје подготвен за акција: Шилегов откри кој „пали“ по Скопје… на отворено! https://arhiva.vistina.com.mk/gradonachalnikot-na-skopje-podgotven-za-akcija-shilegov-otkri-koj-pali-po-skopje-na-otvoreno/ Fri, 15 Dec 2017 09:26:51 +0000 http://vistina.mk/?p=6742

Градоначалникот на град Скопје конечно ја превзема првата мерка против загадувањето!  Постави телефонски број - 193! За пријавување... да не случајно некој пали оган на отворено среде град!
За да се справи проблемот со горењето пластики, гуми, неквалитетни дрва на отворено, кое влијае на загадувањето на воздухот, формирани се тимови од претставници на Градот, Министерство за труд и социјална политика, МВР, Противпожарната бригада, Црвениот крст и Здружение „Љубезност“ кои ќе патролираат исто така 24 часа. Засега, градот нема лоцирано такви објекти и локации -  рече градоначалникот Петре Шилегов.
Нема? Апсолутно не е точно! Можеби Шилегов во брзо време не бил да вади нов пасош, лична карта или некој друг документ, а и на МТВ изгледа ретко го викаат, па затоа не се соочил со палач(к)ите... на машки страсти за 500 денари и оган, за сиротите да се згреат! Токму на калдрмата зад МРТ и МВР... или поточно, од МАНУ до Макпетрол... бензинската пумпа на крајот на истата таа калдрма покрај кејот на Вардар!
Епа градоначалниче, откако огнот е лоциран, како што знаеше тоа да го сториш лани, додека беше во опозиција, збирај тајфата, ставај маската, викај ги оние од „Љубезност“ и фаќај... калдрмата!
За да видиш кој ти го „пали Скопје“... и скопјани... на отворено! Само Ве молиме „љубезно“ со ноќните  дами... при гаснењето на огнот, де! А ти народе, не се секирај... Град Скопје работи за Вас!    ]]>