палатите на старо скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 17 May 2018 08:47:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png палатите на старо скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Палатите на старо Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/palatite-na-staro-skopje/ Thu, 17 May 2018 08:44:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27527

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хамеус“ во недела (20 мај) организира едукативна тура низ „Палатите на старо Скопје“.
Во рамките на оваа прошетка е вклучен едукативен дел за таканаречените палати на старо Скопје кои се наоѓаат во самиот центар на градот и во нивната архитектура може да се забележат влијанијата на многу европски стилови, како што се експресионизмот, арт нуво, академизмот, традицијата и модерниот стил, а честопати се надополнети со елементи на византиска традиција, класика, ренесанса и барок. - Во изминатата година „Хаемус“ изработи обемна научно-истражувачка студија посветена на животот во Скопје, кој културно, социјално и економски интензивно се развивал во периодот помеѓу двете светски војни. Дел од оваа студија е посветен и на таканаречените палати на старо Скопје, кои го преживеале земјотресот од 1963, а денес некои од нив се заштитени со закон и прогласени за културно наследство на Република Македонија. Со оваа тура сакаме искуството кое ги акумулиравме работејќи на овој проект да го споделиме со граѓаните и на тој начин  нашите сознанија за старо Скопје да ги дисеминираме со заедницата - изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“. Целта на оваа тура низ центарот на Скопје е промоција и популаризација на богатото архитектонско наследство коешто несомнено оставило трага во архитектурата и уметноста на главниот град. Едукативната тура низ „Палатите на старо Скопје“ се реализира по повод „Меѓународниот ден на музеите 2018“.
]]>