палачинка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 Feb 2021 12:43:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png палачинка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Компир палачинки полнети со мелено месо: Солено чудо на кое секогаш ќе му се враќате https://arhiva.vistina.com.mk/kompir-palachinki-polneti-so-meleno-meso-soleno-chudo-na-koe-sekogash-kje-mu-se-vrakjate-2/ Mon, 08 Feb 2021 15:00:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188715

Денеска ви претставуваме едноставен рецепт за малку поинакви палачинки, идеални за вкусна вечера. Потребни состојки: - 7 компири - 1 главица кромид - 500 гр. јунешко мелено месо - 25 гр. путер - 160 гр. брашно - 1 јајце - сол и бибер - малку масло за јадење Начин на припрема: 1. Исечкајте ги компирите на коцки и ставете ги да се сварат. 2. По варењето, исцедете ги и изгмечете ги, а потоа во нив додајте ги јајцето, путерот, брашното, солта и биберот. 3. Во тава на оган пропржете го кромидот, а потоа додајте го меленото месо. Додајте сол, бибер и други зачини по желба. 4. Од тестото направете мали палачинки, а потоа на секоја од нив додајте по една лажица од прженото мелено месо. 5. Затворете ги и израмнете ја нивната површина за да добијат облик на полнето тесто. 6. Вака подготвените палачинки пржете ги во тава на која сте ставиле малку масло за јадење. Погледнете ја целата постапка: извор:кармин/точка.ком.мк]]>

Првата палачинка не ви успева? Неколку трикови како да си помогнете во тоа https://arhiva.vistina.com.mk/prvata-palachinka-ne-vi-uspeva-nekolku-trikovi-kako-da-si-pomognete-vo-toa/ Thu, 13 Feb 2020 13:41:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134109

Со оглед на тоа дека и кулинарските експерти велат дека првата палачинка ретко успева, како тогаш аматерите би можеле да го избегнат овој проблем? Секако, најлесно е да се помириме со фактот дека првата палачинка едноставно ќе биде „збрчкана“ и изеден попатно додека се печат другите. Од друга страна, постојат и неколку трикови што би можеле да помогнат тоа да не се ни случи. Британската кулинарка, Хенриета Инман, специјализирана за десерти, вели дека не е запознаена со физиката што го објаснува целиот процес, но знае дека тајната е во добро измешаната смеса, тавата што се навикнала на таа смеса и доброто загревање. – Смесата не треба предолго да се меша, но сите состојки мора да бидат соединети. Секогаш користете иста тава за пржење или печење палачинки, загрејте ја добро и почнете – изјавила Хенриета Инман за „Гардијан“. Угостителот и критичар Бил Грејнџер вели дека тестото од палачинки не треба да се меша премногу. – Ако и остане грутка брашно во смесата, не паничете, тоа е добар знак. Палачинката ќе биде понежна, нема да биде гумена – објаснува тој. Исто така, препорачливо е смесата да отстои извесно време пред пржењето. Оставете да се одмори околу дваесет минути, глутенот да се опушти. Колку подолго ја мешате смесата, толку подолго треба да отстои. Секако, голема улога игра и тавата. Ставете ја тавата на умерено висока топлина за да се загрее пред да додадете масло. Нека тавата добро и рамномерно се загрее. Покријте ја целата површина со масло, а потоа извадете го вишокот со салфета, но не премногу. Маснотија мора да има. Во рестораните тавите толку многу се користат така што секогаш се добро подмачкани, а тоа честопати не е случај дома, вели Грејнџер. Пржењето на палачинки е на крајот, како и сè друго, вештина која треба да ја вежбате. Тоа е прашање на пракса и неколку неуспешни обиди. Тоа им се случува на сите и се нарекува искуство, напоменува Хенриета Инман. извор: Курир.мк]]>