пајак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Dec 2023 10:48:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пајак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јован Јованов по 14 години молк повторно запеа и тоа во дует со Пајак: Ова е најновата ремикс верзија на стариот хит – “Магија” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovan-jovanov-po-14-godini-molk-povtorno-zapea-i-toa-vo-duet-so-pajak-ova-e-najnovata-verzija-na-stariot-hit-magija-video/ Mon, 11 Dec 2023 10:47:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330567

По дваесет и пет години победничката песна на Макфест од 1998 година “Магија”, доби нов, модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее и кај младата популација. По желба на Пајак, Јован после 14 години повторно запеа “ќе ми треба магија“, но овој пат пее дека има дозвола за кола да ја повози девојката, додека пак Пајак се' уште ја нема... За песната е направен нов аранжман и целосно нова продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов - Ивајо. Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован. На почеток видеото започнува со снимка од оригиналниот настап на група “Магија” од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио Eat The Beat. Спотот е веќе промовиран на Јутуб каналот на Урбан Рекордс, а додека пак телевизиската промоција на спотот ќе биде на 13.12 во среда во ТВ магазинот Бекстејџ на Телма ТВ. Погледнете го спотот за “Магија” со песната во ново руво, отпеана како дует  помеѓу Пајак и Јован, кој експресно од своето појавувње вреќе  високо котира на трендинг листата на јутуб. ]]>

Јован Јованов во дует со Пајак: Ремикс на „Магија“, песната што своевремено го вивна во естрадната орбита, по што тој дефинитивно се враќа на сцената? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovan-jovanov-vo-duet-so-pajak-remiks-na-magija-pesnata-shto-svoevremeno-go-vivna-vo-estradnata-orbita-po-shto-toj-definitivno-se-vraka-na-stsenata-foto/ Thu, 30 Nov 2023 07:49:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329206

Деновиве на социалните мрежи осамна заедничка фотографија од Јован Јованов и Пајак во студио, која веднаш ја заскокотка јавноста, па бројните фанови  посакаа да дознаат, што ли тоа се готви во „фабриката за хитови“  на Јованови? Многумина веќе помислија дека се работи за нова песна на Пајак во продукција на Јован Јованов, кој своето доаѓање во Македонија (за време на деновите на фестивалот „Макфест 2023“) од Канада, каде што живее и работи последниве години, го искористил за соработка со Пајак. Не дека нема вистина во претпоставките, но сепак, на големо изненадување се работи за нешто слично, а сепак различно. Имено, во прашање е дует и тоа во вид на ремикс на некогашниот мегахит „Магија“ на истоимената група која Јованов ја основаше и беше нејзин лидер со која победија токму на „Макфест“ во далечната  1998 година. Песна која се' уше се слуша по  радиостаниците и ДЈ -ите ја пуштаат по кафулињата, дискотеките и ноќните клубови. По желба и инсистирањена Пајак, Јован после 14 години повторно ќе запее: „Ќе ми треба магија...“ и тоа во дует со Пајак. Како што дознаваме за песната е направен и нов аранжман и целосно нова, модерна продукција од страна на неговиот брат, денес познатиот музички продуцент и аранжер Иван Јованов Ивајо. Песната заедно со видеоспот наскоро ќе биде промовирана во етерот. Како ли ќе звучат заедно со нетрпение очекуваат да слушнат и помладите и оние повозрасните. Или што би рекле, и ќерките кои растат со песните на пајак и мајките кои ги минуваа најубавите тинајџерски години со хитовите на „Магија“. „Најавениот дует  би требало да биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови проекти за во иднина“ - кусо ни изјави Јованов, со што како срамежливо да го наговестува својот камбек, своето дефинитивно музичко и пред се пејачко враќање на македонската естрадна сцена? Дали е така, ќе дознаете во ексклузивното интервју на Јован Јованов за Вистина.ком.мк кое ќе излезе на денот на промоцијата и појавувањето во етерот на ремикс верзијата на „Магија„ отпеана во дует помеѓу Јован Јованов и Пајак. Инаку во биографијата на Јован Јованов сти дека е композитор, продуцент, пејач... Основач и предводник на некогаш мегапопуларната тинејџерска атракција, групата „Магија“ (Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев) која со истоимениот хит своевремено го освои фестивалот „Макфест“ во Штип во далечната 1998 година, а потоа и цела Македонија. Со години потоа „Магија“ растураа со своите хитови по радиостаниците, царуваа на топ листите, не се симнуваа од насловниците на тогашните списанија и магазини, хараа со настапи по клубовите и дискотеките низ Македонија. „Магија“ во периодот на нејзиното постоење беше една од најпопуларните музички групи, особено кај помладата генерација, која воведе свежина на македонската естрада со трендовски песни, впечатливи кореографии и модерен, препознатлив стил. Младите генерации растеа со нивните хитови како "Магија" , "ДЈ", Светло се Гасне" , "Помислувам на тебе", "Низ оган да минувам", "Кажи ми"... се до распадот на групата. По нивното разидување тогаш веќе како зрел музичар,  продуцент, автор и пејач Јован Јованов успешно ја продолжи својата соло кариера нижејќи одново соло хитови и дует соработки и за себе и за сите оние кои ги правеше и дома и надвор од Македонија: Од Ноне и Елвир Мекиќ, до Тони Зен, Ламбе Алабакоски, Адријан Гаџа, Влатко Илиевски, Александар Белов, Врчак, Куку Леле, Слаткаристика, Некст Тајм или Бојан Маровиќ, Емина Јаховиќ... И така се до неговото повлекување од сцената и заминувањето најпрвин во САД, па во Канада каде и ден денес живее и работи како музички продуцент и е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на тамошната музичка индустрија. Иако далеку од дома, последниве две години Јованов се појавува како еден од клучните луѓе во реинкарнираниот фестивал на забавни песни „Макфест“ во Штип, како клучен член на Уметничкиот совет кој заедно со одбраниот тим ( градоначалникот Иван Јорданов, Александар Арсовски, Роберт Саздов, Антонио Димитриевски, Љубан Стамениќ, Ефтимија Јованова...) и музички, содржински, визуелно, организациски, медиумски... го „воскреснаа“ во моментов најстариот македонски музички фестивал. Фото: Приватна архива  ]]>

Таско и Малена ви го подаруваат видеото за нивниот макфестовски – „Сафир“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tasko-i-malena-vi-go-podaruvaat-videoto-za-nivniot-makfestovski-safir-video/ Wed, 01 Nov 2023 10:52:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324879

“Сто пати рани, рани, рани ме, но не ми брани јас да љубам не, тонеш во лаги барем еднаш признај се, солза на образ како плав сафир е”... Се заразните љубовни стихови од рефренот на новиот макфестовски хит на Таско и Малена, напишани токму од Таско кој во многу песни па и во оваа се појавува во улога на текстописец. Автор е и на музиката заедно со популарниот Пајак, додека пак аранжманот, миксот имастерингот се на хитмејкерот и продуцент Иван Јованов- Ивајо, а во заедничка интерпретација со младата пејачка Малена. Навикнати сме Таско да го слушаме во дуети и соработки со доста познати музички имиња како Раста и слично, но овој пат Таско даде поддршка на една млада, харизматична и доста талентирана девојка. Магдалена Јаковска- Малена е осумнаесетгодишна пејачка која пред само неколку месеци учествуваше во македонското музичко тален шоу “Пат до ѕвездите”, каде успева да се пласира во големото финале. Веднаш после тој настап кој се емитуваше во живо на една од нашите телевизии, добива повик за соработка од Урбан Рекордс и така станува новиот ексклузивец на продукцијата. Таско беше дел од музичкото жири во тоа шоу, така што веќе беше добро запознаен со нејзиниот голем талент. Таско оваа година се оствари како родител и стана татко на Лукијан. По кратката пауза се враќа на голема врата на музичката сцена со летниот хит “ Намерно “ во соработка со Пајак, а сега и со макфестовскиот хит “Сафир”. Спотот за “Сафир” е во режија и продукција на Никола Наумовски и Гордан Божиновски од Урбан Рекордс , а се снимаше на Галичник и во Prolight студио. Го имаме хитот од Макфест 2022 “ Bella” - Пајак & Лара , кој зеде награда за најслушана композиција помеѓу два фестивала, а се чини дека ќе го имаме и хитот од Макфест 2023  - “Сафир” кој сериозно претендира да биде најслушана песна меѓу два фестивала ( и двете под палката на продуктивната Урбан Рекордс,). Хит кој веќе високо котира на врвот на трендинг листата на Јутуб, но за тоа сепак ќе покаже годината пред нас. Во продолжение уживајте во видеозаписот на “Сафир”. ]]>

Викендов во Штип започнува 38-то издание на „Макфест“: Дводневна фестивалска фешта за сите вкусови https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-vo-shtip-zapochnuva-38-to-izdanie-na-makfest-dvodnevna-festivalska-feshta-za-site-vkusovi/ Thu, 19 Oct 2023 06:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322995

Викендов во Штип, поточно овој петок и сабота (20 и 21 октомври 2023 г.) ќе се одржи 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Утревечер ( 20 октомври) во домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат 13 помалку афирмирани македонски музички имиња или како што еснафот ги нарекува „со помал багаж“ зад себе, но доволно атрактивни со модерни песни кои се очекува да го побудат интересот на публиката, а некои од нив и да станат радиски хитови. Петте кои ќе ја добијата довербата од гласовите на жирито и публиката во салата, ќе го надополнат списокот со учество и во втората фестивалска вечер, закажана за в сабота (21 октомври). По завршувањето на официјалниот дел на првата вечер во петок (20 октомври) за време на паузата додека трае гласањето на жирито и публиката во домот на културата, на сцената свој настап со сплет изведби на макфестовски теми ќе имаат „Силви бенд“ и Лидија Кочовска, кои и самите се некогашни учесници на „Макфест“, чии фестивалски изведби и песни оставиле траг на македонската музичка сцена и станале македонски евергрини. Организитарот, општина Штип на чело со градоначалникот Иван Јорданов и главниот координатор на фестивалот, Александар Арсовски заедно со целокупната екипа и тимот кој работеше на подготовките,  за се' да биде беспрекорно и функционира совршено,  ја подготвија и агендата за двата фестивалски дена. Во неа точно и прецизно се вткаени саатниците за Прес конференциите, генералните проби, сместувањето на изведувачите и претставниците на медиумите од цела Македонија, кои се очекува годинава во голем број да бидат присутни за следење на фестивалот. Втората фестивалска вечер е резервирана за попознатите македонски музички имиња, меѓу кои и неколку од најголемите наши поп ѕвезди, кои годинава ќе настапуваат на „Макфест“. На неа покрај 13-те проверените пејачи и групи, ќе ги видиме и петте избрани од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи.  Оваа вечер и годинава како и лани има ревијален карактер, што значи нема да има гласање и да се доделуваат награди за прво, второ, трето... место, зашто заложбите на организаторот и  уметничкиот на фестивалот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди. Што значи фестивлот да биде еден широк полигон за прва промоција на новите песни на веќе проверените музички ѕвезди, но и помладите имиња кои се помалку имаат простор каде да се презентираат себеси и своите нови остварувања. За визуелно-техничките аспекти и максималното користење на новите технологии на самата сцена, како и при презентацијата и медиумската промоција на „Макфест“ уште на првата Прес конференција во Скопје говореше членот на уметничкиот совет Јован Јованов, кој рече дека фестивалот годинава ќе изгледа и звучи сосема поинаку и многу побогато... И технички и визуелно и содржински, во што ќе се уверат и присутните во салата и ТВ гледачите. А годинава како што во неколку наврати изјави уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Саздов: „На овој Макфест очекувам да има повеќе хитови отколку на последните две евровизиски изданија. Според мене десеттина песни претендираат да станат радиски хитови и да бидат многу вртени во етерот“ - потенцираше Саздов кој со задоволство го истакна квалитетот и потенцијалот на она што публиката ќе го слушне и види на макфестовската фестивалска сцена годинава. Единствената награда која ќе биде доделена е онаа за „Најслушана песна меѓу два фестивала“ која годинава со право ја понесе песната „Бела“ на Пајак и Лара Иванова од минатогодишното издание, која стана регионален хит со фасцинантни над 25 милиони прегледи на Јутјуб. Истата ќе биде изведена и на годинешното макфестовски издание при предавањето на наградата на втората фестивалска вечер, во сабота. И годинава и двете фестивалски вечери на „Макфест 2023“ ќе бидат директно пренесувани на националниот сервис, на првиот канал на МТВ 1, но и на првата програма на Македонското радио- Радио Скопје. Како генерален спонзор, но и медиумски поддржувач на „Макфест“, Урбан ФМ исто така ќе оди со директен пренос и отворено студио од Штип на својата програма на фреквенцијата 90.8 Скопје. По завршувањето на фестивалот е предвидена и постфестивалска забава и дружење со учесниците и претставниците на медиумите со публиката во еден од елитните штипски локали.      ]]>

По милионскиот успех на макфестовската „Бела“: Пајак и Лара повторно заедно со нов дует https://arhiva.vistina.com.mk/po-milionskiot-uspeh-na-makfestovskata-bela-pajak-i-lara-povrono-zaedno-so-nov-duet/ Fri, 06 Oct 2023 11:50:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321077

Познатото македонско дуо млади естрадниартисти  Пајак и Лара кои сите многу добро ги знаеме од минатогодишниот „Макфест“ кога се појавија со големиот  хит „Бела“ чие видео достигна над 33 милиони прегледи на Јутјуб, за своите фанови и македонската публика повторно подготвуваат дуетска песна. Тоа доаѓа некако природно, а и самата публика тоа би го очекувала по минатогодишниот хит кој Пајак и Лара ги крена на едно повисоко ниво, меѓу најголемите ѕвезди на македонската музичка сцена. „Ветуваме дека повторно ќе седнеме во студио и дека ќе направиме уште еден нов македонски хит“ - најави Лара. Инаку, во последниот период тие двајца често заедно настапуваат низ Македонија. Во очекување на најновиот заеднички хит помеѓу младите пејачи, само за момент потсетете се на минатогодишниот настап на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, кога токму тогаш овие двајца ја исполнија оваа денес насекаде позната и барана песна, нивната „Бела“. ]]>

Едно е сигурно, Пајак и Таско се што прават, прават – „Намерно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/edno-e-sigurno-pajak-i-tasko-se-shto-pravat-pravat-namerno-video/ Tue, 19 Sep 2023 06:30:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318585

Младиот и талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески – Пајак  неодамна ја сними новата песна „Намерно“, овој пат во дует со познатиот македонски рапер Таско. Песната која е снимена за Urban Records е дело на двајцата музичари кои се погрижија за музиката и текстот, додека аранжманот е на Иван Јованов - Ивајо. Ова не е нивна прва соработка, зашто и претходно двајцата трап атисти имаа заеднички дует во 2021 година огледан во темата „Психо“.
Инаку Таско е еден од најпознатите македонски изведувачи на рап и хип-хоп музика и текстописец. Тој започнал да се занимава со музика во 2011 година. Тој годинава стана и семеен човек откаконајпрвин ја ожени најтетовиранатамакедонка - Наташа Неделковска, попозната како Таша Теј, а летово го добија и нивното прво чедо, синчето Лукијан. Последно што слушавме од Пајак пак беше дуетот со српската пејачка Теодора Џехверовиќ, дует огледан во нивната „Летна авантура“ која ја издадоа во јуни годинава. Заедно со MC Stojan во февруари годинава Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичната бројка од над 33 милиони прегледи на одличната песна „Bella“, отпена на ланскиот „Макфест 2022“ во Штип. Младиот трап артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака. Во продолжение, слушнете ја и погледнете го видео спотот за најновата „Намерно“ за која Таско и Пајак снимија и видеоспот на неколку локации во преубавиот Охрид, во кој покрај нив двајца се појавуваат и неколку згодни млади девојки. Спотот е одново во режија на „Урбан Рекордс“, односно Гордан Божиновски, Били Д. и Никола Наумовски. Како сето тоа звучи и изгледа, ако досега тоа не сте го направиле, проследете во продолжение:
]]>

Секс поза „пајак“ – со бавни движења доведете ја партнерката до лудило (18+) https://arhiva.vistina.com.mk/seks-poza-pajak-so-bavni-dvizhena-dovedete-ja-partnerkata-do-ludilo-18/ Thu, 01 Jun 2023 12:42:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304706

Станува збор за секс поза која е идеална за мажите што се пониски од партнерката, затоа што партнерите се наоѓаат во позиција каде височината не е важна, а кај партнерката предизвикува стимулација на предниот вагинален ѕид и може да ја зголеми возбудата. Оваа секс поза е одлична за загревање, на почетокот на интимниот чин, а можете да направите да се чувствувате поудобно, доколку ставите перница под задникот на партнерката. Партнерот седнува со свиткани коленици и се држи со рацете зад него, додека партнерката седнува наспроти него и ги протнува нозете над неговите. Притоа, таа треба да биде во полулежечка положба и да се држи на дланките и подлактиците. Целосно позата наликува на пајак, па оттаму и го добила името. Погледнете ја илустрацијата: ]]>

Пајак и Џехва имаат дует: Македонскиот трапер и познатата српска пејачка со заедничка песна и спот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pajak-i-dhehva-imaat-duet-makedonskiot-traper-i-poznatat-srpks-pejachka-so-zaednichka-pesna-i-spot-foto/ Tue, 30 May 2023 05:58:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304328

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески- Пајак продолжува со музички изненадувања и го најавува дуетот со познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ. Теодора на нејзиниот профил на Instagram објави неколку секунди од снимањето на спотот, а во разговор со фановите напиша: Песната со Пајак е втора песна која ја слушав повеќе од 500 пати. Пејачката исто така најави и дека дуетот со Пајак ќе излезе набрзо. Двајцата престојуваат на Кипар каде што снимаат и спот за песната. – Нова песна ќе имам за многу брзо, а албумот почна полека да се подготвува. Се надевам дека до следната година ова време ќе излезе, напиша Теодора.

Заедно со Mc Stojan во февруари годинава го Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичнатабројка од над 16 милиони прегледи на одличната макфестовска дует песна „Bella“.

Младиот трап артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…

Христијан Настески – Пајак: „Песна како ‘Бела’ се случува еднаш во цела кариера“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/hristijan-nasteski-pajak-pesna-kako-bela-se-sluchuva-ednash-vo-tsela-kariera-video/ Thu, 02 Feb 2023 11:42:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287098

Христијан Настески во јавноста познат под уметничкиот прекар „Пајак“ е талентирано момче кое ни доаѓа од убавиот Охрид, а пополека но сигурно го освојува Балканот. Инаку тој е студент во прва година на студиите по информатика. Со музика започнал да се занимавам уште од негова шестгодишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. На минатогодишното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, младите и атрактивни Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова заедно во дует на сцената ја претставија нивната најнова заедничка  песна „Bella“, која што верувале или не, за кратко време стана тотелен хит буквално во целиот регион. Песната стана вирална, после нивниот настап на YouTube веднаш беше промовиран и постиран и официјалниот видеоспот за истата, која веќе ја знаат и во соседна Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска… во целиот екс-ЈУ регион и пошироко... Речиси насекаде низ Балканот. Во ексклузивно интервју за естрадниот ТВ магазин “Бекстејџ”, Пајак  откри дека “Бела” е песна која еднаш се случува и дека следува уште еден дует со Лара, а во меѓувреме наскоро излегува и дуетот со познатиот српски изведувач МС Стојан. Што се' друго кажа Пајак, проследете во видеоинтервјуто во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Bella“ е феномен: Песната на Пајак и Лара надмина десет милиони прегледи на YouTube (Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/bella-e-fenomen-pesnata-na-pajak-i-lara-nadmina-deset-milioni-pregledi-na-youtube-video/ Mon, 30 Jan 2023 13:10:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286490

На минатогодишното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, младите и атрактивни Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова на сцената ја претставија нивната најнова дуетска песна „Bella“, која што верувале или не, за кратко време стана тотелен хит насекаде. Песната стана вирална, после нивниот настап на YouTube веднаш беше промовиран и постиран и официјалниот видеоспот за оваа песна, која веќе ја знаат и во соседна Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска… во целиот екс-ЈУ регион и речиси насекаде низ Балканот. Пајак и Лара нема ден а да не постираа видео каде некое момче или девојче се имаше снимено како ја пее оваа песна или танцува на истата. До денес, видеото кое што е постирано пред три месеци, а се однесува на нивниот настап од „Макфест“ досега има 1, 2 милиони прегледи, додека пак официјалниот видеоспот кој  е промовиран и постиран на YouTube неколку дена после после првото видео, односно, нивниот настап на фестивалот, денес има 10 милиони прегледи, само за 3 месеци. Потсетете се како звучи „Bella“ и како изгледа видеото за неа (КЛИКНИ ТУКА): ]]>