пајаци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 14 Apr 2022 11:35:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пајаци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бројот на познати видови пајаци достигна 50.000 https://arhiva.vistina.com.mk/brojot-na-poznati-vidovi-pajaci-dostigna-50-000/ Thu, 14 Apr 2022 11:35:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246455

Според новите сознанија, во светот има 50.000 видови пајаци, а можно е да има и двојно повеќе, но сѐ уште не се откриени, сметаат научниците. „Светскиот каталог на пајаци“, кој му припаѓа на Природонаучниот музеј во швајцарската престолнина Берн, минатата недела го регистрираше 50.000-тиот вид пајак, наречен „Guriurius minuano“. Новиот вид ѝ припаѓа на фамилијата пајаци „Salticidae“, а својот плен го лови на дрвјата во јужен Бразил, Уругвај и околу Буенос Аирес, Аргентина. Откритието е на археологот Кимберли С. Марта и нејзините колеги од Бразил, а беше именуван по сега изумрениот народ Минуана, кои некогаш живееле во областа. „Пајаците се најважните ловци во копнените живеалишта на Земјата, па затоа не треба да се занемари нивната важност за животната средина. Пајаците консумираат од 400 до 800 милиони тони инсекти годишно, што ги прави битни регулатори на популацијата на инсектите. Според тоа, тие се од големо значење и за луѓето“, велат од музејот. Првиот научен опис на пајак датира од 1757 година. Но, иако биле потребни 265 години за да се достигне бројката од 50.000 видови, стапката на откривање постојано расте, па следните сто години би можеле да се откријат уште толку. „Според нашите проценки, веројатно има и 50.000 видови пајаци што досега не сме ги откриле“, велат издавачите на Каталогот. Каталогот за пајаци е достапен на интернет-страницата на музејот.]]>

Како да ги спречите пајаците да влезат во вашиот дом оваа есен? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-gi-sprechite-pajacite-da-vlezat-vo-vashiot-dom-ovaa-esen/ Fri, 06 Nov 2020 13:40:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174966

Ако се плашите од пајаци, веројатно многу вечери сте поминале пребарувајќи на Интернет како да ги спречите да влезат во вашата куќа. Па, што навистина можете да направите за да ги задржите овие животни надвор од вашиот дом? Според едно мало истражување објавено во списание за економска ентомологија минатата година, биле тестирани три природни лекови за кои често се зборувало дека ги бркаат пајаците: масло од лимон, од нане и мирис на диви костени, а се сметало дека се ефикасни при бркање на женките. Истражувачите забележале дека маслото од лимон најчесто се споменува на Гугл, но не откриле докази дека има влијание врз пајаците. Сепак, маслото од нане имало ефекти врз два од трите вида пајаци врз кои било спроведено истражувањето, бркајќи ги пајаците во повеќе од 75% од тестовите. Дивите костени имале благо дејство врз истите два вида пајаци. Од друга страна, ученици од Велика Британија добиле награда од Кралското хемиско друштво за истражувањето дали пајаците навистина бегаат од диви костени. Според нивниот мал експеримент, теоријата со костените е бесмислица затоа што пајаците не покажувале апсолутно никакви знаци на страв. Сепак, постојат неколку други решенија. Мачките можат да завршат прилично добра работа при ловење и јадење пајаци. Ако пајакот не е од отровен вид, мали се шансите да ѝ биде лошо на вашата мачка. Редовното чистење на куќата може да ви помогне во отстранувањето на пајаците, колку и да звучи досадно. Нивните гнезда можете да ги отстраните со правосмукалка или со бришење прашина на подот. Исто така, можете да ги спречите пајаците да влезат во вашата куќа со затворање на пукнатините на ѕидовите. Вратите и прозорците нека ви бидат затворени колку што е можно почесто. извор:кафепауза.мк]]>