пациенти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Feb 2021 10:20:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пациенти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Др. Симона Поповска се сети како да ги „инјектира“ животните принципи во професијата: Исто како кога бираш партнер – доволно едуцирај се пред да избереш! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dr-simona-popovska-se-seti-kako-da-gi-injektira-zivotnite-principi-vo-profesijata-isto-kako-koga-birash-partner-dovolno-educiraj-se-pred-da-izberesh-foto/ Wed, 24 Feb 2021 09:59:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191130

Денес е време кога за убавина пари не се жалат, зашто очигледно во „новото нормално“ убавината  се' повеќе се цени, се почитува и вреднува, многу повеќе од умот. Барем кај нас, а и во опкружувањето не е нешто многу поразлично, па дури и во светот. За неа се живее, ама од неа може и добро да се живее. Тоа се' повеќе го докажуваат и оние кои убавината ја „продаваат“, но и оние кои ја создаваат или коригираат. Затоа убавата охриѓанка со скопска адреса на живеење, пејачката и лекар Др. Симона Поповска се' повеќе и се посвети на нејзината професија - медицината, или поточно нејзината специјалност- дерматологијата каде, како што и самата се декларира, важи за овластен естетски инјектор. И како што естетската хирургија станува се' попопуларна, а нејзината примена се' поширока, така и конкуренцијата станува се' поголема. Затоа Симона се сети како да ги привлече своите пациенти, пардон - клиенти, за  да не згрешат во изборот, па изборот да им биде таа и нејзините естетско-медицински услуги. Пејачкта - лекар веројатно од музиката научила дека  рекламата и добриот ПР отсекогаш биле половина успех, па затоа реши истата формула да ја примени и во својата, сега примарна професија, естетската медицина. Социјалните мрежи и онака се ем гратис, ем во мода, па  просторот за маркетинг на нив дава неограничени можности...Само треба да откриеш како? Која е вистинската формула? Затоа, Др. Симона им понуди „слатка рекламна бомбона“ на идните клиенти, во која ги вгради токму најважните животни компоненти, по принципот: Кога бираш естетски доктор е исто како кога и бираш маж -  доволно едуцирај се пред да избереш! Па рекламата ја поставила на истите оние женски принципи, преточувајќи ги во шест (6) совети за совршен избор: 1)  Не ви е гајле за вашата безбедност?    ( И со мажот со кој треба да бидете е исто, зарем не?) 2) Не ве интересира дали вашиот доктор има искуство или не? (Што секако важи и за партнерот кој ќе го изберете) 3) Повеќе сакате да „платите помалку“ отколку да имате некој што истражува и постојано учи во својата специјалност? (Само што во животот „плаќањето“ доаѓа отпосле, и не е само во пари, туку може да ве чини многу, мноооогу... поскапо) 4) Се јавувате на сите можни места за да ја пронајдете „најдобрата зделка“ за естетски третман, но всушност не прашувате ништо за лицето што ќе ве работи? (Се сеќавате на „скитањата“ од младоста, од кафуле до кафуле, од кафеана до кафеана, од клуб до клуб... Од партнер до партнер, нели?)  5) Мислите дека сите филери во основа се „исти“ и не вие гајле каков материјал внесувате во себе? (Уффф... во животот многу е важно каков материјал внесувате во себе... Зашто е „генетски“!) 6) Вие не сакате доктор кој ќе бара решение за вашите грижи, ќе направи секогаш да се чувствувате приоритетни и најважно ќе ве СЛУША!? (Митот за совршен партнер дома, а всушност сосема поинаква личност надвор, на работа... воопшто... „друга личност“. Во суштина, она кога покрај себе имате „непознат човек“, а мислите дека имате совршенство). И ајде кажете после дека не треба да бидете доволно едуцирани пред да изберете?  Партнер или лекар - сеедно?! За да не ти се случи подоцна да испаднеш „тежок пациент“... Без да си знаел! Како и да е, ова се медицинските препораки на Др. Симона Поповска... Веројатно се придржувала кон истите шест (6) совети за совршен избор и кога бил изборот на нејзиниот животен партнер во прашање!? Фото: Инстаграм принтскрин/simonapopovskaofficial
   ]]>

„На терапија“ кај Спенџарска: Јелена реши да биде „психијатар за пациенти“ од социјалните мрежи! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-terapija-kaj-spendzarska-jelena-reshi-da-bide-psihijatar-za-pacienti-od-socijalnite-mrezi-video/ Fri, 04 May 2018 07:38:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24945

Чуден е светот. Уште почуден животот... Особено  животот на истиот тој свет на социјалните мрежи. Па уште ако си јавна личност... Оние, НВО фолиранти  од „невладините“ ќе речет дека ако си јавна личност демек, имаш општествена одговорност да коментираш, обичниот свет пак е поделен: едни велат  кој ти дал за право, други - мое право е да коментирам... А таа, водителката на Канал 5 - Јелена Спенџарска, поучена од едните, другите, третите или од сама себе си, си зема за право не само самата да коментира, туку да ги коментира туѓите коментари... Особено оние -  хејтерските на социјалните мрежи.
Демек ако си му влегол некому на профилот, било исто како да си му влегол дома!? Па ако нешто не ти се допаѓа - оди си! Како потоа да не коментираат и за дома, како му бил наместен домот, какви завеси имало, колку било нечисто купатилото, како имало прашина на мебелот... бла, бла, бла...!
Арно ама, Вие веќе право да коментирате на социјалните мрежи - немате! Одучете се од лошата навика! Ако не ви оди и не знаете како, слободно легнете на домашната софа, вклучете го компјутерот и најдете го профилот на една од истите тие социјални мрежи на Јелена Спенџарска. Вклучете го видеото и внимателно слушнете ги терапевтските совети на „психијатарот за пациенти“ на социјалните мрежи!
Патем, гледајте ја телевизиската „социјална психотерапевтка“ право в очи... Да не случајно погледот ви се слизне малку подолу - во деколтето, од кое срамежливо и ѕирка...  „вистинскиот лек за ваквите „болести“.  Ама тоа е веќе друг тип на терапија!  Толку од третманот. Можете да си одите! Само, претходно погледнете и го постираното видео на Спенџарска... барем еднаш!