оздравуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Jul 2021 07:02:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оздравуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ленче Кукиќ раскажа низ каква голгота поминале со сопругот поради короната: „15 дена бевме на кислород немавме време да размислуваме дали ова е крајот“ https://arhiva.vistina.com.mk/lenche-kukikj-raskaza-niz-kakva-golgota-pominale-so-soprugot-poradi-koronata-15-dena-bevme-na-kislorod-nemavme-vreme-da-razmisluvame-dali-ova-e-krajot/ Fri, 23 Jul 2021 07:02:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212217

Ленче (Дедејска) Кукиуќ и Горан Кукиќ, се една од најпознатите струмички и воопшто македонски музички брачни двојки. Иако со децении опстојуваат на сцената, настапувајќи соло, во дует или најчесто заедно со својата група „Јупитер“, сепак на пошироката јавност во регионот и станаа познати по победите, секој одделно, во регионалното музичко талент шоу за возрасни, „Никогаш не е доцна“. Ленче и Горан Гугиќ ја однесоа победата во регионалното музичко шоу, само во различни сезони. Отогаш тие уште повеќе настапуваат, а нивната агенда беше  полна со настапи. Меѓутоа, како и сите нивни колеги, па така и тие речиси повеќе од една година се на принудена пауза поради пандемијата со коронавирусот кој и самите го прележале и поминале лошо. Имено, Ленче во за фокус.мк раскажа дека таа и сопругот биле заразени со корона, завршиле во болница и 15 дена биле на кислород. Како што вели, инфекцијата им се случила во април, но се уште ги чувствуваат последиците и полека оздравуваат. „Страшно искуство… Преживеавме моменти опишани во песните, ни на јаве, ни на сон… Буквално, како да бевме во два света. Во тие моменти, всушност немавме време да размислуваме дали ова е крајот, едноставно се препуштивме на Господ“, вели Кукиќ и додава: „-Цели петнаесет дена бевме на кислород со Горан. До толку ни беше лоша ситуацијата, што еве и по неколку месеци, ние се уште закрепнуваме. Да се опоравиме, па потоа и ќе се вакцинираме. Сега се трудиме со здрав начин на живот да си ја вратиме силата, полека се движиме напред, во добар правец. Овој вирус е навистина непредвидлив, народот мора да биде внимателен, да се заштити“, вели пејачката. Таа исто така им се заблагодари на целиот медицински персонал кој се грижеле за нив и им давале надаж кога биле при крајот со силите. Ленче најави дека заедно со својот сопруг се враќаат на сцената со многу настапи, но и музички изненадувања за публиката. Инаку, многу познати личности беа заразени со корона, некои поминаа полесно, некои потешко, а некои за жал ја изгубија битката со коронавирусот. фото: фејсбук/принтскрин јутуб/никад није касно]]>