оваа есен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Oct 2021 12:35:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оваа есен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Неколку идеи како да го освежите вашиот изглед оваа есен https://arhiva.vistina.com.mk/nekolku-idei-kako-da-go-osvezite-vashiot-izgled-ovaa-esen/ Thu, 21 Oct 2021 12:35:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224047

Со почетокот на есента, повеќето дами го остават настрана изгледот „без шминка“ кој е популарен во текот на летото. А, во продолжение ќе најдете нови и свежи идеи за шминка за оваа есен. Природни веѓи
Пастелни бои
Розов сјај
Впечатлив кармин
Суптилни зачадени очи
извор: Кафепауза.мк ]]>

Практични, удобни и одговараат со сè: Овие чизми ќе бидат ултимативен тренд оваа сезона https://arhiva.vistina.com.mk/praktichni-udobni-i-odgovaraat-so-se-ovie-chizmi-kje-bidat-ultimativen-trend-ovaa-sezona/ Mon, 18 Oct 2021 12:45:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223410

Модата оваа зима ќе биде во знакот на впечатливите бои и трендовите од 90-те години, а кога станува збор за обувките, ќе ви биде потребен само еден единствен модел - гумени чизми. Гумените чизми одлично одговараат во комбинација со фустани, здолништа, но и тренирки. Станува збор за модел во кој се исплати да се инвестира бидејќи често ќе ги носите. Тие се практични, топли и удобни и се совршени за оние денови кога непрекинато врне или кога снегот ќе почне да се топи. Дизајнерите оваа година особено се потрудија, па така на пазарот имаме најразлични модели - од оние еднобојните до оние со интересни шари и принтови. Ниту трендсетерките не му одолеаја на овој модел, па Инстаграм е преплавен со фотографии на кои токму овие чизми ја играат главната улога. Во продолжение ви претставуваме неколку предлози за стилизирање на овој модел на обувки - еве како можете да ги носите: извор: кармин.точка.мк]]>

8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есен https://arhiva.vistina.com.mk/8-osnovni-parchinja-obleka-koi-treba-da-gi-imate-za-ovaa-esen/ Fri, 16 Aug 2019 12:45:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102625

Повеќето дами одбираат да поспијат повеќе наутро отколку да се разбудат порано и да одберат шик комбинација. Но, наредната сезона не мора да биде така! Спротивно од популарните верувања, вашите секојдневни парчиња облека можат да бидат тренди, без разлика дали станува збор за класична маица, мантил или панталони, сè додека знаете како да ги искомбинирате. Покрај тоа, важно е тие да бидат разновидни и едноставни за да можете да ги носите на работа, па и во вечерните часови. Денес ви презентираме 8 парчиња облека кои одговараат на сечиј стил, и на кои треба да обрнете внимание оваа есен, која само што не пристигнала. 1. Тренч мантил
Кога ќе инвестирате во добар тренч мантил, ќе ја разберете неговата моќ. Ваквиот мантил никогаш нема да излезе од мода, бидејќи покрај добриот стил, има и одлична функција за време на дождливите денови и го комплетира секој стил. 2. Волуменозен џемпер Овде не станува збор за трикотажа која визуелно ќе ве „проголта“, туку за моделите „балон“ ракави. Балансирајте ги овие детали со тесна кошула или маица која ќе ја облечете одоздола, и со широки панталони или здолниште. 8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есен
3. Кожни панталони Панталоните од вештачка кожа се наједноставниот начин да ја зачините вашата типична „униформа“ која се состои од фармерки и џемпер. Исто така, тие се удобни и уникатни.
4. Тенка ролка Можеби есента не е за дебели џемпери со ролка, но тенките блузи со сигурност се пригодни за ова годишно време. Тие совршено ќе се вклопат со панталони, здолниште, па дури и под фустан со кој ќе изгледате одлично.
5. Карирано здолниште Карираниот дезен, е дезен на есента, како што цветниот е на пролетта. Можеби сте го виделе многупати, но тој е одличен за секоја прилика, и е лесен за комбинирање. Кога имате вакво здолниште, вашите модни хоризонти можат да се прошират и да го олеснат дотерувањето.
6. Скроен блејзер Секоја дама треба да поседува скроен блејзер, а есента е одлично време да инвестирате во ова парче облека.
7. Свилена панделка за коса Панделките се голем есенски тренд, но и еден од најстарите и наједноставните трикови да го претворите вашиот целокупниот стил во елегантен и женствен.
8. Чевли со викторијански детали Секоја есен сме во потрга по совршениот пар чевли или чизми кои ќе ги носиме сè до пролетта. Оваа година тоа се чевлите инспирирани од викторијанскиот стил. Ваквите потпетици сигурно ќе одговараат на вашиот моден вкус.
извор: кафапауза.мк]]>

10 трендови од “Пријатели”, кои ќе бидат во мода оваа есен https://arhiva.vistina.com.mk/10-trendovi-od-prijateli-koi-kje-bidat-vo-moda-ovaa-esen/ Wed, 26 Sep 2018 11:35:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50069

Поминаа точно 24 години од емитувањето на првата епизода од култната хумористична серија "Пријатели", која, освен по урнебесните смешни сцени, ја паметиме и по одличните модни моменти.
Модата од тоа време сега повторно се носи, па во продолжение ви издвоивме десет трендови од споменатата серија, кои ги носеа Рејчел, Моника и Фиби, а "in" се и оваа есен. 1. Сладолед боја
Рејчел во серијата носеше пастелно жолто боди, а сладолед бојата оваа сезона во мода ја вратија бројни дизајнерски куќи, од "Celine", преку "Hermes" до "Victoria Becam". 2. Предимензионирани плетива
Кралицата на откачениот и опуштен стил, Фиби, обожувала предимензионални џемпери, кои сега повторно се "in". Можете да ги комбинирате исто како неа, со здолниште, а косата да ја соберете со ластик, за тренди есенски изглед. 3. Карирано
Карирано парче оваа есен е во посебен фокус, и се носи од глава до пети, но доволно е да набавите барем една предимензионална карирана кошула, каква што носи Моника во серијата, за да бидете во тренд. 4. Проѕирно
Проѕирната облека не е новост, се носела и во 90-тите години, а доколку не сакате да ја покажете долната облека, превземете го стилскиот трик на Рејчел и под проѕирната блуза, облечете свилена долна маица. 5. Лизгави фустани
Секси фустаните во стил на ноќница, ниту оваа есен не излегуваат од мода, а токму ѕвездите од "Пријатели" се заслужни за нивната популарност во 90-тите. Ги носеле сите три, но Фиби ќе ви послужи како најдобра стилска иснпирација за нивно комбинирање во претстојната сезона 6. Монохроматски изглед
Иако на модните писти за претстојната сезона доминирале боите на сладолед, модната куќа "Dior" најавила и црно-бели комбинации за оваа есен. Во серијата ова била омилената комбинација на Моника, за обавување на кетерингот, но мора да признаеме дека имала модерен деловен изглед. 7. Деловен изглед
Денес со задоволство би ја превземале целата деловна гардероба на Рејчел, а особено овој еднобоен комплет. Оделата се дефинитивно едни од главните трендови за претстојната сезона, а еднакво добар избор се и оние со панталони или оние со здолништа. 8. Мрежести торби
Моника ја носела за набавка на намирници, но мрежестата торба оваа сезона ќе има свој голем моден момент. Иако се сомневаме дека во есента ќе бидат барем приближно популарни како што беа во летото, сепак веруваме дека фешн-девојќите ќе ги обожуваат и во наредната сезона. 9. Памучни ткаенини
Специфичното карирано парче, кое упорно не излегува од мода, ќе го гледаме насекаде и оваа есен, а фустанот со А-крој, кој го носи Рејчел во серијата е совршен избор за оваа сеозна. 10. Трегери
Фармерките со прерамки некое време не беа интересни, но оваа сезона ќе бидат хит. Во серијата ги носеле и Рејчел и Моника и Фиби, па од нив можете да земете пример како може да ги комбинирате. Извор: точка.мк
]]>