ова е крај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 Jan 2018 11:14:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ова е крај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нина Јанева пред нов почеток со „Ова е крај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nina-janeva-pred-nov-pochetok-so-ova-e-kraj-video/ Wed, 31 Jan 2018 11:14:16 +0000 http://vistina.mk/?p=11360

Нина Јанева после долги години пауза повторно сними видео и тоа за темата „Ова е крај“, која е комплетно авторско чедо ( музика, текст, аранажман и продукција) на композиторот Александар Масевски кој заедно со Наде Талевска и Игор Митровиќ ги пејат и придружните вокали. Видеоспотот, е во режија и комплетна реализација на Александар Ристовски – Принц, а кадрите за истиот се снимени на локациии скопската планина Водно. „Ова е приказна во која ќе се најдат многу девојки и жени. Добар блуз кој мене лично ми дејствува како мевлем“, вели Нина. „Спотот го снимавме во ноември, беше малку ладно, на минус еден ме прскаа со вештачки дожд, а јас облечена во фустан со шест слоја. Измразнав, но супер си поминавме на снимањето и ни беше многу забавно. На Водно го дочекавме и роденденот на Принц и работно го одбележавме“ - открива Нина, која последниот спот кој го има снимено е од времето со „4Плеј“ пред околу десетина години. Пејачката во меѓувреме активно настапува и со својот бенд „2Егзит“, а најновото што го слушаме и гледаме од неа следува во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=Q7m6MddXBWk&feature=share]]>