отворени карти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Jul 2023 09:07:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png отворени карти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стефан Лазаров „ги отвори картите“: По свадбата со невестата веднаш заминаа на „меден месец“, кога таму еве ти ги првите проблеми во брачниот живот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-lazarov-gi-otvori-kartite-po-svadbata-so-nevestata-vednash-zaminaa-na-meden-mesets-koga-tamu-eve-ti-gi-prvite-problemi-vo-brachniot-zhivot-foto/ Wed, 12 Jul 2023 09:06:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309875

Стефан Лазаров откако направи свадба за паметење со сите салтанати, народни обичаи и адети, но и невидена журка за младите, редно беше да се одмори и од веселбата и од сите обврски, предизвици и проблеми што претходно ги имаше и сите премрежја низ кои мина во првата половина на оваа година. Логично е младите по свадбата да замината на таканаречен „меден месец“ иако тоа никогаш не се временски баш 30 дена, но сепак доволно, кој колку може да си дозволи за да здивне и да се одмори од напорните подготовки пред и за време на тој толку значаен ден во животот. А на „медениот месец“ се знае што се прави... „Се срка од медот“, се разбира, зашто младите колку добро и да се познаваат, сега како официјално озваничени брачни сопружници, редно е да почнат да се навикнуваат еден на друг во малку поинакви услови. Ама живот како живот, носи и добро и зло и убави и помалку убави моменти, па треба да се види дали заедно може да се издржи во сите можни околности. Стафан Лазаров и неговата млада, убава сопруга Марта таман пристигнаа на замисленото одредиште да се опуштат, одморат и уживаат во ред други „брачни задоволства“, кои постарите ги нарекуваат „брачни обврски“ , не минаа ниту - ден два, кога се случи нешто што им ја расипа забавата. На „медениот месец“ додека беа онака олабавени, опуштени и вљубени, се појавија првите проблеми во брачниот живот на двете гулапчиња, па излезе наместо да „сркаат од медот“ некој да мора да голта апчиња. Имено, дали од преголем замор, дали од променливото време, или од тоа што спиел „гол на промаја“, Лазаров наместо да го фати „брачната ма(ги)ја“, го фати настинка! Јутјуберот качил висока температура, па „медените денови“ се претворија во непријатна авантура! Лазаров не можел да издржи па решил да ги „отвори картите“ и јавно да се пожали... На температурата која го истошти сиот,  а не на брачниот живот... Ова колку да појасниме за да не се разбереме погрешно и да ја налутиме невестата, па потоа Лазаров да го прашуваат:  „Како бе од настинка, ти излегла модринка... под око?“ Вака, нека е со помин! Фото: Инстаграм/__qmarr__/_lazarovv
   ]]>

Миа Костова призна дека сака жени, ја објасни бисексуалноста, па откри во кого е заљубена: „Не е важно дали љубиш маж или жена, туку каков човек!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-kostova-prizna-deka-saka-zeni-ja-objasni-biseksualnosta-pa-otkri-vo-kogo-e-zaljubena-ne-e-vazno-dali-ljubish-maz-ili-zena-tuku-kakov-chovek-video/ Thu, 23 Apr 2020 11:29:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146232

Вчеравечер, 22. април 2020 год. на Инстаграм профилот на Бекстејџ гостинка беше водителката Миа Костова која  цели 10 години беше дел од тимот на најгледаниот и најпопуларен естраден ТВ магазин. Миа најпрвин објасни дека тимот на Бекстејџ се' уште го доживува како семејство и покрај тоа што веќе не се појавува на екранот. Потоа русокосата зборуваше за врската со жена, за која  на големо се шпекулираше, но Миа никогаш јавно не проговори  за тоа... ама само до вчеравечер, кога „бившата“ од „Бекстејџ“ го „отвори картите“, па разголувајќи ја јавно душата, отворено обзнани и призна: „Да, љубев жена, тоа е вистината... Претходно сакав мажи, но јас не се водам според тоа дали треба да љубам некој што е маж или жена, туку според тоа каков човек е“ - раскажа искрено Миа. Што друго за прв пат кажа атрактивната Тв водителка, менаџер и инфлуенсер, ако пропуштивте да слушнете и видите онлајн на Интернет, погледнете веднаш во видеото подолу: https://www.youtube.com/watch?v=moXMGYfTE1E]]>