отвора – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Jul 2023 12:53:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png отвора – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Оперска дива Анџела Георгиу го отвора 63. издание на „Охридско лето 2023“ https://arhiva.vistina.com.mk/operska-diva-andhela-georgiu-go-otvora-63-izdanie-na-ohridsko-leto-2023/ Wed, 12 Jul 2023 12:53:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310018

Оперската дива Анџела Георгиу, заедно со Оркестарот на Националната опера и балет на Македонија и под диригентската палка на Чипријан Теодорашку од Романија, вечерва, во 21 часот на Античкиот театар во Охрид го отвора годинашното 63. издание на фестивалот „Охридско лето“. Светски познатата сопранка Георгиу е уметница која ги полни најголемите сали низ светот, познатите „Карнеги хол“, „Метрополитен“. Нејзиниот ангелски глас, како што е најавено од организаторот, ќе ја одведе публиката на патување низ светот на класичната музика, преку ариите од најпознатите опери. Георгиу важи за една од најгламурозните оперски ѕвезди на денешницата. Нејзиниот прекрасен глас ја прави сцената блескава секаде каде што настапува по светот. Се вбројува меѓу најдобрите изведувачи во историјата на операта, со исклучителен вокал, техника и длабока драмска и музичка интелигенција. Георгиу која дневниот весник „Њујорк Сан“ ја нарекува „најгламурозната и најталентирана оперска ѕвезда на денешницата“, е родена во малиот град Аджуд во Романија. Уште од најмала возраст било очигледно дека ќе биде оперска пејачка и нејзината судбина била предодредена да биде музиката. Учела во музичката гимназија во Букурешт, а дипломирала на Националниот универзитет за музика во главниот град на Романија во класата на Миа Барбу. Прекрасниот глас, и неверојатна сценска појава и овозможуваат на Анџела Георгиу да се прослави како уникатна интернационална оперска супер ѕвезда. Вљубениците во уметноста ќе имаат можност да уживаат во 34 концерти и седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. На фестивалот ќе настапат повеќе од илјада уметници од над дваесет земји од светот – Србија, Чешка, Италија, Словенија, Полска, Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, Русија и Македонија, вели директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ. Фестивалот за отворен ќе го прогласи е претседателот Стево Пендаровски кој е и покровител на оваа најголема музичко-сценска манифестација во земјава и регионот, а обраќање ќе има и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.]]>

„Танец“ го отвора 61. „Балкански фестивал на народни песни и игри“ во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/tanec-go-otvora-61-balkanski-festival-na-narodni-pesni-i-igri-vo-ohrid/ Wed, 06 Jul 2022 13:03:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257434

Традиционлано, со настап на ансамблот „Танец“ в четврток ќе почне 61. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид во организација на центарот за култура „Григор Прличев”. На сцената на Долни Сарај, до 11 овој месец љубителите на фолклорот ќе има можност да погледнат настапи на ансмбли и културни уметнички друштва од државата, но и од Албанија, Србија, Словачка, Босна и Херцеговина. Најстарата фолклорна манфестација на Балканот, се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, а ќе ја отвори потпретседателот, Горан Мисовски. Во рамките на програмата предвидено е оторање на изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Салвко Упевче.]]>

Со концерт на маестро Симон Трпчески Македонската филхармонија ја отвора новата сезона https://arhiva.vistina.com.mk/so-koncert-na-maestro-simon-trpcheski-makedonskata-filharmonija-ja-otvora-novata-sezona/ Mon, 04 Oct 2021 12:31:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221645

Со концерт на светски познатиот пијанист Симон Трпчески в четврток, во 20 часот се отвора новата сезона на Филхармонија. На програмата се две дела од Франц Лист, а диригент е Габриел Бебешелеа. Концертот е насловен „Данте 700“ . Солистот Трпчевски вели дека е пресреќен што ќе настапи заедно со маестро Бебешелеа и оркестарот на Филхармонија.
Овој концерт се реализира на покана на Габриел со кој досега сме имале повеќе заеднички настапи во различни делови на светот, но ова ни е прв во Македонија. Станува збор за голем професионалец, музичар, кој ќе понуди многу свежина во програмскиот концепт на Филхармонија. Програмата на концертот „Данте“ е целосно изградена на опусот на Лист, неговиот Концерт бр. 2 е исклучителен како и целокупниот негов опус, има многу иновации во формата и во начинот на кој го претставува пијаното – изјави Трпчески на денешната прес-конфрецнија.
За настапот пред домашната публика Трпчески вели:
Секогаш сум давал сè од себе кога сум настапувал на сцените во светот. Чинам дека е природно чувство да се носи еден поголем интензитет на емоција кога се свири дома. Секогаш кога сум свирел дома, радоста била уште поголема.
Бебешелеа, шеф-диригент на Филхармонија вели дека е среќен сум е повторно тука и  што се враќа со исклучителен концерт со кој беше затворена концертната серија која ја започна минатата година, која му е посветена на исклучителниот италијански писател Данте Алигиери и неговата „Божествена комедија“.
Тоа што сум заедно на сцена со мојот долгогодишен пријател Симон Трпчески е исто така важно за мене, досега сме настапувале насекаде низ светот, но ова ни е прв заеднички настап во Македонија. Моите концерти оваа сезона во Филхармонија се на некаков начин врзани со времето, како тоа се отсликува на позитивен и на негативен начин. Таков ќе биде и проектот насловен „Време“ со кој ќе ја затвориме оваа концертна сезона, вели маестро Бебешелеа.
Тина Иванова, в.д директорка на Филхармонија информираше дека со новото мото е „Филхармонија во движење“ кое алудира на фактот дека во екот на најголемата пандемија Филхармонија  не ги затвори портите за својата публика, туку продолжи да се „движи“ и да ја реализира својата програма. Иванова рече дека во новата концертна сезона ќе настапат исклучителни солисти како Тимоти Рајдаут (виола, Англија), Јеил Еум Сон (пијано, Ј.Кореја), Марија Солозлобова (виолина, Русија), Андреи Коробејников (пијано, Русија), Елишија Силверштајн (виолина, САД), Сајака Соџи (виолина Јапонија), кваретот „Баланеску“… Со оркестарот ќе диригираат Паскал Галоа, Емил Табаков, Конрад ван Алфен, Урош Лајовиц, Михал Нестерович и др. Освен солистите кои доаѓаат од различни краишта на светот, ќе настапат и домашни уметници – Анна Кондратенко, Ева Богоевска, Маја Чаначевиќ, Паскал Краповски. На програмата, освен „железните“ класици на симфонизмот се и дела од модерни и современи автори кои за првпат ќе прозвучат кај нас – како антологиското дело „Музика за 18 музичари“ од американскиот композитор Стив Рајх кое премиерно ќе биде изведено на 14 октомври.]]>