отстранување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 Apr 2023 11:48:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png отстранување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Без оштетувања: Најдобар начин за отстранување на гел-лакот дома https://arhiva.vistina.com.mk/bez-oshtetuvana-najdobar-nachin-za-otstranuvane-na-gel-lakot-doma/ Thu, 27 Apr 2023 13:00:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299757

Следете ги овие чекори и по само неколку минути, гелот ќе се отстрани, а ноктите и понатаму ќе бидат здрави. Иако лупењето на тврдоглавиот гел звучи како добра опција за почеток, ова може да ги оштети вашите нокти. Кога го отстранувате гелот на овој начин, заедно со гелот го отстранувате и површинскиот слој на ноктите, што ги прави кршливи и слаби. Ова дополнително доведува до појава на бели дамки и нерамномерност во текстурата на ноктите. Земете турпија за успешно отстранување на првиот заштитен слој што е над гелот. Откако ќе го отстраните, подготвени сте за понатамошно отстранување. За да го омекнете гелот, користете ацетон – можете да користите и отстранувач на лак со ацетон, но процесот ќе трае подолго. Натопете памучна вата или памучни тупфери и ставете ги на секој нокт, а потоа завиткајте ги во алуминиумска фолија (заедно со ноктот). На овој начин, ноктот ќе впие доволно ацетон, а по 15 минути гелот треба целосно да омекне. Ако ви се брза, обидете се да најдете во аптека средство за отстранување на гел (или траен лак), кој содржи и ацетон и балсам за нокти, кои ќе го отстранат гелот и истовремено ќе ги нахранат ноктите. Откако ќе ја извадите фолијата од ноктите, земете го дрвеното стапче што се користи за кутикулите на ноктите и нежно излупете го гелот. Ако имате проблеми и гелот не се отстранува, држете го памукот уште најмалку 5 минути и обидете се повторно. Вашите нокти и кутикулите ќе изгледаат суво по отстранувањето на гелот – измијте ги рацете по овој процес и нанесете хидратантно масло на ноктите и кутикулите. На овој начин ќе ги рехидрирате ноктите по употребата на ацетон и ќе ги зацврстите. Отстранувањето на гел маникирот може да биде грубо за вашите нокти, но ако го направите правилно, тие ќе останат здрави и силни, како и подготвени за следниот маникир. фото:Shutterstock извор:попара.мк]]>

Како да се ослободите од првутот на природен начин? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-se-oslobodite-od-prvutot-na-priroden-nachin/ Thu, 21 Nov 2019 15:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119816

Кога се борите против нешто толку досадно и упорно како првутот, потребно е да ги искористите сите оружја кои ви стојат на располагање. Некои од нив се кријат во вашата кујна, па нема причина зошто да не ги употребите.
  • Оцет.Наполнете една чаша со еднакви количества оцет и вода и потурете го скалпот. Можете и да искористите распрскувач за рамномерно да ја нанесете течноста на скалпот. Завиткајте ја косата во крпа и по половина час измијте ја. Препорачливо е да користите јаболков оцет. Правете го ова 2 пати неделно.
  • Сок од лимон.Сокот од лимон може да ви помогне да ги отстраните досадните бели лушпи и да ѝ дадете на косата прекрасен сјај. Едноставно исцедете еден лимон во половина бокал вода и со него потурете ја косата во текот на последното измивање додека се туширате. Користете сок од лимот 2-3 пати неделно.
  • Сок од јаболко.Измешајте 2 лажици свежо исцеден сок од јаболко со 2 лажици топла вода. Со помош на памучен тампон нанесете го тоникот на целата глава и оставете го да делува 20 минути. Измијте со млака вода. Негувајте го скалпот со сок од јаболко барем еднаш неделно.
  • Маслиново масло.Затоплете мала количина маслиново масло. Со него премачкајте го скалпот (добро е и да го нанесете низ целата коса) и масирајте. Завиткајте ја косата во фолија, оставете го маслото да делува 15-30 минути, а потоа измијте ја косата со шампон.
  • Маслиново и бадемово масло.Измешајте еднакви количества маслиново масло и бадемово масло. Нанесете ја смесата на косата и оставете ја додека не почувствувате топлина на скалпот (15-20 минути). Потоа, измијте ја косата со шампон.
  • Маслиново масло и рузмарин.Во тегла ставете една чаша маслиново масло и додајте една лажица рузмарин. Затворете ја теглата и оставете ја два дена на светло место, за да може до неа да допираат сончевите зраци. Исцедете го маслото за да го отстраните рузмаринот. Еднаш неделно со маслото премачкајте го скалпот и нанесете на косата. Завиткајте ја косата со крпа потопена во топла вода и оставете ја да стои половина час. На крајот, измијте ја косата со шампон и млака вода.
  • Сода бикарбона.По миењето на косата, земете во дланката малку сода бикарбона и нежно втријте ја во корените на косата. Оставете да дејствува 2 минути и исплакнете ја косата со млака вода. Правете го ова 2 пати неделно.
  • Масло од чајно дрво.Капнете 2-3 капки масло од чајно дрво во шампонот што нормално го користите за миење на косата. Откако ќе го нанесете на главата, масирајте нежно и оставете го да дејствува 5 минути. Потоа, измијте со млака вода.
]]>