отруја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 07 Dec 2018 09:41:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png отруја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ЈП Македонски шуми во „партнерство со природата“… го отруја Скопје! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jp-makedonski-shumi-vo-partnerstvo-so-prirodata-go-otruja-skopje-foto/ Fri, 07 Dec 2018 09:37:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61882

Загадувањето во градовите низ Македонија, особено во Скопје  станува вечна тема... бесконечна! Еден ден 5- -10% подобрување зашто дувнало ветре - развигорче, другиот ден 500% гушење... ни ураган не ни помага! Ресорниот министер и скопскиот градоначалник упорно пробуваат да измислат „топла вода“, нагаѓајќи кој е виновен а кој не, кој е помал, а кој поголем загадувач, „возејќи не“ со лепенка решенија од типот: кој да вози, кој да не вози!?
При тоа, никако да фрлат поглед што им се случува во сопствениот двор, на сопствениот „паркинг“?! А таму парадокс - парекселанс! Тие што треба да бидат симбол за чист воздух и здрава животна средина, што управуваат со „белите дробови“ на градот и околината, истиот го отруја! Во партнерство со истата таа таа природа, како што им гласи и слоганот! ЈП „Македонски шуми“ денес, 7-ми декември, наутро, околу 9 часот...
Сместени во кругот на МЗТ,  од нивните оџаци излегуваат тешки црнила.
Кој знае на што ли се греат, што ли горат...? Зашто вака чади само чад од гума, пластика, каучок...?
Па, ако дрвото им е гратис, барем изборот може да им биде умен и со усул. Или навистина горат дрво, ама дрво полно со смола! Ела, смрека, бор..., што ли?
Ало директоре, па не отрувте бре и тоа точно „во партнерство со природата“! Кога одите на работа, ако ви се таму канцелариите, кренете малку глава нагоре за да видите што и правите на природата... На истата таа, на која  и се декларирате за нејзин партнер... А на партнерот „мајчето му го плачете“... Нему и на сите нас!
А кога ќе им ја види човек насловната страница од официјалниот веб сајт, ставиле фотографии, чиниш среде ливада или шума се лоцирани, среде некој национален парк се наоѓаат... Ама фотографиите од реалноста и реалната штета што ја предизвикуваат, па уште и лошиот пример што го даваат се она што „шумарите од јавното“ всушност се: уништувачи на истата таа природа, за која декларативно се залагаат! Срамота и греота... Та оџакот што испушта црнила бил или не бил нивен, сеедно... Над главата им чури!
]]>