отпор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Jun 2022 08:29:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png отпор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И јас „врескам“ Ламбе: „Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност“!  https://arhiva.vistina.com.mk/i-jas-vreskam-lambe-koga-nepravdata-stanuva-zakon-otporot-stanuva-dolznost/ Wed, 08 Jun 2022 08:25:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253405

Веста дека е пронајден и уапсен сторителот кој ја запали влезната врата на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, вчера, вторник, 7. јуни 2022 год. молњевито се прошири низ медиумите и социјалните мрежи. Се разбира шокот беше заради неговото име и презиме, откако се дозна дека починителот е познатиот македонски пејач Ламбе Алабакоски? Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја обзнани веста со таква гордост на својот Фејсбук, небаре  уапсил терорист од светски ранг, ала Осама Бин Ладен или наркобос од калибарот на Пабло Ескобар! Превирањата започнаа, Ламбе разбирливо беше тема на денот во сите медиуми, а социјалните мрежи веднаш по веста зовреа. Колку да се очекуваше мислењата во ваков случај да бидат поделени, зашто логично би било никој да не оправдува решевање на проблемите по пат на починува кривични дела, сепак јавноста спротивно на тоа, застана на страна на правдината и правдата. Или поточно (не)правдата, но не онаа судската, законската, туку онаа човечката, што нам Македонците како судбина ни се провлекува и повторува откога е света и века.   Поддршката за Ламбе Алабакоски не како починител и како причина, туку како последица од бројните неправди што сиве овие години ни се нанесени, прерасна во еден вид „социјален отпор“, а самиот Ламбе во негов, своевиден симбол. Власта затечена од за неа, неочекуваната рекцијата на народот, логично почна „да тера правдина по законска основа“, арно ама по се' изгледа дека никој повеќе во „нивната правдина“ не верува, зашто на сите им е јасно дека е крајно неправедна, непринципиелна и селективна! Гореа живи луѓе во болница, греа во автобус, гореше канцеларијата на Претседателот на државата, гореа Македонски пошти, тепаа луѓе на улица,  газеа живи луѓе на пешачки премин, удираа полицајки од пајакот... и тогаш одговорност немаше. Ама затоа драконски казни за настаните од 27 април - имаше. Да можеа, сите на доживотна робија ќе ги испратеа! И не само тоа, туку преќутното аминување на востановувањето „сомнително фашистичко дувло“ среде акутен проблем од кој ти зависи опстанокот на државата е „самоубиствен“ чин сам по себе, а перчењето на големи ѕвона со експресното расчистување на последиците од сопствената глупост, е глупост на квадрат! Но, сопственото членство можеш да го лажеш, иако и тоа потајно веќе не ти верува, ама сите останати не можеш... Зашто не само што не ти веруваат туку отворено ти (по)кажуваат дека топорењето во сопствената мизерија, е само ново ставање на политичката јамка на сопствениот врат. Зашто следното ќе биде, некој да ти го шутне столчето! Затоа Ламбе и ја добива поддршката во толкава мера... Затоа народот „вреска“: И јас сум Ламбе!  Не заради чинот на палење, кој никој не го оправдува, туку заради чинот на пркос и достоинство, храброст, одважност да се спротистави на неправдата... Впрочем, и самите од власта пред да дојдат на власт, се возеа на главниот слоган: „Нема правда, нема мир“? Или сега „баш ги заболе“, па го заборавиле?  Кога така им чинеше и самите го пресликаа истиот од славниот мексикански револуционер Емилиано Запата: „Ако нема правда за народот, нека нема мир и за владата“ Конечно, ова што им се случува (и допрва ќе им се случува), е само последица на нивното безумно владеење. Зашто... „Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност“!  Е затоа... „И јас врескам“ Ламбе!    ]]>