откажување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Feb 2023 11:46:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png откажување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто не треба да се откажете од љубовта? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-ne-treba-da-se-otkazhete-od-lubovta/ Wed, 08 Feb 2023 13:25:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287994

Авантурата наречена „љубов“ може да биде навистина возбудлива. Но, понекогаш потрагата по партнер може да биде навистина фрустрирачка. Од друга страна, за да имате одлична врска, треба да бидете подготвени да вложите труд. Но, што треба да направите кога ќе посакате да се откажете од љубовта? Прочитајте во продолжение. 1. Љубовта може да ви помогне да научите одредени лекции Неуспешната врска може да биде фрустрирачко, потресно и депресивно искуство. Но, запомнете дека ако сте ставиле крај на вашата врска, не значи дека љубовта е завршена за вас. Наместо да ја гледате вашата неуспешна врска како губење време, направете листа на сите работи што сте ги научиле од таа врска. Ако врската била токсична, можеби сте научиле дека сте посилни отколку што мислите и сте сфатиле што нема да толерирате во вашите идни врски. 2. Сега е време за вас Најдобриот момент за максимално да се посветите на вашите приоритети е додека сте сингл. Сега е време да направите чекори кои ќе ве одведат до кариерата од соништата, да патувате и да се фокусирате на вашиот социјален живот. Се разбира, можете да ги правите овие работи кога сте во врска, но љубовта понекогаш може да биде ограничувачка. 3. Работите што вреди да ги правите не се воопшто лесни Најдобрите работи во животот – работите што ве прават да се чувствувате успешни, горди на себе и мотивирани да бидете уште подобри се секогаш тешки. Истото може да се каже и за потрагата по вистинската сродна душа. За да одлучите да чекате некој што ве исполнува, наместо да започнете врска со првата личност што ќе ја запознаете само затоа што сте осамени, потребна ви е сила. Потребна е храброст и да ставите крај на токсичната врска. Но, еден ден ќе ви биде мило што сте го направиле тоа. Извор: lifehack.org/кафепауза.мк]]>

Колку време е потребно да се откажеме од лошите навики? https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-vreme-e-potrebno-da-se-otkazeme-od-loshite-naviki/ Wed, 25 Dec 2019 13:49:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125940

Секој од нас има циклус на мали ритуали со кои започнува ни денот и се наша мала рутина, од која не сакаме да се откажеме. Додека некои навики се корисни и пожелни, други можеби ќе биде подобро да се отфрлат, што секако е тешко за нас. Да се откажете од лошите навики, кои речиси го сочинуваат нашиот секојдневен живот, е процес што треба да трае долг временски период и бара силна волја и основана мотивација. Многу психолози го испитувале формирањето на човечката навика и откриле дека не постои прецизно време за да се усвои одредена навика. После серија експерименти на Универзитетскиот колеџ во Лондон, утврдено е дека времето за стекнување индивидуални навики варира од 18 до 254 дена, додека просечното време на стекнување навика е 66 дена. Стекнување на секоја навика, добра или лоша, започнува со психолошка причина, односно психолошка јамка која се состои од 3 дела, од кои првиот е оној што му овозможува на мозокот да дејствува, вториот дел е токму тоа однесување, а третиот дел е награда, која во иднина би можела да предизвика поттик за повторено однесување. Откако ќе се формира навиката, многу е тешко да се прекине, бидејќи со тек на време станува несвесен процес и се прави речиси механички. За да се искорени некоја лоша навика, психолозите тврдат дека е неопходно да се воведе нова навика во исто време. Додека се воведува нова навика, старата сè уште постои, но реакцијата на невроните во мозокот на активирањето на старата навика е многу послаб кога паралелно се појавува нова, добра навика. За да може лошата навика успешно да се искорени, неопходно е да бидете мотивирани, да ви одговараат околностите во кои се наоѓате и истовремено да стекнете нова навика.Треба да пронајдете мотивација длабоко во себе за да се откажете од лошите навики и секојдневно да си објаснувате зошто треба да останете доследни на вашата одлука. Лошата навика секогаш заменете ја со добра и бидете многу упорни и трпеливи, затоа што лошата навика ќе опстојува исто колку што е присутна во вашиот живот. извор:попара.мк]]>

За малку да се откаже од музиката: Наташа Беквалац проговори за повлекување од сцената https://arhiva.vistina.com.mk/za-malku-da-se-otkaze-od-muzikata-natasha-bekvalac-progovori-za-povlekuvanje-od-scenata/ Thu, 22 Nov 2018 09:16:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59195

Наташа  Беквалац ги освои срцата на публиката кога се појави во детските емисии. Уште тогаш го покажа својот талент за музика, а таа веќе знаеше со која професија ќе се занимава. На дваесет години постигна голем успех, кога го отпеја хитот „Лажи ме“ на еден детски фестивал. Меѓутоа, таа призна дека во еден момент сакала да ја напушти естрадата.
„Имав такви идеи кога останав бремена со Катја. Сега кога се вратив на сцената сфатив дека ќе умрев доколку не се занимавав со оваа професија. Ќе станав билка“ вели пејачката.]]>

Од што никогаш не смеете да се откажете поради новата врска? https://arhiva.vistina.com.mk/od-shto-nikogash-ne-smeete-da-se-otkazete-poradi-novata-vrska/ Mon, 10 Sep 2018 13:50:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47189

Секоја нова врска носи и нова возбуда на која не можеме да ѝ одолееме, по цена дури и да заборавиме на некои други нешта од нашиот живот.
Сосема е разбирливо периодот кога страста, привлечноста и заљубеноста се најсилни да сакате со партнерот да си посветите најмногу време еден на друг. Но, ова не смее да премине во рутина, бидејќи пред сè, и едниот и другиот имавте живот пред воопшто да се запознаете. Прочитајте кои грешки често се прават кога започнувате нова врска:

Дружењето со пријателите

Иако ви се чини дека е важно да поминувате време еден со друг, тоа всушност не е здраво за врската. Може пребрзо да си здодеете, но и да изгубите важни луѓе во животот.
Вашите пријатели беа тука пред да почне врската и не заборавајте колку се тие значаен дел од животот. Нив не можете да ги замените со ништо и никого.
Планирајте го времето паметно, посветете доволно внимание и на дружењето и запомнете, никогаш, но баш никогаш, приватните информации и детали за пријателите не смеете да ги споделувате со партнерот, колку и да му верувате.

Самостојно носење одлуки

Кога е во прашање врската и заедничките активности, сосема е нормално и одлуките да ги носите заедно. Но, не дозволувајте партнерот да влијае врз тоа што сакате да студирате, каде и што ќе работите и со кого и кога ќе се дружите и така натаму. Некои одлуки во вашиот живот се само ваши и никој не треба да ви се меша во нив. Само на вас е каков стил ќе негувате, колку време ќе поминувате со семејството, кој парфем ќе го користите и во која пицерија ви е повкусна пицата.

Време само за себе

Се сеќавате дека пред да ја започнете врската секогаш имавте време за себе, кога ќе си дозволевте вкусна храна, домашен спа-третман и вечер со вино и некоја добра серија. Разбирливо е да сакате сега да ги гледате тие серии гушнати со партнерот, но разумно е да си дозволите и да бидете сами. За тоа никој не треба да ви замери, напротив, треба да има разбирање и истото да го прави и со себе.]]>