откако замина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 16 Oct 2023 10:18:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png откако замина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската естрада и 16 години подоцна се сеќава на денот кога Тоше замина… во вечноста: „И денес за него спомените и пеат и плачат“! https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-i-16-godini-podotsna-se-sekava-na-denot-koga-toshe-zamina-vo-vechnosta-i-denes-za-nego-spomenite-i-peat-i-plachat/ Mon, 16 Oct 2023 10:18:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322402

Годините минуваат грутката во грлото останува, празнината во градите се уште ја има, сеќавањата не бледеат… , 16 години без нашиот ангел македонската музичка икона, без најголемата музичка ѕвезда што некогаш сме ја имале... 16 години без Тоше. Денот на заминување во вечноста која оддамна ја заслужи, можеби најтажниот ден во поновата историја, Македонија не заборава да го одбележи, да се потсети на големата ѕвезда, на момчето со златно грло, ореол на  хуманоста и големо срце… Тоше – засекогаш! Затоа и кога го нема најприсутен е тогаш. Македонските личности од естрадата  и јавниот живот и 16 години подоцна исто така не го заборавија Тоше. Особено оние кои заедно со него го живееја најзлатниот период од своите и неговите години, неговата кариереа, неговиот млад живот, кој прерано згасна... Вака некои од познатите се потсетија на денот кога нашиот музички ангел физички замина, а сепак остана во сите нас и нашите срца... Засекогаш! Ламбе Алабакоски се потесети на својот идол од младоста. Подоцна колега и пријател чиј автограм како спомен од детството се' уште љубоморно го чува... Од Тоше за Ламбе... Каролина Гочева, со која некогаш на почетокот беа и заедно ексклузивци во иста продукција, со неколку фотографии се потсети на времето на нивната заеднички дует, безвременската балада „Немир“ со која ги освоија срцата на публиката. Македонскиот шоумен Игор Џамбазов сподели парче од медиумското потсетување на естрадниот магазин „Бекстејџ“ на денот кога „судбината беше нечесна“... Кон Тоше, неговите најблиски, сите нас, на кои искрено , онака од душа знаеше да ни каже: „Ве сакам сите... од срцето и од душата“. Тамара Тодевска беше една од оние негови колешки чија кариера растеше и се развиваше паралелно со онаа на Тоше. Затоа и таа не заборави да се потсети на неколку од заедничките моменти на среќа и радост поминати со својот близок пријател. Фотографии за прошетка по времето и спомените зачинети со едно големо срце! Нејзината постара сестра Тијана исто така не пропишти да го одбележи денот кога нашите души се претворија во една голема „соба за тага“... Тага која трае веќе 16 години и скршено срце... засекогаш! Мартин и Стефан од братското дуо „Некст тајм“  му оддадоа почит на денот кога замина, потсетувајќи ја јавноста со зборовите: „Еден и единствен виртуоз и дар од боговите, засекогаш наш Тоше“! Антониа Гиговска, денот кога замина Тоше едвај и го памети, но затоа пак добро памети дека токму улогата во мјузиклот за него и ги отвори естрадните врати на популарноста. Затоа Тоше никогаш не го заборавила, па се потсети на него со песна... Можеби најдрага! Кристина Димитри од многу причини исто така се потсети на македонскиот ангел и денот кога тој физички замина на небото. Овој пат со исечок од ТВ емисија на хрватската РТЛ... Денот кога „тишината ја исполни болка“ најмногу го памети Весна Бејби Петрушевска,  една од неговите најблиски пријателки,  во чија тогашна ТВ емисија „Вртелешка“ за последен пат Тоше се појави во јавноста. Само неколку часа пред да замине на пат, од кој за жал, никогаш не ни се врати, заминувајќи на пат кон вечноста…
Сепак, веројатно најсочувствителните зборови ги споделила новинарката и ТВ водителка Анита Даева, која прилично емотивно ги доловила спомените на македонската музичка икона.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Anita Daeva (@anitadaeva)

Фото: Инстаграм]]>