осврт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Feb 2023 13:47:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png осврт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарио Панковски потврди дека е „пејач за сто години“: „Меѓу сите ѕвезди“ вакви концерти можат да направат само најблесквите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-pankovski-potvrdi-deka-e-pejach-za-sto-godini-megu-site-zvezdi-vakvi-kontserti-mozhat-da-napravat-samo-najbleskvite-foto/ Mon, 20 Feb 2023 09:29:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289522

Најавуваните концерти со кои го одбележи својот јубилеј - 40 години на естрадата, Дарио Панковски викендов ( 17 и 18 февруари. 2023 г.) ги одржа и тоа во голем стил. Преполната сала на за нас, Македонската филхармонија и двата дена, покажа дека единствениот “превид“ на организторот и пејачот можеби бил стравот да се одлучат за поголем простор, како  салата СЦ „Јане Сандански“ или „А1 арената „Борис Трајковски“, кој без сомнение ќе беа доволно полни за еден ваков спектакл. Музички беспрекорно точно, прецизно како часовник, речиси совршено звучеа песните со кои Дарио и придружниот бенд „Миг 21“ како низ музички времеплов не вратија назад во времето. Со рефрените кои не те оставаат да седиш мирно и стиховите кои ја ежат кожата,  публиката два и пол часа патуваше како со временска машина во интервал од четири децинии... Од далечната 1984 и времето на првите песни на Дарио и неговиот тогашен бенд „Бон Тон“, кога сите бевме во заблуда дека „Добрите девојки не го прават тоа“, па се до последниве денови, кога некогашаната „Дупла водка“ од елитните скопски кафулиња во почетокот на 90-ите ја заменивме со боемските кафеани и едно, две... бокалчиња „Ракија“! Најголемата машка македонска ѕвезда и според кошаркарската височина, а секако една од најголемите и според рејтингот и популарноста, не потсети дека од она што ни остана, ни останаа само прашањето на сите нас: „Какви се ова времиња“? На дамите старата добро позната фраза: „Немам што да облечам“, на  кавалерите комплиментот на своите девојки и сопруги дека токму таа е: „Жена за сто години“. Новата постава на дванаесетчлената екипа  (заедно со пејачот) на „Миг 21“, составена од млади ултраталентирани деца и стари проверени мајстори на својот инструментално –вокален занает звучеше како плоча... Тие максимално уиграни и усвирени, песните како симнати од ЦД, а Дарио налик на најголемите не само регионални, туку и светски ѕвезди.  Сигурен во интерпретацијата, енергичен во сценските движења, интересен во најавите за песните, со куса воведна приказна за секоја од нив. За визуелниот впечаток да биде уште посилен кај ионака познатиот по својата стилска елеганција пејач, придонесе промената на сакоа од различни модели, дезени и во разновидни бои кои тој ги менуваше на секои неколку песни. Она што Дарио бесперкорно и го даруваше на својата публика со секоја нова песна, таа безрезервно му го враќаше станата од столчињата, таннцувајќи и забавувајќи се на секој негов рефрен, пеејќи го секој стих. Особено впечатливи беа баладите како: „Која ли си ти“, „Меѓу сите ѕвезди“ или „Зајди јасно сонце“ во кои енергијата ја заменуваа емоциите испреплетени со сеќавањата и спомените на „старите добри времиња“ кои секој од нас ги минал и во себе ги чува како што една „Армија“ ги чува придобивките на животот и слободата. А Дарио како врховен командант на својата „армија“ во публиката, командуваше со неа, диригирајќи со спонтаноста како по ноти... Пеешее тој заедно со неа, пееа тие самите без него, пеевме сите помислувајќи во себе: „Мајко моја роди ме, уште еднаш да ми е“... Животот како за час минува, а она што останува и заради кое вреди да се живее се меѓудругото и  ваквите моменти на радост, среќа, спонтаност, опуштање, духовна катарза, емотивно празнање... И на крајот што уште останува освен.. „Здравје боже“ да сме вака сплотени и единствени и во многу други посуштински работи, иако токму Дарио и неговите два брилијанти концерти ни ја покажаа поентата на животот... Колку малку ни треба за поединечна и колективна среќа. За крај општенародна веселба со... „Дајте една народна“, а по неа  и бис со „Дупла водка“... Овој пат во вокална, акапела верзија само тој и тие... Само Дарио и неговата верна „армија“ во публиката од чии усни заеднички течеше убавина, пресликана во емоција низ песна...! Едноставно Дарио Панковски потврди дека е  „пејач за сто години“.  „Меѓу сите ѕвезди“ вакви концерти можат да направат само најблесквите. И тоа без ничија финансиска помош, зашто „Што е твое ќе си дојде“, иако логично е и очекувано „помошта“ најмногу да дојде од оние на кои меѓудругото тоа им е и законска и морална обврска, кога се во прашање 40 години нечија успешна кариера. За жал, „девојките“ од Министерството за култура и Град Скопје кои од нашите даночни пари живеат, вредностите ниту знаат, ниту умеат да ги препознаат, за да ги помогнат, субвенционираат и стимулираат... И едната и другата - „Ладна како камен“, без  „чувство за осет“ дека... „Добрите девојки не го прават тоа“. Само на крајот, кога политичката кариера ќе заврши и сите грб ќе ти свртат засекогаш, да не биде како што по непишано правило завршуваат нивните начела... Со „Плачела, плачела“...! ]]>

„Макфест 2022“: Годинешното 37-мо издание полека му ги враќа стариот сјај и гламур и што е најважно, му ја врати „душата“ на фестивалот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/godineshnoto-izdanie-poleka-mu-gi-vrakja-stariot-sjaj-i-glamur-i-shto-e-najvazno-mu-ja-vrati-dushata-na-makfest-foto/ Sun, 23 Oct 2022 12:10:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272565

Вчервечер, сабота 22 октомври  во Штип заврши 37-то издание на можеби најреномираниот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест 2022”. Во петокот, 21 октомври 2022 се одржа првата фестивалска вечер, со релативно нови музички имиња, додека пак втората вечер, беше ревијална. На неа, покрај шесте избрани од првата вечер,  настапија мноштво од познатите, популарни и веќе етаблирани македонски музички имиња како и ѕвездениот гостин од регионот. На блескавата фестивалска сцена ги видовме волшебната Тамара Тодевска, урбаните фраери од „Два Бона“,  повратникот Ламбе Алабакоски,  македонско-руската душа Викторија Лоба,  младите Пајак и Лара Иванова во дует, евровизиската претставничка Андреа Коевска, музичкиот супермен Виктор Апостоловски, Александар Тасевски и неговиот „Балкан бенд“, атрактивната „Гранд ѕвезда“ Андријана Петрушовска, ДЈ Боно и ултрасексапилната Кристина Димитри... Mеѓу сите  наши ѕвезди пееше и гостинот од регионот, пејачот на легендарното „Бијело Дугме“, Ален Исламовиќ. Тука беа и младите надежи, Марија Спасовска, Благица Ѕунѕуровска, Мелани Тарчуловска, Мартинијан Кириловски... Секако и авторската екипа од композитори , текстописци и аранжери беше врвна, па за очекување е дел од фестивалските песни од годинешното макфестовско издание да прераснат во хитови, а некои можеби ќе станат и евергрини, зашто авторските имиња како: Роберт Билбилов, Игор Џамбазов, Иле Спасов, Дарко Тасев, Иван Јованов, Лазар Цветковски, Александар Масевски, Владимир Дојчиновски, Елвир Мекиќ, Весна Малинова, Кристијан Габроски… гарантираат и комерцијала и квалитет. А миксот на едното и другото за разлика од последниве неколку години,  овој пат беше за неколку скалила погоре. Одличната организација, за која беа заслужни сите инволвирани страни почнувајќи од главниот организатор - општината Штип и нејзиниот градоначалник м-р Иван Јорданов кои обезбедија околу 100 илјади евра, и тоа 4,5 милиони денари обезбедени од Општина Штип и 1,5 милиони денари од спонзори, преку уметничкиот директор  на „Макфест 2022“ Роберт Саздов и извршните продуценти - композиторот и пејач  Јован Јованов и Александар Арсовски од општина Штип, па се' до сите професионално ангажирани лица и волонтери, направија се' фестивалот да го кренат повторно на нозе. Црвениот тепих, изјавите на познатите пред почетокот на фестивалот, случувањата во бекстејџот, лепезата на познати лица за ТВ водители и презентери на двете фестивалски вечери ( Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Димитар Атанасовски, Миланка Рашиќ, Александра Јовановска, Јана Бурчевска, Борко Ристевски)... Се разбира, како и самото она што се случуваше на фестивалската сцена од која МРТВ и овој пат вршеше директен пренос, направија годинава да видиме, слушнеме и доживееме еден малку поинаков „Макфест“. Подмладен, содржински освежен, модерен и во песните и во изведбите на изведувачите и во пристапот на организацијата, со што „Макфест 2022“ полека го враќа стариот свој сјај и гламур... И што е можеби уште поважно, ваквото издание му ја врати „душата“ на малку подизбледениот  и уморен фестивалски концепт од последниве неколку години. Оваа „нова фестивалска младост“ покажува дека и при крајот на четвртата деценија од своето постоење, „Макфест“ има, може и мора уште многу тоа да донесе, да  даде, да пружи и понуди... Нови хитови, нова фестивалска возбуда, нови деца кои еден ден ќе станат етаблирани музички имиња, нов естетско - уметнички раскош кој и на градот Штип и на Македонија и недостасува, зашто и македонската публика и домашната естарада тоа го заслужува. Останува на медиумите да ги вртат и протежираат и песните и изведувачите, а за градот Штип, општината, градоначалникот, воопшто на организаторот на фестивалот - домашна задача која треба уште утре да седне да ја подготвува: Догодина да видиме и доживееме еден уште поубав, посвеж, помодерен, поблескав и погламурузон „Макфест 2023“. Зашто таков на сите ни е потребен!   Фото: Архива и социјални мрежи      ]]>