оствари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Dec 2021 08:31:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оствари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За Татјана и Новица дојде живот во Австралија: Македонската брачна двојка фолкери жнее долари! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-tatjana-i-novica-dojde-zivot-vo-avstralija-makedonskata-brachna-dvojka-folkeri-znee-dolari-foto/ Mon, 06 Dec 2021 08:21:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230027

Ковид пандемијата сите економски не „отепа“ особено поедини професии како што е онаа - естрадната... Како и насекаде и во Македонија музичарите и естрадните уметници воопшто се жалат дека немаат настапи, недостасуваат тезги, за концерти и да не зборуваме. Се' на се', некако се живурка, ама едвај... Колку да не е без ич, колку да се преживее кризата до подобри времиња на кои светлата точка во тунелот никако да им се види, гледано и од здравствен и од економски аспект. Арно ама, по се' изгледа дека насекаде не е баш така. На другата страна од светот, на јужната хемисфера од земјината топка, на најјужниот континент Австралија, каде меѓу останатите живеат и работат многу Македонци, во ветената земја изгледа одново дојде живот. Особено за малкуте македонски естрадни уметници кои и таму го работат она што го работеле и дома: песна, забава, веселба само сега за сонародниците во дијаспората. Меѓу најпознатите, иако најтазе дојдени во „земјата на кенгурите“, брачната фолк двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски. Откако пред неполни десеттина години пристигнаа во Австралија, бргу се снајдоа и вклопија во тамошнта средина, па покрај останатото, почнаа да го работат она што најдобро го знаат и умеат- да пеат. Бидејќи „добриот глас надалеку се слуша“, Татјана и Новица за кусо време станаа познати и многу барани кај тамошните нашинци кои ги канат да им ја развеселат атмосферата или комплетно направат забавата на разни прослави, празници, слави, свадби, семејни веселби...  И работата на познатата фолк-пејачка брачна двојка и тргна. За Татјана и Новица дојде живот и во Австралија! Било тоа да е празнична прослава, македонска свадба голема или дочек на Нова Година, очигледно ништо не може да мине без Татјана и Новица. Еј ти куме море златен, во небрано ти си фатен, а ти свате не се срами,  давај чичо, давај бре пари... Очигледно со Татјана и Новица забавата е загарантирана, а македонската брачна двојка фолкери жнее долари!
Како во случајов на последната македонска свадба каде Татјана на Новица, сватовите ја крунисаа во  „бакшиш кралица“! Свирете ми свирачи, свирете ми до зори и јас со вас да пеам, долари да жнеам... Свирете ми свирачи, а на главата круна од долари... И споделено видео како доказ дека на македонските фолкери, сонот им се оствари! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/tatjanalazarevska_official]]>