ОстаниДома – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 26 Apr 2020 12:19:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ОстаниДома – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа живееме… Ѕвездите од македонската музичка естрада ја преработија -„Чукни во дрво“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/so-edna-nadez-za-troshka-ljubov-za-malku-srekja-ziveeme-dzvezdite-od-makedonskata-muzichka-estrada-ja-prerabotija-chukni-vo-drvo-video/ Sun, 26 Apr 2020 12:19:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146600

Дека некои песни се безвременски и својот пат, своето место и значење го покажуваат тогаш кога е најпотребно, та било тоа години подоцна, најдобар доказ е „Чукни во дрво“ на легендарниот ВлатКо Стефановски, односно најголемата македонска група на сите времиња, „Леб и сол“. Под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски музички артисти, меѓу кои и самиот  Влатко Стефановски со неговото трио, Калиопи Букле, Тамара Тодевска, оперската дива Весна Гиновска - Илкова, светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени Шаќири, Алкесандар Митевски и Драган Спасов-Дац, Вера од Милошевска - Љубојна, Влатко Лозановски, Пере од Нокаут, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев, ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведба на легендарната „Чукни во дрво“. Покрај авторот на песната Влатко Стефановски, свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и синот на Влатко - Јан Стефановски на тапани. Во организација и продукција на Македонската Радио Телевизија, а со цел поддршка и верба за брзо закрепнување на планетата, секој од учесниците, самостојно од дома, испратија обединета, универзална порака за она што е сепак најважно - здравје, среќа и љубов! Или како што се вели во безвременските стихови на песната: „ Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа, живееме...“! https://www.youtube.com/watch?v=LeKUgUahW8A]]>