останав сам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Apr 2020 12:10:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png останав сам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дамјан Стојаноски случка од својот живот преточи во емотивна фолк балада – „Останав сам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/damjan-stojanoski-sluchkata-od-svojot-zivot-ja-pretochi-vo-emotivna-folk-balada-ostanav-sam-video/ Thu, 23 Apr 2020 12:08:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146266

Најновата песна на наследникот на легендарниот Војо, неговиот син Дамјан Стојаноски, која носи наслов „Останав сам”, веднаш штом се појави наиде на многу позитивни реакции во јавноста. Се работи за еден вид емотивна фолк балада на која како автор на музиката и стиховите се потпишува самиот Дамјан, а аранжманот е на Златко Миладиноски, додека песната е снимена кај Љупчо Соколовски во студиото „Сити саунд“. Доказ дека она што е добро народот самиот веднаш го прифаќа се бројните коментари на социјалните мрежи кои Дамјан ги добива секојдневно, но и коментарите на неговиот Јутјуб канал каде што е објавен спотот. “Ех само колкумина ќе се пронајдат во песната, но само луѓе со чисто и искрено срце можат да го почувствуваат тоа. Браво Легендо” ! “Секоја чест братче, ме наежи.” “Ежењее братче , ја испеа суровата реалност во денешниов свет. Да ми живејш !” Секоја чест... Ако не пее тој на мојата свадба, не се женам” - само некои од коментарите. Во неодамнешното интервју за ИН ТВ, Дамјан откри дека станува збор за емотивна балада во која што се опејува вистинска случка од неговиот личен живот. „Песната се вика 'Останав сам' и некој можеби ќе си рече: Како сам, тука му е семејството, но тоа 'сам' е малку метафорично кажано, бидејќи имав така една емотивна случка во мојот живот и ја направив токму оваа песна, дома седејќи пред пред каминот. И токму затоа во спотот има инсерти каде што го користиме каминот од викендицата на мојот вујко, па би сакал да му се заблагодарам што ни ја отстапи за снимањето“- истакна Дамјан. Вие преслушајте ја ако до сега не сте ја слушнале и погледнете го видеото за новата песна „Останав сам“ на Дамјан Стојаноски: https://www.youtube.com/watch?time_continue=22&v=igSn45KSjdg&feature=emb_logo  ]]>