основоположник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Jun 2023 11:58:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png основоположник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Осумдесет години од смртта на Рацин https://arhiva.vistina.com.mk/osumdeset-godini-od-smrtta-na-ratsin/ Tue, 13 Jun 2023 11:58:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306118

На денешен ден, 13 јуни 1943 година на Лопушник, кичевско, загинал Кочо Рацин еден од основоположниците на македонската современа книжевност. Koчо Рацин или Коста Солев (Велес, 22 декември 1908 – Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски книжевник и социјалистички деец. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза. Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зеде од неговата втора љубов – Невенка Вуиќ. Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен. Творештвото на Кочо Рацин опфаќа неколку области: поезија, проза, историски списи, филозофски списи, литературна критика и есеи. Својот најголем придонес го дава во областа на поезијата, особено со својата стихозбирка „Бели мугри“, објавена во Загреб, во 1939 година. Стихозбирката е испечатена во 4.000 примероци и се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија, постигнувајќи голем успех. Треба да се споменат и двете стихозбирки „Македонски народноослободителни песни“ чиј уредник е Рацин. Првата излегува од печат на денот на неговата смрт, 13 јуни 1943 година, додека втората е објавена набрзо потоа. Секоја година, во недела, околу датумот на неговото загинување, 13 јуни, на планината Лопушник, се одржува планинарски марш во негова чест. Фото: Принтскрин/Библиотека Гоце Дечев  ]]>

На денешен ден почина Драган Ѓаконовски – Шпато, основоположникот на македонската забавна музика https://arhiva.vistina.com.mk/na-deneshen-den-pochina-dragan-gjakonovski-shpato-osnovopoloznikot-na-makedonskata-zabavna-muzika/ Tue, 03 Jan 2023 09:40:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282524

На 3 јануари во 1987 година во Скопје почина Драган Ѓаконовски – Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер. Зачетник и основоположник на македонската забавна музика. Како автор на бројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна и за џез музика на македонската сцена се појавил уште во првите повоени години. Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез композиција наречена “Тема I”, што тој ја создаде во далечната 1947 година. Бил извонредно надарен музички инструменталист кој ги формирал првите оркестри Ритмички секстет, Забавниот ансамбл и Биг-бендот на Радио Скопје. Роден е во Скопје, на 11 март 1931 година.]]>