основно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 May 2021 09:05:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png основно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мила, ако не те бива, молчи, гледај и учи: Три песни од Ѓорѓе Балашевиќ влегуваат во читанките и учебниците за основно образование во Србија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mila-ako-ne-te-biva-gledaj-i-uchi-tri-pesni-od-gjorgje-balashevikj-vleguvaat-vo-chitankite-i-uchebnicite-za-osnovno-obrazovanie-vo-srbija-foto/ Wed, 26 May 2021 08:43:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204083

Додека кај нас во Mакедонија, научната, универзитетската, академската, медиумската... јавност, наставниците и родителите битка бијат со „дигиталните импровизации“ на министерката Мила Царовска и нејзините „трагикомични, погубни и штетни образовни реформи“, во соседна Србија се случува еден сосема поинаков образовен процес. Процес кој знае и умее да ги  препознае, согледа и имплементира вистинските вредности во образованието за најмладите. Имено, три музички дела на еден од најголемите кантавтори и текстописци од областа на поп музиката, неодамна починатиот Ѓорѓе Балашевиќ, ќе завршат во учебниците за основно училиште. Честа на „некои нови клинци“ кои ги учеа и анализираа делата на „Панонскиот морнар“ им припадна  ја добијат неговата „Дрвена песна“ наменети за осмоодделенците, додека за во пониските одделенија се наменети  „Д-мол“ и „Девојката со чардаш нозе“. Проф. Ивана Лучиќ од новосадското основно училиште „Коста Трифковиќ“ вели дека изборот мошне е интересен: „Важен е затоа што е разновиден и токму тоа го одликува нашиот драг Ѓоле Балашевиќ. Така ја имаме „Девојката со чарадаш нозе“, весела, полетна песна, потоа „Д-мол“ - тажна љубовна песна и  за осмоодделенците „Дрвена песна“, која говори за соништата на едно дете“ - вели таа. Професорката смета дека изборот на песни е адекватен: „Тие не се многу лесни за разбирање и не се едноставни, затоа се убава задача за наставниците да ја анализираат песната заедно со учениците, да ги најдат стилските фигури,  скриениот смисол и нивното преносно значење“ - заклучила таа.    ]]>

Овие балкански пејачки имаат слава, популарност, милиони… а, едвај завршиле или немаат ниту основно училиште https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-balkanski-pejachki-imaat-slava-popularnost-milioni-a-ili-edvaj-zavrshile-ili-nemaat-nitu-osnovno-uchilishte/ Sun, 13 Dec 2020 09:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122212

Естрадата со задоволство зборува за тоа колку многу бакшиш на пример, добиле на некоја забава, а кога станува збор за едукацијата и образованието, тие молчат како неми! Повеќето пејачkи го започнале патот на славата многу рано и нивното образование не им било приоритет, така што поединците едвај завршиле и основно училиште. На пример, Северина Којиќ, хрватскаta поп-ѕвезда, уште на млада возраст одлучила музиката да биде нејзин животен избор, па затоа се откажала од средното училиште во Сплит. Ниту Злата Петровиќ, ниту Весна Змијанац не се посветиле на образованието и останале само со завршено основно училиште. „Јас не го продолжив своето школување во младоста, морам да го признаам тоа. Мојот живот доби поинаков правец, затоа му се посветив на пеењето. Денес можам да кажам дека не сум згрешила.  Секој треба да му се посвети на она во што е добар“ -  вели Злата. Александра Пријовиќ стигнала до средно училиште, но тука застанала поради натпреварувањето во музичкото шоу  „Ѕвездите на Гранд“. Прија се обиде да го заврши училиштето вонредно, но нејзината кариера и беше поважна. Ниту Дара - Бубамара не стигнала подалеку од основно образование, бидејќи го баталила средното училиште и и' се посветила на музиката. Фолкерката се пофалила во медиумите дека завршила француски јазик на познатиот универзитет Сорбона, но се покажа дека се работи само за  обичен курс. Од друга страна, некои од пејачките успеаја да дипломираат и покрај кариерата и сите обврски и настапи! Зорица Брунцлик, на пример, дипломирала на Економскиот факултет во Ниш и има високо образование. Наследничката на Весна Змијанац, Николија Јовановиќ, се школуваше во Грција и таму ги завршила студиите за меѓународен бизнис. Пејачката Неда Украден, важи за најобразована ѕвезда на целата естрада. Неда дипломирала на два факултета - правен и филолошки.]]>