оскар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 07:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оскар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот – Оскар https://arhiva.vistina.com.mk/openhajmer-ja-opravda-favoritskata-uloga-na-96-dodeluvane-na-najprestizhnite-filmski-nagradi-vo-svetot-oskar/ Mon, 11 Mar 2024 07:10:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341798

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. Неколкуте германски кандидати за Оскарот годинава останаа со празни раце.

Филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан доби Оскар за најдобар филм. Американската филмска академија, синоќа во Лос Анџелес, ја додели својата најважна награда на биографскиот историски филм за изумителот на атомската бомба. Филмот освои вкупно седум Оскари: самиот Нолан ја доби наградата за најдобар режисер за неговата работа. Продукцијата доби и две актерски награди: Ирецот Килијан Марфи, кој го игра американскиот физичар Роберт Опенхајмер, беше награден како најдобар машки актер. Роберт Дауни Џуниор ја доби наградата за најдобра споредна машка улога – го играше противникот на Опенхајмер и политичар Луис Штраус. Филмот имаше 13 номинации за Оскар, повеќе од која било друга продукција.

Годинешната награда за најдобра главна женска улога ја освои Ема Стоун за нејзината изведба во филмот „Poor Things“. Гротескната комедија доби вкупно четири награди, на пример за дизајн на костими и шминка. Германката Сандра Хилер, која исто така беше номинирана во категоријата за најдобра актерка, остана со празни раце. Награди не добија ниту филмовите на двајцата германски режисери Илкер Чатак („Учителска соба“) и Вим Вендерс („Perfect Days”).
Сепак, победија два филма во кои глумеше Хилер: британската драма за Аушвиц „Зона на интерес“ ја освои наградата во категоријата најдобар меѓународен филм. Во него германската актерка ја игра сопругата на командантот на Аушвиц Рудолф Хес. Филмот „Анатомија на еден случај“ – во кој Хилер игра успешна авторка која е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг – беше награден за најдобро оригинално сценарио. Актерката Да Вајн Џој Рендолф ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во драмата „The Holdovers“. Американката е позната и како музичка актерка. Иако имаше 10 номинации, „ Killers of the Flower Moon” на режисерот Мартин Скорсезе не освои ниту една статуетка, додека хит-филмот „ Барби“ освои само една – за најдобра оригинална песна напишана од Били Ајлиш и нејзиниот брат Финес.
]]>

Во пресрет на 96. доделување на „Оскар“: МОБ за прв пат организира „Оскаровска гала вечер“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-presret-na-96-dodeluvane-na-oskar-mob-za-prv-pat-organizira-oskarovska-gala-vecher/ Sat, 10 Feb 2024 13:31:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337928

Во пресрет на 96. доделување на наградите Оскар, „Mакедонската опера и балет (МОБ)“ ја организира првата Оскаровска гала вечер во среда, на 28.02.2024 со почеток во 20 часот.

Најубавите филмски песни наградени со Оскар ќе ги изведат врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Националниот џез оркестар. Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев.

„Низ ова незаборавно филмско - музичко патешествие ќе ве води долгогодишниот коментатор на оскаровскиот пренос, Миланка Рашиќ.

Дел од учесниците кои ќе настапат на сцената на МОБ се: Наде Талевска, Андријана Јаневска, Маја Гроздановска Панчева, Ана Петановска, Ана Мицковска, Игор Дурловски, Горан Наумовски, Даниел Дан, Христијан Тоневски…

Во манир на најблескавата филмска ноќ, настанот ќе започне на црвениот тепих во 19:30 часот.

„Бидете дел од гламурозната прослава на филмската магија и уживајте во песни кои низ годините станаа големи светски хитови и се дел од историјата на седмата уметност“ порачуваат и ве канат организаторите.

Карлеуша на гласање дојде облечена како за на црвениот тепих на Оскар: Од цената на чантата на русокосата ќе ви се заврти во главата https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-na-glasane-dojde-oblechena-kako-za-na-tsrveniot-tepih-na-oskar-od-tsenata-na-chantata-na-rusokosata-ke-vi-se-zavrti-vo-glavata/ Mon, 18 Dec 2023 12:38:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331496

На парламентарните избори во Србија кои се одржуваа викендов Јелена Карлеуша се појави на гласачко место на Дедиње со многу скапа чанта „Шанел“! Русокосата излезе на избори облечена како за на црвениот тепих на Оскар, а за нејзиниот стајлинг и понатаму се зборува. Музичката поп-фолк дива се појави во црн фустан, а еден детаљ ги привлече сите погледи. Имено, Карлеуша чизмите „Баленсијага“ ги спои со скапа чанта „Шанел“, изработена од најфина, штепувана кожа, чија цена е цели 10.000 евра. Да потсетиме, Јелена Карлеуша последниве денови беше главна тема на медиумските написи по ексклузивното интервју кое го даде на Драган Ј. Вучиќевиќ, во подкастот на Информер.Таа на бројни теми разговараше со главниот уредник на најпродаваниот весник во Србија, а за прв пат со јавноста ги сподели деталите од романсата со Зоран Давидовиќ Ќанда, разводот со Бојан Кариќ и врската со Душко Тошиќ.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Фото: Инстаграм/karleusastar]]>

Зорица Брунцлик одбележа пет децении од нејзината кариера и го доби оскарот на популарноста за „Концерт на годината“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zorica-brunclik-odbeleza-pet-decenii-od-nejzinata-kariera-i-go-dobi-oskarot-na-popularnosta-za-koncert-na-godinata-foto/ Wed, 07 Dec 2022 09:03:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278988

Со настапот на Ташмајдан, Зорица Брунцлик прослави пет децении од својата кариера и постави нови стандарди кога е продукцијата во прашање, а и шест месеци по дружењето со публиката, реакциите не се смируваат, па легендарната пејачка се закити со Оскар - награда за популарност - „Концерт на годината“. Со директен пренос, најпопуларната пејачка ја доби награда за која призна дека многу и значела. Отсекогаш сакав адекватно да и се заблагодарам на публиката за поддршката и љубовта што ми ја даваат и затоа секогаш се трудев моите концерти да бидат посебна атмосфера за нив. Мило ми е што го препознаа, па оваа година го добив ова признание благодарение на нивните гласови во силна конкуренција - изјави Зорица, која не беше единствената од семејството крунисана со награда. Така, виртуозниот инструменталист, прокусент и композитор Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш доби посебно признание за неговиот севкупен придонес во музиката на овие простори. Фото: Принтскрин/Горан Јовановиќ]]>

Беше наместено или вистинско? Вил Смит најпосле проговори за шлаканицата на Оскарите https://arhiva.vistina.com.mk/beshe-namesteno-ili-vistinsko-vil-smit-najposle-progovori-za-shlakanicata-na-oskarite/ Tue, 29 Nov 2022 12:28:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277789

Откако извесно време остана подалеку од очите на јавноста, Вил Смит се појави во „Шоуто на Тревор Ноа“ заради промоција на својата нова историска драма „Еманципација“ (Emancipation). Во емисијата, меѓу другото, тој проговори и за инцидентот на „Оскарите“ кога Вил му удри шлаканица на Крис Рок на сцената. -Тоа беше ужасна ноќ, како што може и да си замислите. Има многу нијанси и сложеност во тоа. Но, на крајот, едноставно се изгубив. И сам минував низ нешто таа вечер. Не дека тоа го оправдува моето однесување… Имаше многу нешта. Тоа беше „мало момче кое го гледа татко сѝ како ја тепа мајка му“… Сѐ тоа прекина во тој миг. Тоа не е она што сакам да бидам!, изјави оскаровецот. Смит се потсети и на една анегдота по „Оскарите“…
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Will Smith (@willsmith)

-Мојот внук има само девет години. Тој е најслаткото мало момче. Дојдовме дома. Тој остана буден до доцна да го види својот вујко Вил. Седиме во мојата кујна, го држам в скут, па држејќи го „Оскаров“ ме прашува: Зошто го удри тој човек, вујко?“, раскажува глумецот. Тој се кае за немилиот настан, но се надева дека тој нема да влијае на успехот на неговиот нов филм. -Целосно ќе разбирам ако некој не е подготвен (да го погледне филмот, б.п.). Апсолутно би го почитувал тоа и нека не биде подготвен. Но, мојата најголема грижа е мојот тим… Луѓето ги завршија најдобрите работи во целата моја кариера и се надевам дека моите постапки нема да ја казнат екипава, нагласи Смит. Прикажувањата на филмот требаше да почнат во мај годинава, но беа одложени поради случката на „Оскарите“. Филмот ќе се појави во американските кина оваа недела, а ќе биде достапен и на стрим-платформта „Епл ТВ плус“ почнувајќи од 9 декември. (МИА)]]>

Хали Бери во магично издание на Оскар: Во шестата деценија пленеше со изгледот и новата фризура (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/hali-beri-vo-magichno-izdanie-na-oskar-vo-shestata-decenija-pleneshe-so-izgledot-i-novata-frizura-foto/ Tue, 27 Apr 2021 09:16:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200628

Холивудската актерка Хали Бери (54) на 93-тото доделување на филмските награди Оскар привлече големо внимание, како со фигурата во фустанот што изгледаше прекрасно, така и со необичната фризура. Хали се одлучила за гламурозен фустан во виолетова нијанса, со лелеава ткаенина, тул и деколте што го одзема здивот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Таа ги истакна своите облини, но, сепак, дури и од нејзиното заносно тело, фризурата привлече поголемо внимание. Хали имаше кратка боб со бебешки шишки, што многумина го карактеризираа како смел избор.
 
Оваа престижна награда Хали ја доби во 2002 година за филмот „Monster Ball“, а на најновото доделување пристигна во друштво на нејзиниот партнер, музичарот Ван Хант.]]>

„Земја на номадите“ е победникот со три статуетки на 93-то издание на Оскар https://arhiva.vistina.com.mk/zemja-na-nomadite-e-pobednikot-so-tri-statuetki-na-93-to-izdanie-na-oskar/ Mon, 26 Apr 2021 08:49:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200441

Франсис Мекдорманд го освои својот трет Оскар на синоќешната церемонија во Лос Анџелес на доделување Оскари, за улогата во филмот „Земја на номадите“ (Nomadland), со што ја потврди својата репутација како една од најдобрите актерки од нејзината генерација. Со тоа им се придружи на Мерил Стрип, Даниела Деј Луис и Џек Николсон, единствените активни актери кои освоиле три Оскари. Пред нив е само покојната Кетрин Хепберн со четири Оскари. Британскиот актер Ентони Хопкинс синоќа го освои својот втор Оскар на церемонијата во Лос Анџелес, за улогата во филмот „Татко“. Тоа е негов втор Оскар по скоро 30 години и четири номинации, откако во 1992 година беше награден со улогата на Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“. Социјалната драма „Земја на номадите“ (Nomadland), за животот во време на рецесија на американскиот запад, е прогласена за најдобар филм на синоќешната церемонија во Лос Анџелес. Кинескињата Клои Жао, за која ова е само трет филм, е втората жена наградена за режија. Кандидати за највисоката награда на Американската филмска академија годинава беа и „The Trial of the Chicago 7“, „Mank“, „Promising Young Woman“, „Minari“, „Judas and the Black Messiah“, „The Father“ и „Sound of Metal“. Soul на комапнијата Пиксар (Pixar) го освои Оскарот за најдобар анимиран филм. Тој е 11-ти Оскар за Пискар во последните 20 години од доделувањето на наградата во таа категорија. Британскиот актер Даниел Калуја го освои Оскарот за најдобра споредна улога, за улогата во филмот „Judas and the Black Messiah“. Актерот, роден во Лондон во семејство на имигранти од Уганда, за улогата на млад активист за Црниот Пантер, Фред Хамптон, кој беше убиен во 1969 година во Чикаго, претходно ги освои Златниот глобус, Наградата на Здружението на актери и британската БАФТА. Други номинирани беа Пол Рејси (Sound of Metal), Лесли Одом Џуниор (Night in Miami) и Саша Барон Коен (Trial of he Chicago 7). Јужнокорејската актерка Јун Ју-јунг е добитничка на Оскар за најдобра споредна улога за улогата во филмот MInari. „ My Octopus Teacher “ од режисерот од Јужна Африка, Крег Фостер е прогласен за најдобар документарец на Американската академија за филмски уметности и науки во Лос Анџелес. За наградата беа номинирани и „Collective“, „Crip Camp“, „The Mole Agent“ и „Time“. Список на главните добитници на 93. Оскари, награда од Американската академија за филмска уметност и наука, што се одржа во Долби театарот и на други локации во Лос Анџелес. – Најдобар филм: „Nomadland“ – Најдобра режија: Клои Жао, „Nomadland“ – Најдобра машка улога: Ентони Хопкинс (Тhe Father) – Најдобра актерка: Франсис Мекдорманд (Nomadland) – Најдобра споредна машка улога: Даниел Калуја – Најдобра споредна женска улога: Ју Јунг-јун – Најдобар странски филм: „Drunk“, Томас Винтерберг, Данска – Најдобар документарен филм: „ Мy Octopus Teacher“]]>

Златен фустан, шампањ, јагоди… Марјана Станојковска во комплетен гламур за Оскари (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/zlaten-fustan-shampanj-jagodi-marjana-stanojkovska-vo-kompleten-glamur-za-oskari-video/ Mon, 26 Apr 2021 07:56:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200383

Изминатата ноќ беше посебна за филмската индустрија и љубоителите на филмот – во Лос Анџелес беа доделени најпрестижните филмски награди во светот. Американската Академија за филмски науки и уметност приреди поинакво издание на Оскаровското шоу, но секако гламурозно и возбудливо. Изминатата година, а и оваа 2021, сите бевме и се уште сме ограничени во многу нешта, но најмалку од седењето дома и гледањето филмови, па затоа овој важен настан за нашата лото девојка Марјана Станојковска, не помина во пижами. Напротив, Марјана како да се телепортираше во Лос Анџелес, или барем сакаше ти енколку часа за време на емитувањето на настанот да има комплетен домашен гламур. Облече златен фустан, го стави омилениот парфем, а пред себе имаше шампањ, јагоди и пуканки за максимално задоволство. Овој момент не пропушти да го овековечи на камера и да им го покаже да своите бројни следбеници.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Инаку,во невообичаена церемонија, филмот „Номадленд“го одбележа овогодишното доделување на наградата Оскар. Филмот триумфираше во категориите за најдобар филм, најдобра режија и најдобра главна актерка. Оскарите оваа година беа одложени, па наместо во февруари церемонијата на доделување на наградите се одржа вчера во Лос Анџелес.]]>

Целата српска јавност застана зад неа откако објави дека била силувана од својот професор по глума, а сега со една фотографија Милена Радуловиќ го навлече сиот гнев и бес на нацијата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/celata-srpska-javnost-zastana-zad-nea-otkako-objavi-deka-bila-siluvana-od-svojot-profesor-po-gluma-a-sega-so-edna-fotografija-milena-radulovikj-go-navleche-siot-gnev-i-bes-na-nacijata-foto/ Thu, 18 Mar 2021 11:44:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194915

Актерката Милена Радуловиќ се најде во фокусот на вниманието на јавноста и медиумите кога реши да направи тежок, но храбар чекор пријавувајќи гопрофесорот по глума Мирослав Мика Алексиќ за силување и сексуално вознемирување. Неколку други млади девојки кои доживеаа слична судбина од споменатиот професор, по неа  се решија на ист таков чекор. Тој чекор  на актерката го поддржа целата српска јавност, за сега истата таа јавност да го истури сиот свој бес и гнев на нејзината последна најава со лавина од навреди. Имено, актерката сподели објава на своите Инстаграм  приказни во која го поддржа пропагандниот филм „Quo Vadis, Aida? и неговата номинација за Оскар. „Кво Вадис, Аида? е филм од БиХ  кој говори за злосторството во Сребреница и е прв долгометражен филм на оваа тема. Филмот според српската јавност е, во најмала рака, исполитизиран и користен заради извртување на историјата, за да покаже дека геноцидот бил извршен од Србите во Сребреница, иако самите Обединетите нации не усвоија резолуција во 2015 година со која ќе му се наметне ова злосторство на српскиот народ. Филмот има за цел директен напад врз српскиот народ и помирување во регионот. Имено, заплетот на филмот се случува во јули 1995 година, а главниот лик е Аида, преведувачка на Обединетите нации (ООН), која се обидува да го спаси своето семејство откако Армијата на Република Српска ќе ја зазеде Сребреница. Да потсетиме, српскиот филм „Дара од Јасеновац“ не беше номиниран за Оскар, иако доби одлични критики.     ]]>

Атиџе блесна на Оскарите благодарение на оваа Македонка која пак таму се дружеше со Антонио Бандерас (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/atidze-blesna-na-oskarite-blagodarenie-na-ovaa-makedonka-koja-pak-tamu-se-druzeshe-so-antonio-banderas-foto/ Fri, 21 Feb 2020 09:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135302

Велат дека секое чудо три дена трае ама кога е во прашање она што го оствари тимот на документарецот „Медена земја“ на Оскарите, особено главната хероина Атиџе, се зборуваше, а сигурно ќе се зборува уште долго. Оскарот не заврши во нивните раце, сигурно ќе бевме сите посреќни да беше така, но и во овој случај ние имаме победници на кои сме горди. За Атиџе се пишуваше многу, се снимаа доста интервјуа, а со возбуда се очекуваше и нејзиниот изглед на црвениот килим во Долби театарот во Лос Анџелес. Како вистинска ѕвезда, Атиџе пред големото случување имаше свој стилист која ја подготви нејзината фризура за појавувањето на црвениот килим, а не случајно за тоа беа избрани две сестри Македонки кои живеат во Америка. Станува збор за сестрите Љупка и Мила Арсовски кои во нивниот салон се погрижија за Атиџе. Дружбата со неа сигурно нема да ја заборават тие, а ниту таа, но секако и вечерта на Оскарите и забавите поврзани со големиот филмски настан каде беа собрани многу од светски познатите актери. Љупка на профилот на Инсатграм од својот салон, објави неколку фотографии заедно со сестра си и Атиџе, неколку од атмосферата, но и таква со славниот Антонио Бандерас. По ваквата објава се редеа коментарите, особено оние дека Љупка и Бандерас изгледааат блескаво. Инаку, Љупка Арсовска пред да замине во Америка работеше како модна дизајнерка, а се претставуваше и на скопската модна недела, нејзината сестра пак, работи како стилист за коса, а со истата професија продолжи и таму во сопствен салон.]]>