оскар 2020 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Jan 2020 14:12:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оскар 2020 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова се номинациите за годинешниот „Оскар“ https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-nominaciite-za-godineshniot-oskar/ Mon, 20 Jan 2020 13:21:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128936

Американската филмска академија ги објави номинациите за престижната награда „Оскар“, чие 92. свечено доделување ќе се случи на 9 февруари. Годинешните доделувања ќе се одржат во театарот „Долби“ во Лос Анџелес и нема да имаат домаќин. „Оскарот“ се доделува во 24 категории. За најдобар филм се номинирани: „Форд против Ферари“, „Ирецот“, „Зајакот Џоџо“, „Мали жени“, „1917“, „Брачна приказна“, „Беше еднаш во Холивуд“ и „Парзит“. Филмот „Џокер“ води во бројот на номинации, дури 11. Филмовите „Беше еднаш во Холивуд“, „1917“ и „Ирецот“ имаат по десет номинации. Во категоријата најдобра режија влегоа Мартин Скорсезе („Ирецот“), Тод Филипс („Џокер“), Сем Мендез („1917“), Квентин Тарантино („Беше еднаш во Холивуд“) Бонг Џун Хо („Паразит“). За најдобра женска улога номинирани се Синтија Ериво („Хариет“), Скарлет Јохансон („Брачна приказна“), Серше Ронан („Мали жени“), Шарлиз Терон („Тие се бомби“) и Рене Зелвегер („Џуди“). За најдобра машка улога номинирани се Антонио Бандерас („Болка и слава“), Леонардо ДиКаприо („Беше еднаш во Холивуд“), Адам Драјвер („Брачна приказна“), Хоакин Феникс („Џокер“) и Џонатан Прајс („Двајца папи“). За најдобра споредна женска улога номинирани се Кејти Бејтс („Ричард Џуел“), Лора Дерн („Брачна приказна“), Скарлет Јохансон („Зајакот Џоџо“), Флоренс Пју („Мали жени“) и Марго Роби („Тие се бомби“). За најдобра споредна машка улога номинирани се Том Хенкс („Убав ден во соседството“), Ентони Хопкинс („Двајца папи“), Ал Пачино („Ирецот“), Џо Пеши („Ирецот“) и Бред Пит („Беше еднаш во Холивуд“). Во категоријата најдобар документарец, покрај „Медена земја“, избрани се уште четири филма: „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Работ на демократијата“ и „За Сама“. Во категоријата најдобар странски филм во изборот влегоа: „Медена земја“, „Корпус кристи“, „Клетници“, „Болка и слава“ и „Паразит“.  ]]>