оро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Feb 2024 10:51:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Татјана Лазаревска славеше роденден: На дамите не им се бројат годините, ама затоа со торта, песна, оро и чочек на тапан им ги слават родендените (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-lazarevska-slaveshe-rodenden-na-damite-ne-im-se-brojat-godinite-ama-zatoa-so-torta-pesna-oro-i-chochek-na-tapan-im-gi-slavat-rodendenite-video/ Tue, 13 Feb 2024 06:51:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338473

Роденден е денот што го чекаме цела година, без оглед на возраста. До душа кога сме деца ли помлади тоа некако госледат повеќе возбуди, но дека тоа не мора да биде така и кога возраста се пишува со поголема бројка, потврди македонската пејачка Татјана Лазаревска, која со својот брачен партнер и колега Новица Василевски и нивните деца, веце целе деценија живеат и работат во далечната Австралија. „Туѓино - јабано, што ми направи“ - ќе речат некои, но за македонската фолкерка и нејзината фамилија далечната Австралија не беше причина денот на нејзиното раѓање да не го прослави онака како што самата си замисли и посака. Сто пати е кажано дека на  дамите не им се бројат годините, ама затоа Татјана покажа дека им ги слават родендените со сите салтанати...! Сепак претходно, фолкерката самата уште рано наутро среде бел ден од градината самата си посака она што секоја роденденка си го посакува. Со порција овошје и запалена жижица, Татјана упати роденденска честитка до себе си и сите останати кои на тој ден  исто така се роденденки, па со рефренот од сопствената роденденска фолк песна „Среќен роденден“ и себе и ним им посака само убавини: „Среќен да е роденден, наздрави за среќа, заедно да славиме, се' до сто и една...“! Прв кој и го честиташе роденденот беше кој друг ако не тој, нејзиниот животен сопстник во сите ситуации и прилики, сопруг и колега, Новица Василевски, со најубавите роденденски зборови: „Среќен роденден на мојата љубов, жена, мајка, кралица“ - споделил покрај заедничката фотографија Новица! Сепак, она вистинското ќе се случи дури во вечерните часови, кога во домот покрај домашните се собра сите гости. Пријатели, соседи, нашинци, Балканци... на софра, торта, песна, оро и чочек на тапан! Или што би рекле, со сите салтанати... Ама ако! Само нека е за арно и весело! Фотои видео: Фејсбук/Novica Vasilevski/австралија, сите салTatjana Lazarevska]]>

Семејно наследство: Наскоро ќе биде објавено заедничкото оро на Ферус, неговиот син Илми и внукот Ферчо! https://arhiva.vistina.com.mk/semejno-nasledstvo-naskoro-ke-bide-objaveno-zaednichkoto-oro-na-ferus-negoviot-sin-ilmi-i-vnukot-fercho/ Fri, 13 Oct 2023 11:00:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322256

Пред неколку месеци како гром од ведро небо беше информацијата дека од овој свет си замина легендарниот виртуоз на саксафон, најдобриот на овие простори – Кралот Ферус Мустафов. Тоа како да не беше доволна трагедија во семејството Мустафов, па по неколку месеци од смртта на Ферус, почина и неговиот син Илми Мустафов. Најмногу овие трагедии го погодија внукот на Ферус, односно синот на Илми, Ферчо Мустафов, кој е нивниот наследник и според многумина, единствениот кој може да го замени кралот на саксафонот. Инаку Ферчо уште пред смртта на Ферус и Илми се пресели во Србија, каде живее и соработува со најголемите тамошни ѕвезди како Цеца и многу други. Младиот музичар пред неколку дена го заврши снимањето на видеоспотот за заедничкото оро кое го создале токму тој, татко му и дедо му Ферус. Како што вели тој, за жал во спотот се појавува само тој, иако планот било и видеото да го снимаат тројцата, но судбината одлучила да биде поинаку... „Пред два дена го завршивме снимањето на видеоспотот за орото кое го работевме заедно со дедо ми и татко ми. Поради ситуацијата што се случи, спотот го снимав сам. Тој ќе биде готов за дваесетина дена од сега, па публиката ќе има прилика да го види и слушне она што го создадовме со дедо ми Ферус и татко ми Илми“ – вели младиот виртуоз Ферчо. Инаку како што напоменавме, Ферчо живее и работи во Белград, каде соработува со најголемите ѕвезди, а полека, но сигурно тој станува еден од најбараните дувачи на овие простори]]>

Свекрвата Цеца го поведе Ужичко оро: Сватовите не знаеја што ги снашло (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/svekrvata-ceca-go-povede-uzichko-oro-svatovite-ne-znaeja-shto-gi-snashlo-video/ Mon, 25 Nov 2019 08:41:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120301

За свадбата на Вељко Ражнатовиќ српските медиуми известуваат по принципот вест во низа. Инфортмациите за свадбата на синот на Цеца се пласираат до најситен детаљ уште откако вчера во раните утрински часови се собраа музичарите пред вилата на пејачката во Дедиње. Свадбената веселба во еден луксузен хотел во Белград беше на ниво, а свекрвата Цеца гордо го поведе Ужичко оро облечена во златен фустан со висок шлиц. Во еден момент на орото се фати и Никола Селаковиќ, советникот на претседателот на Србија. Како Цеца врти Ужичко, погледнете од видеото во продолжение:
]]>

Џељо Дестановски во кохезија со зурлата и кавалот сними видео за неговото ново оро „Малеш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzeljo-destanovski-vo-kohezija-so-zurlata-i-kavalot-snimi-video-za-negovoto-novo-oro-malesh-video/ Mon, 23 Sep 2019 12:21:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108504

Неуморниот македонски музичар Џељо Дестановски сними видеоспот за неговото ново оро „Малеш”. Музиката која го отсликува самиот Џељо и неговиот весел темперамент е работено во студиото “ГМ” на Горан Мирковски, а аранжманот го направи неговиот колега Дарко Илиевски. Тој заедно со Златко Димитријоски се воедно и специјални гости во видеозаписот кој е снимен на сцената на “МОБ” од страна на видеопродукцијата „Арт Студио”. За разиграноста на мелосот низ целата композиција, Џељо Дестановски одбрал да ги вметне двата негови омилени инструменти – зурлата и кавалот.Тие заедно со сите останати звуци од инструментите на неговите пријатели - музичари во целост ја исполнуваат целата ширина на сцената и секако, сите сетила на слушателот. Новото оро “Малеш” на Џељо Дестановски, можете га слушнете и погледнете неговата визуелизација во продолжение: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=ViW7LTvD7bM]]>

Александар Арабаџиев ги претстави звуците на татковината преку „Јанино“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-arabadziev-go-pretstavi-janino-video/ Mon, 14 Jan 2019 13:14:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67410

Македонскиот етно-музичар Александар Арабаџиев (The ethno MC) за божиќните празници нè почeсти со нов видео запис на орото „Јанино“ од неговиот прв албум „Звукот на татковината“.
Видеото е снимано во на повеќе локации во радовишкото с. Брест, во продукција на „Киклоп продакшн“ од Скопје. Со многуте анимации и компјутерски ефекти тој цели да ја доближи традиционалната македонска музика и народните инструменти до младите генерации преку еден модерен приказ.
Александар моментно работи и студира во Виена, Австрија каде ги истражува музичките и културните идентитети на балканските заедници во Виена, но истовремено работи и на ширење на македонската традиционална музика и игра.
Преку курсеви при виенската висока академија VHS, не само македонските иселеници туку и сите австриски граѓани имаат можност да се запознаат со македонската традиционална музичка култура и изучуваат традиционални инструметни ора и песни. https://www.youtube.com/watch?v=TIuD0jv26l0 Извор:РадиоМК

Млади моми и ергени до две ора вијат… Меѓу нив и Андреј (ДНК) на орото се фатил (ФОТО+ ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladi-momi-i-ergeni-do-dve-ora-vijat-megju-niv-i-andrej-dnk-na-oroto-se-fatil-foto-video/ Tue, 24 Apr 2018 07:06:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22815

Македонското дуо ДНК има навистина богата концертна агенда. нема клуб или дискотека во македонија каде немаат настапувано, а во последно време своите настапи ги лоцираат и надвор од земјава, во дијаспората каде што живеат Македонци.
Следната дестинација им е Швајцарија, каде на 19 мај во Берн заедно со Елена Ристевска ќе имаат заеднички концерт во познатата дискотека „Палма“.
За ваков посебен настап, претстојат посебни подготовки... кондициони! Ар ен би дуото добро знае дека пред светот треба да се претставиме во најдобро светло, па покрај вокалните, треба да се покажат и танчерските способности. Играњето и скокањето по сцената бара  вишок  енергија, а тоа пак бара вишок време за вежбање...
Итриот Андереј смисли како да го спои убавото со корисното. Ем да ги испочитува домаќините кај што требаша да оди на гости, ем кондиционо добро да се подготви за да биде фит и во топ форма за „нашите Швајцарци“!
На сред село сајзер  свири, а млади моми и ергени до две ора вијат...Оздол иде батко Андреј, засукал мустаќи, право трга на орото и он да се фати...  А откако се фати, никако не се пушта... Накривил качкет, па везе ли везе, од ситно поситно...
Ем  домаќините ќефлии, ем Андрејчо полн кондиција и знаење... Зашто секоја нова кореографија, може да биде корисна... за кај нашите „Швајцарци“! Ма, само нека е весело! &]]>

„Македонска селска гајда“ е орото – првенче на Петар Ангелевски (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonska-selska-gajda-e-oroto-prvenche-na-petar-angelevski-video/ Tue, 28 Nov 2017 11:55:45 +0000 http://vistina.mk/?p=5024

„Македонска селска гајда“ е насловот на првото оро на младиот гајдаџија Петар Ангелевски. Во демирхисарскиот крај тој неодамна снимаше видео за неговото првенче, во соработка со „ИН продукција“. 22-годишниот музичар, родум од демирхисарското дело Стругово, ја негува гајдата од 14-годишна возраст. Покрај овој традиционален дувачки инструмент, Петар изучува зурла и кларинет. Тој веќе долги години е играорец и член на КУД „Илинден“ – Битола и имал можност да се запознае со повеќе дувачки инструменти, но вели дека од сите нив најмногу ја засакал гајдата. „Јас сум играорец веќе 10 години, но кога ќе те влечи нешто одвнатре не можеш да го одбиеш. Покрај сите дувачки инструменти најмногу ме влечеше гајдата, баш сакав да ја научам и сè уште ја учам“, изјави Ангелевски, кој е студент на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на Катедрата за етнокореологија, отсек за народни инструменти, народно пеење и играње. Младиот гајдаџија откри дека пред извесно време си набавил и зурла, која ја изучува во моментов, а има и кларинет. „Во моментов се учам да свирам на зурлата која ја купив од Љубен Јуртоски од Прилеп, кој е добар мајстор и од кого ја купив и гајдата. Пред неколку месеци зедов и кларинет, па се трудам некако да ги совладам тие дувачки инструменти“, додава Петар. 1IMG_1786 „Орото е мое авторско дело, додека за аранжманот се погрижи познатиот хармоникаш, Златко Миладиноски. Видеото се снимаше на повеќе локации во демирхисарскиот крај.  Се снимаше во село Слоештица кај валајцати, значи тоа е прекрасно место каде што порано се переле веленца, како што ги викаат постарите. Старата куќа која се наоѓа на тоа место ќе се реновира и ќе се отвори како ресторан. Втората локација беше во една стара куќа во селото Сопотница. Таму имав помош од КУД Илинден-Битола, голема благодарност до нив, јас сум член и таму, додека третата локација беше кај манастирот Св. Атанасиј во селото Сопотница“истакна Ангелевски, додавајќи дека очекува орото да биде топло прифатено од гледачите и оние коишто ќе го слушнат.  Како звучи и изгледа неговата „Македонска селска гајда“ можете да слушнете и видите во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=-StNr1BVVoE]]>