орли – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 May 2021 09:02:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png орли – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Евросонг 2021: „Шмркање дрога“ и летање орли во кадар, многу повеќе геј отколку хит парада, Балканот солидно пласиран, Македонија на дното? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/evrosong-2021-shmrkanje-droga-i-letanje-orli-vo-kadar-mnogu-povekje-gej-otkolku-hit-parada-balkanot-solidno-plasiran-makedonija-na-dnoto-foto/ Tue, 25 May 2021 08:49:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203833

Тестот за дрога на пејачот Дамиано Давид на италијанска рок-група „Мансекин“, која победи на Евросонг 2021 е НЕГАТИВЕН , соопштија од  Европската радиодифузна унија - ЕБУ . „Вознемирени сме што неточните шпекулации кои создадоа лажни вести го засенија духот и постигнувањата на изборот и имаа нефер влијание врз групата“.  Не се користела дрога во Зелената соба и го сметаме случајот за затворен. Уште еднаш им честитаме на ‘Мансекин’и им посакуваме огромен успех“ - стои во соопштението на  ЕБУ. Фото: Профимедиа Обвинувањата за дрогирање во зелената соба за време на финалето во саботата се појавија откако на еден кадар од ТВ-преносот гледачите забележаа дека како Давид да шмрка кокаин од под масата, иако дрогата никаде не се гледа. На кадарот се гледа како Давид се наведнува кон масата, а за тоа тој рече дека се наведнал оти еден од членовите на бендот ненамерно скршил чаша крај неговите нозе, покрај кои имало стакла! https://www.youtube.com/watch?v=wRLN34s2l7Y&t=1s Во секој случај и годинешната Евровизија беше на работ на скандал, кој сепак не се случил, или се случил но ЕБУ направи се' за да го „заташка“, иако „допингот“ во музиката колку јавно и да е забранет и „нелегален“, дури и да го имало,  никако не може да влијае на песната и пласманот!? Зашто во уметноста и во музиката не е како во спортот, а креативноста и уметничкиот порив не се прашање на мускули, сила и кондиција!? Како и да е, ова не беше единствената контроверза што можеше да се види во ТВ преносот. На финалната вечер на која Швајцарија заврши на трето место, нивниот евровизиски претставник со еден непримерен и провокативен гест привлече исто така огромно внимание. Претставникот на Швајцарија на годинешниот натпревар за песна на Евровизија, Гјон Тирс освои најмногу гласови од стручното жири со што по завршувањето на гласањето на сите жирија на земјите учеснички беше во значително водство, добивајќи најмногу 12-ки. Така, во еден момент откако и стручното жири на Албанија му даде 12 поени, 22-годишниот претставник на Швајцарија ги поздрави Албанците, на начин со кој најмногу ги навреди Србите, но и дел останатите балкански земји, учеснички на Евросонг, меѓу кои и Македонија. Имено, младиот Швајцарец покажа двоглав орел со рацете, а неговиот потег брзо предизвика реакции на социјалните мрежи. „Скандал на Евровизија“, „Скандалозен потег на младиот Швајцарец“ беа само дел од коментарите за неговиот непримерен гест. Но, очигледно ништо не е случајно, зашто неговото полно име Гјон Мухаремај и тој има албанско потекло. Неговиот татко е од Косово, а неговата мајка е од Албанија. Гјон во конечниот пласман се пласираше на третото место со песната „Tour L’ Univers“. Се на се', годинешниот Евросонг 2021 музички не донесе ништо ново. Одново доминираа старите вредности кои и понатаму се покажа дека се по вкусот на публиката: стариот добар рок ен рол, кој не е мртов, што покажа и изборот на победничката песна на Италија или традиционалната француска шансона отпеана во стилот на легендарната Едит Пјаф, која ја донесе вицешампионот Франција. Останатото во рамките на веќе слушнатите поп и ар ен би ноти на поголем дел од останатите земји учеснички и нивните изведувачи, со по некој етно-фолк мотив кај некои поединци. Генерално, могу повеќе обид за визуелна атракција, сценски перформанс, шокантни костими и однесување, отколку понуда на музички квлалитет. Полека но сигурно, станува евидентно дека ЛГБТ заедницата, вклучувајќи го годинава и нашиот преставник, Евросонг го сфаќа како поле за самопромоција на себе, сопствената определба и своето лоби, па Евровизија од година на година, многу повеќе заличува на геј отколку на хит парада, како што тоа беше некогаш! Секако за пофалба е беспрекорната организација и напорите на домаќинот и ЕБУ во услови на екот на корона пандемијата се' да функционира беспрекорно, а визуелно да направат шоу кое ги помести досегашните граници, благодарение на искуството, умеењето, знаењето, но и рапидно брзиот напредок на технологијата. Од Балканот сите наши соседи освен нас, се пласираа во финалето. И Албанија, Грција, Бугарија, Србија, сите освен ние! И не само тоа, туку имаа и многу забележителни и впечатливи настапи и песни, а Грција (10), Бугарија (11) и Србија (15) се пласираа меѓу првите 15 од вкупно 26 земји во финалето или од севкупно 39 земји учеснички на годинешната Евровизија. Македонија со Васил Гарванлиев во конечниот пласман заврши на поразителното 35-то место!   https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/poznato-e-na-koe-mesto-bila-makedonija-vo-polufinaleto-na-evrovizija/ Очигледно, таму горе на сцената не доволно да се пофалиш чии корени имаш, дали си геј или стрејт, дали си сограѓанин или соселанин со премиерот на твојата држава или личен пријател со неговата сопруга?! Таму треба пред се' добра песна и осмислен настап! Се' друго, како што видовме е апсолутно неважно... Па дури и контрапродуктивно! Фото: Јутјуб/ Фејсбук и Инстаграм принтскрин]]>