оригинална – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Jul 2022 08:01:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оригинална – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александра од ТВ Алфа на оригинален начин и го честиташе роденденот на сестра и Елена од ТВ Телма: „Само јас знам како е да ја имаш најдобрата сестра…“ (ФОТО) (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-od-tv-alfa-na-originalen-nachin-i-go-chestitashe-rodendenot-na-sestra-i-elena-od-tv-telma-samo-jas-znam-kako-e-da-ja-imash-najdobrata-sestra-foto-foto/ Wed, 13 Jul 2022 08:00:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258339

Тие се раритет во македонскиот ТВ етер... Две сестри кои се појавуваат на различни македонски телевизии со национална фреквенција. Обете згодни, стројни, шармантни… на прв поглед слични, а сепак различни. Едната русокоса, другата црнка. Александра Овчарска е дел од екипата која ја работи магазинската програма на ТВ Алфа, а Елена Манојловски пак, е презентерка на временската прогноза на  ТВ Телма.  Иако двете со семејни обврски, Елена оддамна реализирана како сопруга и мајка, Александра однеодамна со веренички прстен на раката, сестрите се и исклучително блиски меѓу себе, па често се заедно и се дружат! Затоа русокосата Александра од ТВ Алфа, реши на посебен, себесвојствен и мошне оригинален начин да и го честита јубилејниот 40-ти роденден на сестра и' Елена од ТВ Телма. Помалата сестра направила избор од најубавите заеднички семејни фотографии од детството, па една по една ги прикачила на јажето за сушење алишта со дрвени штипки, како своевиден времеплов.  Враќајќи се назад во времето, на паташествието низ заедничките спомени, под секоја фотографија Александра напишала неколку реда за она што го чувствува кон својата повозрасна сестра. Навраќајќи се на најзначајните и најубави мигови од нивното детство и заедничко растење, секоја слика носи своја порака, за тоа колку помалата и е благодарна на постарата сестра за се$ што направила за неа, на што се$ ја научила, и покажала, ја израдувала, ја утешила... И го трасирала патот кон неизвесната иднина низ кој самата таа прва се пробивила. Дузина спомени, измешани со грст емоции, бескрајно многу љубов и само една роденденска порака... Оригинална, најубава и најсилна на свет. Но, да тргнеме по ред: „Денеска и е роденден на сестра ми“ - ја започнала својата фото сторија во вид на роденденски пораки и честитки Александра... „Само јас знам како е да ја имаш најдобрата сестра на свет, затоа што те имам тебе“... „Овде за да ме покажеш, си се сокрила ти“... „Не постои поголема поддршка од твоето те сакам“... „Ме научи дека поделеното чоколадо е послатко“... „Ме научи дека љубовта е неисцрпна“... „Ми покажа дека многу работи можам сама“... „секогаш ќе бидеш моето второ „Јас“... Добро, понекогаш и прво...“ „Се родив со веќе најдобар пријател и не морав да го барам“... „Ми покажа дека секоја болка се ублажува со здрав разум и силно срце“... „Ти си мојата згодница сестрица“... „Која ме научи како да ги толкувам туѓите, но и свои грешки“... „Среќен роденден“ - ја завршува својата фото сторија во вид на роденденска честитка до саканата сестра, ТВ водителката. Иако на дамите не им се бројат годините, постарата сестра, презентерката на временската прогноза на ТВ Телма сама ги откри заблагодарувајќи се на честитката. Кога е веќе така, и од нас ... Среќна 40-ка! Или како што самата славеничка порачала: „Немам 40... Имам триес-десет!“]]>

Срце од ајвар: Ноне доби најнеобична роденденска честитка од најсаканата личност! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srce-od-ajvar-none-dobi-najneobichna-rodendenska-chestitka-od-najsakanata-lichnost-foto/ Tue, 28 Sep 2021 06:37:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220784

Роденден е денот што го чекаме цела година... Само што некои го чекаат дома, некои но бекој локал, кафеана, кафетерија, клуб, дискотека, игротека... Зависи од возраста, желбите. замислите и можностите. Но, има некои што роденденот ќе го дочекаат далеку од дома, а сепак опкружеени со најблиските, најмилите, најдрагите личности во мислите... Некогаш ним роденденот на далечина им го честитавме со писма и телеграми, денес за среќа сето тоа оди многу побргу или за миг, преку современите можности на денешната технологија, интернетот и социјалните мрежи. Роденден славиме сите, секако и познатите личности, или барем оние кои некогаш тоа биле... А денес се токму далеку од дома, живеат и работат некаде таму по белиот свет, како што е случајот со некогашната македонска поп ѕвезда, пејачката Нона Неделковска или само Ноне. Токму денес, 28 септември на македонската „џепна венера“ и е роденден. Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, особено не на Ноне, зашто според нејзиниот младешки „бејби фејс“  изглед, ако не и ги знаете и да сакате не можете да и ги изброите. „Најшетаната велешанка“ во моментов повторно не е дома... Крстари преку седум мориња и океани, работејќи веќе со години на прекуокеанските крузери. Но тоа не значи дека роденденот не го слави...Или пак случајно најблиските и пријателите и го заборавиле. Напротив, уште од рано изутрина на нејзиниот Фејсбук почнаа да пристигаат роденденски честитки во вид на бројни пораки... Со најубави „желби рој“, емотикини на љубов, среќа и радост..., со по понекоја фотографија! Нај печатлива, но и науникатни, најкреативна и веројатно најмногу полна со љубов роденденската честитка од мама Мимоза! Цвеќе, бомбони, балони, емотикони, чоколади, пијалак... сето тоа веќе сме го виделе безброј пати во роденденските честитки и е очекувано да се сподели покрај убавите зорови. Но, она што мајка и на Ноне и го „спакува“ како фотографија со роденденска честитка, навистина ретко се гледа. Или поточно - се гледа за прв пат и затоа е ем оригинално, ем уникатно, ем „златно“! Две недели претходно ќерката и го честиташе роденденот на мајката, а сега мама и возврати на себесвојствен начин: Две срценца од тазе подготвено ајварче, со свеќички што горат во нив, два пати по три парченца сирење, едно варено јајце и чаша свежо цеден овошен сок. Сето тоа прекрасно гарнирано со свежи цветчиња и сервирано во чинија на масата како роденденска појадок честитка за својата ќерка. Да се стопиш од среќа, а и прсти да излижеш... Секако во првата прилика кога „форевер јанг“  Нона ќе се врати дома. Роденденот нека и е среќен, најсреќен... честитка и од редакцијата на Вистина.ком.мк! Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska
 ]]>