ориентал бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Apr 2020 12:59:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ориентал бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Ориентал бенд” ти подаруваат нова песна и те канат без да му ја мислиш, да останеш дома – „Кажи да“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/oriental-bend-ti-podaruvaat-nova-pesna-i-te-kanat-bez-da-mu-ja-mislsh-da-ostanesh-doma-kazi-da-video/ Wed, 01 Apr 2020 12:55:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=142750

„Ориентал бенд” во ова лудо време – невреме ни ја подаруваат својата нова песна, насловена „Кажи да”. Уште по првото нејзино слушање ќе почувствувате позитивна енергија која ќе ви го разубави расположението во овие тешки денови на страв, изолација и клаустофобија. Весел брз ритам, грст млади луѓе и таа, пејачката на бендот Лидија Паскова со својот  нескротливи темперамент, кој секогаш делува позитивно врз публиката. „Очекуваме со новите авторски песни уште повеќе да се приближиме кон нашата публика, бидејќи се што сме постигнале како бенд, популарноста, поканите за настапи, успешните забави, сето тоа и го должиме токму на публиката“ – ќе изјави Паскова, која со своите колеги од „Оринтал бенд“ зад себе имаат стотици приватни забави, над 500 свадби, настапи во локали, клубови, дискотеки, учества на фолк фестивали како „Валандово“ и „Роса Фест“… и додава: „Деновие снимивме три нови авторски песни, кои ќе добијат и видео записи за кратко време. Останува да видиме како ќе бидат прифатени од публиката. Искрено се надеваме дека ќе останеме доследни на нашиот стил, дека ќе ја оправдаме довербата која ја уживаме кај народот“ – раскажува Паскова за “Фокус“. Комплетен автор на песната „Кажи да“, како и на повеќето нивни авторски песни е Никола Дафов - Дафе, клавијатуристот на „Ориентал бенд“. Видеото го потпишуваат режисерот Ненад Витанов и „Арт студио” – продукција. Инаку,  за „Ориентал бенд” и нивната свирка се вели дека долги години се закон во Тиквешијата и пошироко, затоа што освен целиот репертоар со кој располагаат, тие сепак во себе ја носат онаа посебна нишка на ритамот на живот, среќа и љубов, кои ги шират со позитивната енергија која зрачи од нив. Затоа „Кажи да“ - ќе седам дома, слушни ја нивната нова песна, погледни го видеото и не губи надеж дека сето ова бргу ќе помине. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=3EE0dNpqnbY&feature=emb_logo]]>

„Ориентал бенд“ снимаа проект со кавери – првиот од нив „(I’ve Had) The Time Of My Life“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/oriental-bend-snimaa-proekt-so-kaveri-prviot-od-niv-i-ve-had-the-time-of-my-life-video/ Thu, 28 Dec 2017 10:07:20 +0000 http://vistina.mk/?p=8084

После речиси две години апстиненција од медиумите, „Ориентал бенд“ се враќаат со нешто ново и навистина оригинално. Бендот претпразнично ги изненади почитувачите на убавата песна, промовирајќи проект кој содржи преработки на македонски евергрини и неколку познати странски хитови. „Целиот проект е снимен во живо. Нашата желба во живо да отпееме и отсвириме неколку убави песни, на театарска сцена со светла, вроди со плод и нескромно ќе кажеме дека испадна одличен производ. Нашето го остваривме. Работевме со многу голема желба и љубов, а сега останува публиката да го препознае тоа“, велат Ориенталци, дадовајќи дека видеата ќе се објавуваат на нивниот канал на Јутјуб.
„За сите преработки, направивме и видеа, а ќе ги објавуваме по едно, секоја недела. Сакаме искрено да се заблагодариме на театарот во Велес, Љупчо Павловски од студио ’Анастасија’ и Кристијан Конески, кој беше задолжен за видео продукцијата“, додаваат тие. Некаде после новогодишните празници конечно излегуваат и две авторски песни на бендот, кој од неодамна има и нов член, гитаристот Ристе, а и за овие песни се планирани и видео записи. Воведот во овој проект е преработката на хитот „(I’ve Had) The Time Of My Life“, оригинално отпеана од Бил Медли и Џенифер Ворнс за филмот „Валкан танц“ (Dirty Dancing, 1987) , која во изведба на „ориентал бенд“ ве очекува во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=aK6yoIOGmG0
]]>