организатор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Jan 2024 12:13:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png организатор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Селма Бајрами земала 8 илјади евра од хрватски организатор, па го блокирала: „И помогнав кога кукаше за пари“ https://arhiva.vistina.com.mk/selma-bajrami-zemala-8-iljadi-evra-od-hrvatski-organizator-pa-go-blokirala-i-pomognav-koga-kukashe-za-pari/ Wed, 24 Jan 2024 12:13:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336070

Пејачката Селма Бајрами со месеци не престанува да ја интригира јавноста, а во ноември минатата година се појави преписка со хрватскиот организатор на концерти Марио Ловриќ. Имено, тој на Селма Бајрами и позајмил 5.000 евра за да сними две песни, а потоа таа побарала уште 3.000 евра за да му го врати долгот на Дејан Абадиќ, тврди Курир.рс „Навистина сум разочаран и згрозен од работите што ги прави Селма. Иако ми вети дека ќе ми ги врати парите, ништо. Сега објави песна, работи, пееше сега во Америка, заработува, но не ми враќа. Селма ме блокираше на телефон и жално е што некој се занимава со такви работи. Јас и помагав кога плачеше за пари, а сега нема ни да одговара, ниту да ги врати парите. Не ми е гајле толку многу. Јас сум успешен маж, но неправдата ме боли и јавно ја прашувам „Селма, кога ќе ми ги вратиш парите?“, изјави Ловриќ за Курир.рс
 
View this post on Instagram
 
A post shared by fp (@selma.bajrami.blog)

Да потсетиме, Селмин Џемо, менаџерот на пејачката Селма Бајрами, претходно изјави дека целата приказна не е вистина. „Таа приказна е неважна. Ако нешто не му е јасно нека ме контактира. Таа едноставно немаше никаква врска со тоа. Му оставив да организира настапи во Хрватска, тој направи еден настап, кој не го почести“, изјави Џемо, менаџерот на Селма Бајрами, за споменатиот медиум. фото:instagram printscreen/ selma.bajrami.blog]]>

Клубот „Брејк а Лег“ од Македонија ќе биде организатор на Светското првенство во хип хоп 2024 година https://arhiva.vistina.com.mk/klubot-brejk-a-leg-od-makedonija-ke-bide-organizator-na-svetskoto-prvenstvo-vo-hip-hop-2024-godina/ Wed, 01 Nov 2023 12:22:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324954

Клубот „Брејк а Лег“ следната година, од 8 до 17 октомври го организира Светското првенство во хип хоп и стрит денс шоу, што ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Основачот на најуспешното студио за хип хоп и модерни танци во Македонија „Брејк а Лег“ Трајче Петковски го потпиша договорот за организирање на светското првенство на прес-конференцијата на Светската танцова организација (ИДО) што се одржа во Полска, во присуство на претседателот на ИДО Д-р Велибор Срдиќ, организаторите Ана Биали и Валдемар Кречко. Петковски истакна дека повеќе од 4500 натпреварувачи, од над 30 земји од 5 континенти ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории.
“Светското првенство е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст за танц. Упатувам голема благодарност до Светската танцова организација која искрено го препозна нашиот долгогодишен труд, но и заложба за развивање на модерните танци во земјава. Горд сум што следната година ќе бидеме организатори на овој важен настан и ветувам дека ќе понудиме одлична програма која ќе го привлече вниманието на љубителите на танцот и на сите граѓани“, рече Петковски.
Во своето 15 годишно постоење, „Брејк а Лег“ има освоено бројни награди на меѓународни натпревари. Во 2016 година, беа светски вице шампион, една година подоцна европски шампион и во периодот од 2010 до 2023, секоја година се финалисти на светското првенство.]]>

Почина Марио Липша, музичар, организатор и еден од првите естрадни работници во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-mario-lipsha-muzichar-organizator-i-eden-od-prvite-estradni-rabotnici-vo-makedonija/ Thu, 26 May 2022 05:37:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252021

Во Скопје на 79-годишна возраст почина Марио Липша, музичар и истакнат естраден работник на повеќе пионерски потфати на македонската сцена. Бреше еден од организаторите на  првите македонски поп-рок фестивали, првиот избор на Мис на Македонија, првиот јавен пречек на Нова Година на градскиот плоштадот во Скопје... Исто така, тој несебично помагаше во сите манифестации кои ги организираше првата естрадна ревија во македонија, ревијата „Екран“. Марио Липша исто така беше еден од првите рокери во Македонија. Како клвијатурист тој заедно со браќата Зоран и Лаки Панчетовиќ свиреше во групата „Вихори“ а потоа и во култната група „Македонија“ во која како вокални солисти настапуваа: Даниела Панчетовиќ, Сашка Петковска, Верица Ристевска, Кирчо Поп Лазаров и Панче Кочовски. Марио Липша беше во брак со Сашка Петковска која за жал, на 32- го­диш­на во­зраст трагично загина во кобната сообраќајна несреќа  на патот Куманово – Свети Николе, на 31-ви август 1983-та го­ди­на. Зад се­бе ги оста­ви со­пру­гот Ма­рио Лип­ша и две­те ќер­ки. Тој долго време беше претседател на „Здружението на естрадните работници на Македонија“ преку кое им организираше настапи речиси на сите македонски музичари и вокални солисти на бившите југословнски простори и посебно во летувалиштата на Јадранскиот брег. Марио Липша беше првиот и еден од најдобрите организатори на модните ревии во не само во Македонија, туку и на модните саеми и манифестации во странство. Познат по својата чесна работа и извонредни организациони способности,  него сите го бараа за промотор на нивните настапи. Голем број на музичари вечено ќе му бидат благодарни затоа што токму преку „Здружението на естрадните работници“  чиј прв човек беше тој, успеа да им обезбеди и заслужни пензии. Веста за заминувањето на Марио Липша на својот Фејсбук профил ја обзнани  некогашниот главен уредник на првата естрадна ревија кај нас, „Екран“, пензионираниот естраден новинар и публицист Тимчо Апостолов.]]>

Уапсена познатата српска старлета: Тијана Ајфон приведена заради организирање проституција со криминална банда! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatata-srpska-starleta-uapsena-so-ushte-tri-devojki-tijana-ajfon-privedena-zaradi-organiziranje-prostitucija-so-kriminalna-banda-foto/ Thu, 28 May 2020 10:16:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151655

Жандармеријата и крим полицијата на Република Српска, во соработка со колегите од Србија и Словенија, спроведоа обемна акција во која беа уапсени 35 лица,  а пронајдени се и големи количини наркотици и оружје. Според „АТВ“, меѓу уапсените е и старлетата Тијана Ајфон, осомничена дека  е исто така и еден од организаторите на овој собир. Тијана Максимовиќ  попозната како Тијана - Ајфон, како и С.П.  Ј.Д. и  С.Г. биле уапсени вчеравечер кај Бијелина, откако илсо чамец, илегално влегле во Република Српска. Според „Објектив“, таа се обидела да ја премине границата нелегално преку реката Дрина во чамец, со уште три девојки, кои наводно ги однела на забава. Сите четири се уапсени во Србија откако се поврзауваат со проституција, пренесува АТВ. Во оваа обемна полициска акција, како што пренесува АТВ, лишени се од слобода припадниците на организирана меѓународна криминална група во која имало лица  од БиХ, како и од Словенија и Србија. Фото: АТВ/ТВ ИН принтскрин]]>

„OFF FЕЅТ“ од 2-6 јуни 2020… ако има услови ќе се одржи, ако не, организаторот има и резервен термин https://arhiva.vistina.com.mk/off-fedzt-od-2-6-juni-2020-ako-ima-uslovi-kje-se-odrzi-ako-ne-organizatorot-ima-i-rezerven-termin/ Mon, 30 Mar 2020 12:38:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=142258

Тимот на OFFest со особено внимание ја следи новонастанатата несакана ситуација со корона вирусот, делејќи ја загриженоста на светската јавност за натамошниот развој на состојбите и сите предизвици со кои се соочуваме во нашите животи. Програмата на фестивалот, којашто заедно со вас ја оценивме како една од највозбудливите досега, ја обелоденивме пред појавата на пандемијата на нашето тло. Истовремено, ја подготвуваме и програмата на октомврискиот џез фестивал. Со солидна доза на умерен оптимизам се надеваме дека 19-то издание на OFFest ќе го реализираме во предвидениот период. Но, сакаме да ве информираме дека, доколку тоа биде невозможно, имаме во план алтернативни термини во вториот дел од годината. Во сегашната самоизолација можете да се освежите и да ја сочувате својата ментална и духовна кондиција со многу нешта. Разнобојноста на нашата веб-страница (www.offest.com.mk) ви нуди богати содржини: фотографии, биографии, видео-спотови, линкови и, се разбира, прекрасна музика. Танцувајте дома! Светот е убав. Oд исклучително значење во овие тешки времиња е да го сочуваме здравјето. Оптимизмот. Љубовта. Да мислиме на иднината. Само со максимална дисциплина и почитување на сите строги мерки и препораки ќе им се вратиме на убавините, овојпат посилни.  ]]>