оргаѕам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Jul 2020 10:53:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оргаѕам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Секс совети за жени: Како да го продолжите вашиот оргазам? https://arhiva.vistina.com.mk/seks-soveti-za-zeni-kako-da-go-prodolzite-vashiot-orgazam/ Mon, 06 Jul 2020 13:15:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157292

Жените треба да доживуваат најмалку три оргазми неделно за подобро расположение, а експерти откриваат совети како оргазмот да им трае уште најмалку 20 секунди подолго. Кога станува збор за физиологијата на оргазмот, жените се во предност, бидејќи нивните оргазми траат подолго отколку оргазмот кај мажите (околу 3 секунди), а со доволно труд може да постигнат и неколку оргазми со ред. „Кога жената е сексуално задоволена се чувствува фантастично и своето добро расположение го пренесува на другите“, вели д-р Адреа Пенингтон. Таа смета дека жените треба да доживуваат најмалку три оргазми неделно, што има многу позитивни придобивки, од здравствени до психички. „Но, покрај физичката предност на можноста да се постигнат повеќекратни оргазми, негативната страна е фактот дека на секои три машки оргазми се случува еден женски и тоа мора да се промени“, смета д-р Пенингтон. При сексуално возбудување доаѓа до зголемен проток на крв кон гениталиите. Огромен број нервни завршетоци во пелвисот, задникот и бедрата се затегнуваат, а кога ќе ја достигнете кулминацијата телото ја ослободува напнатоста во низа благопријатни бранови во интервали од 0,8 секунди. Големите оргазми може да се состојат од 10 до 15 бранови, а помалите од 3 до 5. Во меѓувреме, вашиот мозок целосно се фокусира на на сетилата во изменета состојба на свеста. Ниту една друга природна стимулација не е способна да го создаде ова ниво на интензивна концентрација – во текот на оргазмот губиме свест за звуците и мирисите околу нас. Просечниот оргазам трае од 6 до 30 секунди. Ако сметате дека вашите оргазми се „кратки и слатки“, експертите откриваат неколку трикови како да го продолжите оргазмот. Една од техниките е т.н. edging техника, односно доаѓање до работ на оргазмот и повлекување, па повторно продолжување на стимулацијата. Со повторување на оваа техника два-три пати се создава посилен и подолг оргазам кај 65% од жените. Друг метод е оној со одвлекување на вниманието, односно создавање на некаква „пречка“ кога се доближувате до оргазам, како тапкање со прстите на внатрешната страна на бедрото. Ако го повторите ова неколку пати, оргазмот ќе биде значително подолг. „Истражувањата покажуваат дека една од 20 жени никогаш не доживеала оргазам. Има жени кои не знаат како да доживеат оргазам, сами или со партнер. Околу 80% од случаите на неможност да се постигне оргазам се поврзани со психолошки проблеми, загриженост во врска со физичкиот изглед, претходни искуства или религиозни и културни предрасуди и ограничувања“, објаснува д-р Пенингтон. извор: Кајгана]]>