оревокршачка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Jan 2024 12:52:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png оревокршачка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Балетската претстава „Оревокршачка“ во вторник и среда на сцената на МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/baletskata-pretstava-orevokrshachka-vo-vtornik-i-sreda-na-stsenata-na-mob/ Tue, 30 Jan 2024 12:52:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336821

Вонвременската балетска претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски вечерва и утревечер од 20 часот ќе биде изведена на сцената на Македонската опера и балет. Кореограф е Василиј Иванович Ваинонен од Русија, адаптацијата е на неговиот сонародник Михаил Крапивин, додека сценограф е Анатолиј Нежњи. Костимограф е Љупка Ристовска. Репетитори се: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Билјана Пашариковска, Дафина Данилоска-Кочевска, Маја Митровска-Богојевска. Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска-Шокаровска (Клара) и Франциско Хименес Руиз од Шпанија (Принц). Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл при Националната опера и балет и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.]]>

Три изведби на омилената божиќна балетска бајка „Оревокршачка“ https://arhiva.vistina.com.mk/tri-izvedbi-na-omilenata-bozikjna-baletska-bajka-orevokrshachka/ Mon, 20 Dec 2021 06:47:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231917

По повод новогодишните празници, MOБ  и оваа година на големата сцена ќе ја изведе омилената божиќна балетска бајка „Оревокршачка“, а поради големиот интерес, најавени се три изведби на 24, 25 и 28 декември со почеток во 20.00 часот. За првпат балетот „Оревокршачка“ бил поставен на сцената на Националната опера и балет (тогашна МНТ) на 2 декември 2001 година, од тогаш до денес редовно се изведува на нашата сцена за време на новогодишно-божиќните празници. Оваа година е јубилејна, 20 години од првата изведба на балетот „Оревокршачка“ пред македонската публика. Со величествената музика на Чајковски, по кореографија на Василиј Иванович Ваинонен од Русија, пренесена од: Михаил Крапивин (Русија), сценограф  е неговиот сонародник Анатолиј Нежњи, а костимограф е Љупка Ристовска. Балетот „Оревокршачка” е волшебна, новогодишно-божиќна бајка, мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред Нова година, секоја година! Во главните улоги  настапуваат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Бобан Ковачевски, Ела Канер (Турција) во претставата на 24 декември. Ивана Коцевска, Балаж Лашеи (Унгарија), Ела Канер (Турција) во претставата на 25 декември. Христина Наќевска, Балаж Лашеи (Унгарија), Ела Канер (Турција) во претставата на 28 декeмври. Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл при Националната опера и балет и ученици од  ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.]]>

„Оревокршачка“ в среда и сабота во МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/orevokrshachka-v-sreda-i-sabota-vo-mob/ Mon, 28 Jan 2019 12:55:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69756

Балетската претстава „Оревокршачка“ оваа недела ќе има две изведби во МОБ и тоа в среда, 30 јануари и сабота, 2 февруари., со почеток во 20 часот. Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски. „Овој балет е ултимативна новогодишно-божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не ѝ е доста од ‘Оревокршачка’ пред и после Нова година, секоја година“, се вели во најавата за претставата. Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1) и Мими Поп Алексова Атанасовска (2.2), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.]]>

„Оревокршачка“ на мраз се презакажува за 4 декември https://arhiva.vistina.com.mk/orevokrshachka-na-mraz-se-prezakazuva-za-4-dekemvri/ Wed, 18 Oct 2017 11:48:40 +0000 http://vistina.mk//?p=269

Балетскиот спектакл „Оревокршачка на мраз, кој беше закажан на 24 ноември 2017 година, поради технички причини се презакажува за 4 декември 2017 година, локација непроменета – Македонска Опера и Балет, со почеток во 20 часот. Важно известување за сите кои веќе имаат набавено билети: Купените билети со датум 24 ноември 2017 година се важечки за претставата на 4 декеври 2017 година и нема никаква потреба од нивна замена за билети со нов датум! Билетите за овој балетски спектакл на мраз – „Оревокршачка“ на мраз, кои се во ограничен број може да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија, билетарницата на МОБ, во „Пола Југотон“, „Југотон“, цвеќарница „Розе“ – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.]]>