општина кисела вода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 28 Jun 2023 12:40:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png општина кисела вода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Роденденски концерт на „Нокаут“ по повод 68 години Општина Кисела Вода https://arhiva.vistina.com.mk/rodendenski-kontsert-na-nokaut-po-povod-68-godini-opshtina-kisela-voda/ Wed, 28 Jun 2023 12:39:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308107

Општина Кисела Вода во четврток ќе го одбележи својот 68 роденден, а по тој повод ќе има низа случувања. Дел од нив ќе бидат со инфраструктурен карактер, како продолжение на бројните проекти, а ќе има и дел посветен на културата, музиката и забавата. „Сакаме да ги повикаме сите граѓани, од Кисела Вода, но и сите оние од другите општини и градови, кои сакат да поминат убава вечер и да бидат дел од манифестацијата „68 години Кисела Вода-бескрајна приказна која станува сè подобра“, информираат од општината. После хуманитарната „Kоријада“ во паркот Шопен, сите пред салата Расадник. Од 18 часот ќе има “Битка на бендови”, а од 21 часот, во вечерната програма, најпрво атмосферата ја загрева DJ Mats, за веднаш по него, од 22 часот, голем концерт да одржи групата „Нокаут“.]]>

Богата програма за сечиј вкус: Вечерва започнува Културно лето 2022 во општина Кисела Вода https://arhiva.vistina.com.mk/bogata-programa-za-sechij-vkus-vecherva-zapochnuva-kulturno-leto-2022-vo-opshtina-kisela-voda/ Wed, 29 Jun 2022 11:40:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256442

Денеска, 29 јуни, па сè до 02 јули, започнува богатата и забавна програма на Културно лето 2022, кое ќе се оддржи во склоп на неколкудневното одбележување на роденденот на општината, – „67 години Моја Кисела Вода“. На самата четиридневна манифестација ќе настапат голем број на македонски музички ѕвезди, кои ќе бидат задолжени сите посетители да си поминат незаборавно, a влезот за сите настани е бесплатен. Со почеток од 18 часот во Паркот Шопен со Хуманитарна Коријада, официјално ќе започне овогодинешното Културно лето 2022. Традицонално, голем број на пензионери од оваа општина со подготовка на домашни пецива собираат средства, наменети за хуманитарни цели, а за време на целиот настан секако ќе се пеат познати македонски народни песни, коишто ќе ја збогатат роденденската атмосфера. За време на Хуманитарната Коријада, во организација на Црвен Крст Кисела Вода, ќе има и лекарски тим, кој бесплатно ќе мери притисиок и ќе мери шеќер во крв. Вечерва со почеток во 20:10 часот забавата продолжува во Парк Македонија, лоциран непосредно до Домот на Култура „Билјана Беличанец“ (старото кино), каде ќе започне првиот музички настап во склоп на Културно лето 2022, – концерт на чалгиска музика со Филип Шурбевски и Езгија Квартет. Кулминацијата на македонскатата фолк музика ќе се долови со еден од најголемите синоними на македонската народна музика, – Ефто Пупиноски. Првата вечер ќе заврши со познатите хитови на македонската поп ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано. Втората вечер (30.06.2022, четврток) манифестацијата ќе започне во 20 часот, во Парк Македонија, со сет на ДиЏеј Оги, пропратен со концерт на Теа Трајковска. Свој концерт ќе има и познатата група ДНК, која годинава воедно одбележуваат 20 години на музичкaта сцена, со кои ќе заврши втората вечер од Културното лето 2022. Во петок (01.07.2022) во Три Круши со почеток во 20 часот, повторно одговорни за незаборавната забава ќе бидат звуците на нашите познати изведувачи на народната музика. Вечерта ќе ја започнат Културното уметничко друштво Китка, по чиј настап ќе следува концерт на Миле Кузмановски, додека вечерта ќе ја затворат македонските великани на народната музика Наум Петрески, Зуица Лазова, и Владимир Поповски, со бенд. Последниот ден (02.07.2022, сабота) од Културното лето 2022 ќе започне во 11:00 часот со концерт на „Златно славејче“ за најмалите посетители, кои ги очекуваат и неколку слатки изненадувања. По настапот на славејчињата, ќе се вклучи и студио Данса Латина Стефи, професионално студио за танц, кое веќе 8 години успешно работи во општина Кисела Вода. Во ова танцово студио танцуваат деца и млади над 4 години на латино и хип хоп музика, во различни категории и различни возрасни групи, кои зад себе имаат многубројни настапи, фестивали, хуманитарни настани и натпревари, како во државата, така и надвор од неа, како и Европски и Светски првенства. Посветеноста, оригиналноста и љубовта кон танцот на едуцираните инструктори и кореографи, се главниот водич и поттик за успехот на овие млади танчери. Наредната недела дел од хип хоп групите ќе се натпреваруваат и на Европското првенство во хип хоп, коешто ќе се одржи во Скопје. За прв пат во историјата на општината ќе се организира и „Битка на бендови“, која ќе започне во 18 часот, каде победникот ќе освои концерт организиран од страна на општината. По „Битката на бендовите“ ќе настапи Боби Павловски, а целата манифестација ќе заврши со концерт на познатата балканска ѕвезда, Жељко Самарџиќ.  ]]>

Домот на културата во Кисела Вода ќе го носи името на Билјана Беличанец https://arhiva.vistina.com.mk/domot-na-kulturata-vo-kisela-voda-kje-go-nosi-imeto-na-biljana-belichanec/ Wed, 16 Feb 2022 12:01:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239388

На Домот на културата во општина Кисела Вода е поставена нова табла и во иднина тој ќе го носи името на актерката и поранешен градоначалник на општината, Билјана Беличанец. Веста на својот фејсбук профил ја објави актерот Рубенс Муратовски.
Oпштина Кисела Вода, градоначалник, ми го стопливте срцето, напиша Муратовски на Фејсбук.
Билјана Беличанец е македонска театарска, телевизиска и филска глумица. Во својата кариера имаше реализирани бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти. На градоначалничката позиција во општина Кисела Вода беше во периодот од 2013 до 2017 година.
 
Две години по завршување на мандатот, во 2019 година беше пронајдена почината во својот стан. Според информацијата на полицијата, стануваше збор за самоубиство.
 
]]>

Општина Кисела Вода и КК „Ангели“ организираат голем спортски настан https://arhiva.vistina.com.mk/opshtina-kisela-voda-i-kk-angeli-organiziraat-golem-sportski-nastan/ Wed, 21 Aug 2019 12:53:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103296

Општина Кисела Вода во соработка со кошаркарскиот клуб „Ангели“ во рамки на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ организира голем спортски настан на отворено. Првиот 3х3  Fiba endorset турнир „Кисела Вода 2019“, на 30 и 31 август, со почеток во 17 часот ќе се одржи на спортските терени во училишните дворови на ООУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“.
На истиот покрај официјалниот 3х3 турнир на кој што ќе учествуваат најдобрите 16 екипи, кои ќе играат по официјални 3х3 правила, ќе биде организиран и „Баскет турнир“ по стари маалски правила. На 1 септември со почеток во 22:00 часот финалниот натпревар ќе се игра во дворот на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. За најдобрите КК „Ангели“ од Кисела Вода обезбеди награден фонд од преку 100.000 денари.]]>